Post Views: 3
Сe поголем е бројот на граѓани кои биле нападнати или каснати од куче, а има и такви кои фатално завршиле. Ова било причина Ефто Стојаноски-дресер на кучиња од Охрид да изготви Предлог програма за заштита на луѓето од кучешки напади која денес беше презентирана пред охриѓани. Пред две години тој издал и книга на оваа тема, но институциите останале глуви на проблемот кој е се поевидентен. Стојаноски вели дека има начини како да се спречи оваа појава, а при тоа да не бидат загрозени кучињата, а граѓаните да бидат заштитени. Причини за вакво агресивно однесување на кучињата...
Post Views: 3
Ќе се стопира реконструкцијата на Али пашината џамија во Охрид, тврди министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Како што е познато неодамна од граѓанското здружение „Совест“ кажаа дека овој проект се реализира без одобрение за градба.
„Ќе го стопираме проектот за да видиме за да најдеме заедничко решение значи не би дозволиле таму да се гради а самото градење да предизвикува етнички тензии а тоа да биде надвор од законските процедури така што во таа смисла сме јасни“ – вели Алаѓозовски.
Министерот истакна дека тие како ресорно министерство немаат ништо против обновувањето...
Post Views: 1
Утринската роса го локализира пожарот на Галичица, но опасноста сеуште постои, информираат тимовите на Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид, кои од рано утрово патролираат долж граничната линија.
Најголем дел од огнената линија, особено во високите делови од планината, под дејство на ниските утрински температури и росата е веќе изгасната, но сѐ уште има појава на слабо тлеење во пониските делови, над месноста Војтино. Тимовите се на терен и во директна комуникација со Националниот Парк Галичица, од каде се очекува да пристапат и нивни тимови, за...
Post Views: 2
Поради голема финансиска штета на буџетот на Р.Македонија, Министерството за култура поднесе кривична пријава против поранешната директорка на Завод и музеј Охрид. Министерот за култура Роберт Алаѓозоски кој денес беше во посета на охридските институции за култура, открива дека од остварените разговори со раководителите, најгорливо прашање било блокираната сметка на Завод и музеј Охрид, настанато поради непостапување по судски спор во случајот за потпорните ѕидови до музејскиот комплекс Куќата на Робевци меѓу установата и еден од соседите.
„Станува збор за еден обемен...
Post Views: 6
Се поставуваат темелите за трајно решавање на проблемот со управувањето на Дримскиот басен. Со тоа ќе се заштити и Охридското езеро кое истекува преку реката Црн Дрим, а кое поради лошата регулација години наназад е изложено на големи осцилации на водостојот кои се одразуваат врз живиот свет во него. Дримскиот процес кој се води повеќе години наназад и во кој учествуваат пет држави Македонија, Албанија Грција, Косово и Црна Гора веќе ги дава своите први конкретни резултати. Во текот на оваа година се изработени повеќе студии од различни области кои се тесно поврзани...
Post Views: 1
Трговијата на прехрамбени производи, таканаречени трговски ланци, би можела да се соочи со најголемата промена во работењето во последните 100 години. Сé започна во дамнешната 1916 година, во Jafferson street во Мемфис, американската држава Тенеси, кога е отворен Piggy Wiggly, првата трговија со самопослужување. Во тоа време вакво работење било новитет, со оглед на тоа дека порано дуќаните биле конципирани на начин што купувачот својата нарачка ја кажувал на продавачот кој потоа намирницата ја земал од полицата. Новиот модел на тргување стана модел за овој тип на индустрија...
Post Views: 0
Добар дел од охриѓани за Нова година ќе патуваат надвор од својот град, главно во места од соседството и во земјите на поранешна Југославија. Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“, вели дека аранжмани има многу, но сепак изборот се сведува на буџетот што го одвојуваат граѓаните кои сакаат да патуваат до посакуваната дестинација. Маленко открива кои дестинации се сигурно реализирани за дочекот на 2018 година.
„Најпродавани аранжмани со поаѓање од Охрид се Будва, Белград, Атина, Милано, тоа се организирани групни аранжмани и со пристапни цени со почетна цена од 3400 денари па...
Post Views: 7
Униформи, чизми и заштитни шлемови доби Територијалната единица на Противпожарна служба од Охрид. Станува збор за странска донација која е резултат на меѓународната соработка на општинскиот Црвен крст со институции и организации, со Противпожарни единици од Холандија и Англија, вели Сашо Точков претседателот на ОО на „Црвен крст“ Охрид.
„Изразувам благодарност и од името на донаторите со кои што претходно се слушнавме за доделување на оваа донација од Локалната самоуправа од градоначалникот за нивниот сенз и слух за прием на ваква донација и за поттикнување на потенцијалните...
Post Views: 0
Денеска започнува дваесетдневната кампања за претседателските избори закажани за 13 март. Четворицата кандидати за претседателската функција ќе ја бараат довербата на граѓаните.
Во првиот круг силите ќе ги одмерат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, Ѓорѓе Иванов кој ја има поддршката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илијаз Халими зад кој застана ДПА и Зоран Поповски номиниран од партијата „Гром”.
Пендаровски кампањата ја почнува од Скопје, Иванов тргнува од Охрид, Халими ќе се претстави на промотивниот митинг во Чаир, а Поповски стартува од Лептокарија во општина Карпош.
Претседателската...
Post Views: 1
Големата општинска сала на општина Охрид каде што денес требаше да се одржи јавната расправа по однос нацрт буџетот и развојните програми за 2018, остана празна. Присутен беше првиот човек на градот Јован Стојаноски како и раководителите на општинските сектори и одделенија, кои за жал немаа можност да ги презентираат програмите за работа на Локалната самоуправа за 2018.
„Како одговорна Локална самоуправа денес ние тоа и го направивме,но како што и сами се уверивте немаше заинтересираност од правни и физички лица кои би учествувале на оваа јавна расправа. Но морам да...
Post Views: 1
ВМРО-ДПМНЕ од Струга ги сефтоса просториите на новиот општински комитет. Оттаму се огласи претседателот на струшкиот огранок, Перо Петкоски. Тој им порача на стружани дека имињата на улиците нема да бидат променети. Одлуката за промена на имињата на струшките улици ги разбранува духовите на последната седница на советот на општина Струга, но Петкоски дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е категорично против било каква промена на имиња на улици, институции, плоштади. Велат законот и статутот на општина Струга се на нивна страна, но доколку таа промена сепак се случи, имаат и резервен...
Post Views: 4
Ефто Стојаноски, познат охридски дресер на кучиња, изработил програма за заштита на луѓето од кучешки напади . Програмата е сработена пред неколку години, а деновиве нападот на кучиња врз луѓето е актуелна тема. За опасностите од напад на кучињата врз луѓе Стојаноски вели дека со години предупредува, а досега надлежните не покажале интерес да го слушнат знаењето на дресерите кои работат со кучиња. За таа цел изготвил многу предлози со кои ќе се заштитат и луѓето и кучињата. Точно напладне, во сабота, во општинската сала, Стојаноски организира јавна расправа. Поканети...