ПСС : Утринската роса го локализира пожарот на Галичица

Утринската роса го локализира пожарот на Галичица, но опасноста сеуште постои, информираат тимовите на Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид, кои од рано утрово патролираат долж граничната линија.

 |   | 

Најголем дел од огнената линија, особено во високите делови од планината, под дејство на ниските утрински температури и росата е веќе изгасната, но сѐ уште има појава на слабо тлеење во пониските делови, над месноста Војтино. Тимовите се на терен и во директна комуникација со Националниот Парк Галичица, од каде се очекува да пристапат и нивни тимови, за целосна ликвидација на пожарот – додаваат од ПСС. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top