ВМРО – ДПМНЕ: Политички реваншизам во образовните институции

Post Views: 1 Социјалдемократскиот сојуз без работа остави над 50-тина стручни и обучени наставници и стручни соработници со решение на неопределено работно време, во образовните институции во Охрид. Тоа се бремени жени, самохрани мајки, млади, луѓе со фамилии, на голем дел од нив тоа им е основен извор на приход, плата од која ја прехрануваат целата фамилија. „Ова ли е еднаквоста и солидарноста? Ова ли е еднаквост за сите и непартизираното општество кое го ветуваа? Ова е класичен политички реваншизам. Единствената задача на довчерашните партиски потрчковци и шарачи на институции...

Continue reading

Не е вистина дека вакцините не спречуваат заразни болести

Post Views: 1 Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Вакцините помагаат да се стават под контрола преку 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други кои без вакцините би биле смртоносни за многу луѓе ширум светот. Податоците...

Continue reading

Нешто повеќе од една милијарда денари тежи буџетот на Општина Охрид за нареднава година

Post Views: 3 1 007 597 123 денари е буџетот на Општина Охрид за 2018та. Ова денес го изгласаа советниците на последната седница за оваа година. Овој буџет е за околу 50 милиони денари помал од ланскиот. Експертите очекуваат дека ваквиот буџет треба околу 90% да биде реализиран и во најголем дел да бидат задоволени потребите на граѓаните. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ која уште пред две недели најави дека ќе го бојкотира советот поради притворањето на пратениците кои се членови на оваа партија денес се појавија на седница, но само за да искажат несогласување со проекцијата на буџетот...

Continue reading

Во Трпејца по четврти пат Уметничка колонија

Post Views: 0 Од денеска до понеделник во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ во Трпејца ќе се одржи четвртото издание на Уметничката колонија која и во време на Ковид -19 ќе го задржи интернационалниот карактер. Инспирани од овој неверојатно убав крај во наредните четири денови сликарските платни ќе ги обојат: Наташа Попоска – Карче,  Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски уметници од Охрид и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.   Традиционално – уметниците ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците...

Continue reading

Бојкот на наставата најавуваат родители на ученици од ОУ Св. Климент Охридски

Post Views: 3 40-тина родители чии деца учат во ОУ Св Климент Охридски се закануваат со бојкот на наставата доколку не се задржат и понатака на работа одделенските учителки Маја Маленко и Лидија Ристеска, како и логопедот и дефектолог Билјана Аслимоска. Трите просветни работнички биле ангажирани во училиштето со договор на дело. Родителите на првачиња и деца со посебни потреби кои учат во ова училиште сакаат и понатаму во образовниот процес да се грижат досегашните учителки. Тие се повикуваат на нивната стручност и професионалност и напоменуваат дека нема да дозволат да се игра со...

Continue reading

„Дедо Димо“, нов етно ресторан

Post Views: 28 Синоќа со традционални песни, зурли, тапани, фолклорни точки и христијански обред на осветување, беше отворен новиот етно ресторан Дедо Димо. Сместен е во срцето на една од најпрекрасните рурални средини во Охрид, селото Куратица. Станува збор за семеен бизнис на Горан Ангелоски, што според него претставува продолжување на традицијата од пред 15 години за развој на руралниот туризам. „Ова е една поголема надоградба која ќе биде пример не само за Охрид, туку и пошироко во Mакедонија како да се развива туризмот и како би можеле нашите села да одат понатаму. Целта е да...

Continue reading

Како и дали Германија го крши договорот од Шенген?

Post Views: 1 Шенгенскиот простор, една од најконкретните придобивки на Европската унија е подрачје каде има слободно движење и каде се укинати контролите на патници, освен во вонредни ситуации. Таканаречениот Шенген опфаќа 26 европски земји, од кои 22 се членки на ЕУ и четири кои не се членки Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Бугарија, Романија, Кипар, Хрватска, Ирска и Велика Британија не го сочинуваат иако се членки на ЕУ. Тој простор се шири од 1985 година по договорот склучен помеѓу неколку европски влади во Шенген – Луксембург. Во тој простор граѓаните на ЕУ, како...

Continue reading

Локални ѕвезди ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 0 Даниел Кајмакоски и Анита Мицова се музичарите кои ќе им посакаат среќна нова година на сите оние кои на 31 декември ќе бидат на градскиот плоштад. Локалната самоуправа иако со тенок буџет сепак организира дочек на отворено на задоволство на охриѓани, но и на гостите кои го избрале Охрид за дестинација каде ќе ги поминат новогодишните празници. Оваа година нема звучни имиња на уметници кои ќе настапат на плоштад за дочекот на новата година иако тоа се очекува од еден туристички центар како што е Охрид. Заради краткиот период и ограничените финансиски средства со кои...

Continue reading

Организиран пред новогодишен базар во основното училиште „Григор Прличев“

Post Views: 1 Предновогодишната атмосфера денес се чувствуваше и во основното училиште „Григор Прличев“. Раздвижени и весели беа учениците од 1 до 5 одделение на традициналниот училишен базар кој се одржува во овој период од годината, а каде ги продаваа своите изработени декорации. Одржувањето на ваков вид базари на кои се продаваат различни изработки од учениците, наставниците и родителите има повеќе придобивки, напоменува Офелија Петреска, директор на основното училиште „Григор Прличев“. Се развиваат креативноста, дружењето и хуманизмот, подвлекува Петреска. „ Парите се наменети...

Continue reading

ucilnica

Се намалува бројот на основците

Post Views: 4 За повеќе од 2 проценти намален бројот на учениците во основните училишта за оваа учебна година, информираат од Државниот завод за статистика. На почетокот на учебната 2013/2014 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесуваше 191 051.Ова претставува намалување за 2.2% во однос на претходната учебна година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2013/2014 година, изнесува 86 418 што претставува намалување за 3.9% во однос на претходната учебна година. {loadposition...

Continue reading

Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство

Post Views: 1 Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство. Претставниците на македонските граѓански здруженија деновиве има можност да ја следат оваа обука во организација на првата детска амбасада во светот Меѓаши. Станува збор за еден поголем регионален проект, мултинационална коалиција за борба против трговија со луѓе и родово базирано насилство, кој се спроведува со неколку партнерски граѓански организации од неколку соседни земји, појаснува Катерина Конеска проектниот координатор. Додава дека посебен акцент бил ставен на заштита на жените и децата, како најранливи жртви. „Ова...

Continue reading

diskriminacija

Струшките невладини организации против геј бракови

Post Views: 1 Невладините организации од Струга се изјаснија против легализирањето на геј браковите, а особено против посвојувањето на деца од родители со исти пол. Едногласно членовите на невладините Езерка, Светлина, Дом за сите, Енхалон, Рурбан Култ од Струга, реагираа и на најавите од одредени невладини организации во земјава за тужба против министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. „Ги почитуваме сите традиционални вредности бидејќи сме против сите стереотипи и предрасуди, но ги почитуваме сите вредности и човекови права. Не се мешаме во определбата на тие луѓе,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top