Post Views: 3
Утрово низ охридските улици одекна гласот на над 400 дечиња, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, најавувајќи го рождеството Христово. Децата пеејќи ја божиќната песна, носеа и божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Во нивни раце беше и специјално украсената пештера на кои е претставено Рождеството Христово. Нивната радост и возбудата беше неизмерна и за нив Бадниковата поворка била посебно доживување кое духовно ги исполнувало.
„Јас сум задоволна што учествував на Бадниковата поворка и чест ми е што...
Post Views: 3
Од Министерството за здравство демантираа дека се размислува вакцината против ковид-19 да стане задолжителна. По завршувањето на седницата, Владата информираше дека е усвоен предложениот План за задолжителна имунизација за 2022 година, а во него не е предвидено вакцината против ковид-19 да се воведе како задолжителна.
Пост на Фејсбук пласира вест дека Владата на седница одржана на 11.01.2022 година на дневен ред ставила точка вакцината против ковид-19 да стане задолжителна во Македонија. Ова не е точно.
На последната седница на Влада, да ставиш точка на дневен ред...
Post Views: 1
Синоќа беше одржана годишната ревија на настани и доделувањето на признанијата на најдобрите приказни во 2017 година во организација на OhridNews. Голем број гости, меѓу кои и бројни јавни личности, градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, претседателката на Советот Живка Ангелоска, деловни партнери и пријатели, присуствуваа на промоцијата на коктелот што се одржа во „Куба Либре“.
Медиумите се одраз на состојбите во општеството. Какво општество, такви медиуми. Новинарското перо одамна е истапено, квалитетот на информациите кои се пласираат во морето вести крајно...
Post Views: 10
Центарот за управување со кризи утринава информира дека сеуште е активен пожарот на Галичица.
Во текот на вчерашниот ден екипи на НП Галичица и Планинската спасителна служба – Охрид (вкупно 15 лица) со прирачен алат вршеле контрола и гасење на пожарот. Пожарот се шири во правец север северо-запад и е на околу 1,5 км одалечен од шумата. Дополнителен проблем претставува тоа што поради високите температури започнал да гори кореновиот систем на опожарената трева под земјата што го отежнува гаснењето, односно на деловите каде пожарот бил изгаснат по извесен период истиот...
Post Views: 5
Години наназад се дискутира дека во главниот туристички центар неопходна е изградба на марина. Моменталното паркиралиште на пловните објекти е каналот Студенчишта, каде се вкотвени пловила кои никогаш и не запловиле во Охридското Езеро. Капетанот на Капетанија на пристаништата на РМ, Горан Устијаноски, има своја визија што треба да се направи за градот конечно да добие современа марина онака како што доликува на Балканскиот Ерусалим.
„Марина треба да има. Треба да се изградат краците на охридското пристаниште, тоа е една од сугестиите и нормално прилагодување на дел...
Post Views: 3
Семејството Арнаудови парично ќе ги наградува охридските студенти по медицина кои покажале врвни резултати по предметот анатомија. Охридскиот студент Виктор Трпчески е првиот добитник на оваа приватна стипендија. Идејата на семејството Арнаудови е да ги поддржи охридските студенти по медицина без разлика на кој универзитет студираат. Михајло Арнаудов кажува од каде потекнува идејата за доделување на стипендијата и се навраќа на споменот на неговиот дедо од далечната 1923 година. Раскажува дека неговиот дедо Благој заминал на студии по медицина на престижниот минхенски...
Post Views: 3
На цената на нафтата моментално не ѝ се предвидува брзо опоравување, напротив, прогнозите велат дека може да потоне до 20 долари за барел.
Аналитичарот на Goldman Sachs, Damien Courvalin, изјави дека пазарот е повеќе снабден од она што се прогнозираше и дека тој вишок на понуда ќе потрае и во следната година, пренесува Bloomberg. Затоа американската централна банка ги намали проекциите за цената на WTI нафтата од претходни 57 долари на 45 долари за барел. Цената на Brent нафтата исто така е намалена од 62 на 49,5 долари за барел. Годинава цената на WTI нафтата се намали...
Post Views: 0
Брутално кршење на законот и носење незаконски одлуки извршувајќи криминал, стана одлика на СДС и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, обвинија на денешната прес конференција од ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиноски рече дека молкот од СДСМ во однос на јавно поставените прашања од ВМРО – ДПМНЕ е само признавање на вината.
„Зошто градоначалникот Јован Стојаноски не презема мерки за ставање вонсила на противзаконските донесени одлуки за управни и надзорни одбори, знаејќи дека по поднесена претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, тој е должен...
Post Views: 2
Развојот на спортот во градов е основен приоритет на директорката на СРЦ „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска. Нејзиниот впечаток е дека последниве години младите се повеќе се присутни на спортските терени. Поради тоа, таа смета дека треба да се овозможат услови за секој спортист да може да го тренира она што го сака.
„Освен фудбалот, ракометот и кошарката имаме мала сала во која што имаме вештачка карпа на која може да се развива алпинизмот и тоа сега во моментов го прават активистите од Црвениот крст, имаме клуб за Теквондо и останатите боречки вештини и најново откако...
Post Views: 4
Легендарната глумица почина пред нејзиниот 90-ти роденден. Бошкова беше театарска, телевизиска и филмска актерка.
Мери Бошкова е родена во Битола на 2 мај 1924 година. Таа ја играла насловната улога во првиот македонски долгометражен игран филм „Фросина“ (1952) на режисерот Воја Нановиќ, како и во првата македонска филмска комедија „Мирно лето“ (1961), во режија на Димитрие Османли.
Добитничка е на најголемите признанија во нејзината богата актерска кариера: Стериината награда за ликот на мадам Дибоа („Еригон“ – од Јордан Плевнеш), како и голем број на високи сојузни...
Post Views: 3
Околу 2000 деца низ градовите во Македонија питачат низ улиците, за да се прехранат. Главниот проблем за питачењето е исклучувањето на децата од училиште, посочува основачот и директорот на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац. Тој смета дека Министерствата за образование и за труд и социјална политика, мораат да најдат механизми, на овие деца да им дадат одредени бенефиции, како би можеле и тие да одат во градинка, уште од нивната трета година, со цел да стекнат правилни животни навики и вештини.
„Министерството за труд и социјална политика колку...
Post Views: 4
Струшкото образование се дави во големи долгови. Според информациите до кои дојде ТВМ, а ги потврдија од Локалната самоуправа, неисплатените наменски дотции за греење и транспорт од Министерството за образование, уште од 2009 та година, допринесува за да се влоши и онака незавидната состојба во која се наоѓа струшкото образование.
„1.200 000 илјади евра е моменталниот долг, со кој Локалната во Струга не може да се справи. Проблемот е посебно изразен во основните училишта“, вели раководителот на Секторот за образование Џеми Хајредини. Тој сериозно е загрижен дека овој...