Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња

Post Views: 7 Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња чувани во несоодветни услови. Ефто Стојаноски, долгогодишен дресер на кучиња вели дека многу сопственици ги чуваат кучињата во двор кој не е ограден, без да бидат врзани со синџир, а се почеста е глетката на кучиња кои се шетаат без заштитна маска. Јас предлагам такво куче врзано со синџир во двор без ограда веќе да нема. Мора соспствениците да си обезбедат безбедна ограда, а ако станува збор за поагресивно куче тоа не смее да биде воопшто во двор туку мора да се чува во бокс...

Continue reading

Зголемен бројот на нови ковид случаи меѓу децата од 6 до 14 години

Post Views: 0 Епидемиолошката состојба во државата се подобрува, но сега загрижува зголемување на бројот на нови случаи кај учениците. Од Комисијата апелираат до граѓаните да се вакцинираат, зошто вакцините се сеуште најдобриот начин за намалување на ризикот од развој на тешка форма на болеста. Се забележува намалување на бројот на новооткриени случаи со КОВИД-19, што значи подобрување на епидемиолошката состојба, но, тоа не ни дава за право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба, а за тоа особено не потсетува возрасната група од 6 до 14 години каде што забележуваме зголемување...

Continue reading

Стопирани два проекти кај делницата Охрид – Струга

Post Views: 7 Стопирани два проекти кај делницата Охрид Струга. Тоа се случи по забелешките на УНЕСКО. Станува збор за еден од проектите на претходната Влада, односно за реализација на проектите за изградба на 8,5 километри долгиот пат од Струга до Требеништа, кој требаше да се поврзе со автопатот во изградба Охрид – Кичево, но и со експресниот пат од Охрид преку Пештани до Свети Наум кој требаше да поминува преку Националниот парк Галичица. Од Министерство за транспорт и врски, за медиумите изјавија дека:„По извршената мисија од страна на УНЕСКО доставени беа забелешки и препораки...

Continue reading

Се санира чинарот во Воска

Post Views: 7 По повеќегодишно ангажирање на Одделението за животна средина, денес започна санацијата и ревитализацијата на Чинарот во населбата Воска. Овој чинар е еден постарите вакви стебла и има големо значење за жителите од оваа населба. Поради несоодветната грижа во минатото, преку 60 проценти од стеблото е уништено, заради што санацијата и ревитализацијата ќе биде на подолг рок. За зачувување на автентичноста, сите употребени материјали ќе бидат природни и ќе го имаат природниот изглед на стеблото од чинарот. Стручниот тим за санација и ревитализација го предводи проф. д-р...

Continue reading

Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 1 Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Додаваат дека околу 870 семејства чекаат финансиска помош од државата за да ги санираат штетите во домовите. 15 од нив немаат ни каде да живеат поради тоа што земјотресот од 3 јули им направил оштетувања од дури петти степен, истакнаа на денешната прес конференција. Владата и Локалната самоуправа предводени од СДС треба да се изјаснат зошто с`е уште нема одговор и покрај тоа што претходната Општинска комисија за проценка на штети, изготвила елаборатот и истиот...

Continue reading

Карневалска магија во Куратица

Post Views: 1 Курајчкиот Василичарски карнивал, вистинска атракција под отворено небо. Курајчани синоќа во една беспрекорна организација ги открија маски кои до синоќа ги чуваа во тајност. Празничната атмосфера беше надополнета и со зимскиот амбиент, студено време и снег, кој не ги спречи бројните гости но и мешатани да излезат во голем број и да видат што се случува на средсело во Куратица. Шаренило од маски меѓу кои се најдоа и претставувањето на курајчкиот етно живот, актуелниот пратеник Амди Бајрам но и екс премиерот на Р. Македонија, Никола Груевски. Сите тие имаа своја порака. „Традиционална...

Continue reading

Исчезнува еден мегапроизводител на пиво?

Post Views: 0 Anheuser-Busch inBev, најголемиот производител на пиво му предложи на најголемиот конкурент SabMiller превземање во кој би се создала мегакомпанија кој ќе произведува една третина од вкупното производство во светот. SаbMiller, втор најголем производител на пиво во светот, меѓу кои се брендовите Peroni, Grolsch и Pilsner Urqwuell, потврдил дека управата на AB inBev предложила превземање, но сеуште не поднела конкретна понуда. Со спојувањето на овие две компании ќе се создаде џин вреден 275 милијарди долари, земени во обзир сегашните цени на акциите на овие два производители...

Continue reading

Во Вевчани започнаа карневалските денови

Post Views: 0 Во Вевчани започна традиционалниот Василичарски карневал. Манифестацијата има вековна традиција, а во маскирањето учествуваат над 40 проценти од 2000 жители на Вевчани. Општествено политичките случувања кај нас и во светот и годинава беа инспирација за василичарите да имаат креативни и критички маски во дефилето. Вевчанскиот карневал привлече голем број туристи од земјава, но имаше посетители од Србија, Бугарија , Турција. Покрај бројните туристи кои допатуваа во Вевчани беа присутни политичари и дипломати од странските амбасади. Сите присуствуваа со желба да се забавуваат...

Continue reading

Иницијатива за нова политичка партија

Post Views: 1 На повидок нов политичи субјект, Граѓанско демократска Унија. Во тек е прибирање на потписи за формирање на новата партија. Петар Колев од иницијативниот комитет вели дека станува збор за политичка опција со јасна визија, принципи и цели која ќе понуди решенија за болните прашања во нашето општество. „Тие прашања се поврзани со правната држава, безбедноста, евроатланската интеграција, економијата, правдата. За жал политичките партии во Македонија оние кои што се традиционални, не успевааат да најдат решение за тие прашања затоа што се дел од самиот проблем. Всушност...

Continue reading

morbili

Вo Скопје прогласена епидемија на морбили

Post Views: 0 На територијата на Скопје Центарот за јавно здравје прогласи епидемија на морбили. Регистрирани се 25 случаи на оваа болест, од кои осум се поврзани случаи, поради што е и прогласена епидемија. Дел од заболените се од околните села, а дел од градот. Од Центарот апелираат децата да се вакцинираат и предупредуваат дека од 2012 година е намален опфатот на деца кои се вакцинираат против заразни болести. Првичните симптоми на морбили се слични на настинка и грип, кивање и покачена телесна температура поради што и болеста потешко се дијагностицира во првата фаза. Инкубацијата...

Continue reading

Повеќе од 300 охриѓани за нецел месец пријавиле и сликале отпад

Post Views: 2 За нецел месец новата кампања на ЈП „Охридски Комуналец“, „Прати слика, пријави отпад –за чист Охрид, каков што заслужува да биде“ наиде на голем одзив кај корисниците на услугите. Флаерот на кој е испишан телефонскиот број и адреса на која може да праќаат фотографии, односно да пријавуваат отпад, корисниците го добија со декемвриската сметка. Директорот на ЈП Љупчо Грданоски вели дека пријатно е изненаден од интересот кој го покажаа охриѓани . „Значи имаме одлични резултати и во овој моемент имаме преку 300 пријави на граѓани по кои постапуваме. Огромно е задоволството...

Continue reading

d-r Nezlobinski

Објавена монографија за животот и работата на Д-р Никола и Софија Незлобински

Post Views: 13 Промовирана Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“,  од авторите Д-р Стојан Ковачески и историчарот Проф Д-р Марјан Димитриевски. Оваа книга е за брачниот пар Незлобински кои на почетокот од 20 век емигрираат во  Кралството СХС за после неколку години да добијат преместување во Струга. Д-р Никола Незлобински  е  првиот лекар во овој град кој се зафатил со сузбивање на маларијата и останатите заразни болести кои коселе низ населението на овие простори. Бил иницијатор за изнаоѓање на чиста вода за пиење,  мелоризација на блатото и сузбивање на ларвите на комарците. ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top