Објавена монографија за животот и работата на Д-р Никола и Софија Незлобински

Промовирана Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“,  од авторите Д-р Стојан Ковачески и историчарот Проф Д-р Марјан Димитриевски.

 |  Валентина Неловска  | 
d-r Nezlobinski
d-r Nezlobinski

Промовирана Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“,  од авторите Д-р Стојан Ковачески и историчарот Проф Д-р Марјан Димитриевски. Оваа книга е за брачниот пар Незлобински кои на почетокот од 20 век емигрираат во  Кралството СХС за после неколку години да добијат преместување во Струга. Д-р Никола Незлобински  е  првиот лекар во овој град кој се зафатил со сузбивање на маларијата и останатите заразни болести кои коселе низ населението на овие простори. Бил иницијатор за изнаоѓање на чиста вода за пиење,  мелоризација на блатото и сузбивање на ларвите на комарците.  Неговата стручност, добрина и посветеност кон Струга и незјините жители сеуште се паметат. Неговата сопруга Софија, имала огромна заслуга за напредувањето на културниот живот. Била професорка по француски и  руски јазик и музика. Основала хорско пеење во градот и  давала часови  по  пијано, раскажува д-р Стојан Ковачески.

avtoriДоктор  Незлобински во 1929 година го добива признанието  почесен граѓанин на Струга. Во 1940 година за посетителите ја отвора музејската поставка со која Струга се гордее и денес. Доктор Незлобински, ненадејно умира во 1942 година во Струга, а неговата сопруга, професор Софија умира 11 години после нејзиниот сопруг.

Промоцијата на Моногарфијата предизвика силен интерес кај стружани и охриѓани, а најчест коментар на посетителите беше дека Струга како град и по 75 години од неговата смрт не најде доблест да именува една улица во градот, за се одолжи на големото дело и  заслуга на д-р Никола и професорката  Софија Незлобински.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top