Post Views: 8
Поставувањето урбана опрема многу ќе ги чини угостителите. Советот на Општина Охрид даде предлог одлука за воведување нови тарифи за поставување урбана опрема со што угостителите и сите оние кои ќе сакаат да постават урбана опрема ќе треба да плаќаат за 60% повеќе средства од тоа што било досега. Ова предизвика негодување кај еснафот поради што испратиле и допис до локалната во кој ги наведуваат сите пропусти во оваа предлог одлука, како и негативниот ефект што ќе ја има истата доколку се донесе во таа форма. Од охридскиот еснаф на угостители покрај тоа што реагираат...
Post Views: 0
Негативен одговор од Министерството за екологија на барањето на Советот на општина Струга, во врска со штетноста на каменоломите во струшко Лабуништа. Државниот инспекторат се изјасни за ненадлежен за сите случувања во врска работата на сите каменоломи на територијата на општина Струга, вклучувајќи ги тука и оние од Лабуништа. Мирсад Мемишоски советникот на ПЕИ вели дека оваа тактичка игра околу надлежноста е добро позната, но тие ќе бидат упорни до крај.
„Не сум оптимист дека ќе добиеме некоја конкретна информација но ние ќе ја тераме до крај нашата стратегија, лабуништани...
Post Views: 10
На седница на Влада која ќе се одржи идната недела ќе се дискутира за активностите на Али Пашината џамија во Охрид. Ова доаѓа еден месец откако Министерот за култура Роберт Алаѓозовски изјави дека проектот за конзервација и реконструкција на џамијата е стопиран и дека ќе се преиспитува од страна на стручни лица од ресорното министерство. После тоа следуваше период на затишје, но граѓаните деновиве повторно реагираат дека на локацијата која е заградена со високи лимови и на кои има ознаки забрането фотографирање и снимање повторно се работи. Ги запрашавме од ресорното...
Post Views: 3
Утре стартува националниот попис на населението во Република Македонија. Пет илјади попишувачи, 500 реонски супервизори, 50 пописни комисии за секој од пописните реони, ја започнуваат оваа статистичка операција. Недостатокот на попишувачи во некои реони, меѓу кои беше и Охрид, согласно владината одлука, ќе биде пополнет со привремено вработени од државната администрација. Нивниот број, како и сите останати детали и информации, ќе го соопшти денеска на прес конференција директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.
Прашалниците како акти од Заводот за...
Post Views: 1
На паркингот кај општата болница ќе биде направен мини зелен пазар. Ова го најави директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска која рече дека идејата за организирање на еден ваков пазар токму на ова место произлегла од продавачите на зеленчук и овошје кои досега на нелегален нанчин го продаваа истото кај кружниот тек во близина на болницата.
Пратејќи ги анализите и потребите на граѓаните на територијата на општина Охрид во делот на територијата околу болницата во соработка со основачот на јавново претпријатие ќе направиме еден организиран мини зелен пазар со...
Post Views: 4
Во охридската населба Рача ќе се отвора Центар за ран детски развој. Детската градинка „Јасна Ристеска“, преку канцаларијата на УНИЦЕФ веќе има поднесено апликација за отварање на еден ваков Центар открива директорката на Установата Мери Рилкова. Директорката појаснува дека станува збор за Центрите за ран детски развој претставуваат алтернатива на градинките во локални заедници каде нема детски градинки, пред сe во селските и маргинализираните средини.
„Се аплицираше за во населбата Рача во простории на училиштето Григор Прличев, значи веќе имаме согласност од УНИЦЕФ...
Post Views: 0
Трговците на зелените пазари ќе може да продаваат производи на тезга само со лиценца. Ова се одредбите од новиот закон за трговија на зелените пазари кои стапија на сила од 11 јануари оваа година. Трговците и пазарите ќе имаат време од 9 месеци за да се адаптираат и организираат според новите измени. Со овие измени законодавецот ќе воведува ред со сивата економија на пазарите. Во моментов околу 20.000 лица во земјава работат на тезги на пазарите, а при тоа се водат како невработени во Агенцијата за вработување. Целта на новиот закон е поголема евиденција во работењето...
Post Views: 5
Бродот Eclipse во сопственост на рускиот тајкун Роман Абрамович дошол по гориво во дубровничкото пристаниште Груж.
Нарачани биле повеќе од 40 цистерни со гориво, односно 750.000 литри, кои ќе се точат 40 часа.
Интересно е тоа што само за гориво за својот луксузен брод, Абрамович ќе мора да одвои околу еден милион евра.
Post Views: 3
Трговците на зелените пазари ќе може да продаваат производи на тезга само со лиценца. Ова се одредбите од новиот закон за трговија на зелените пазари кои стапија на сила од 11 јануари оваа година. Трговците и пазарите ќе имаат време од 9 месеци за да се адаптираат и организираат според новите измени. Со овие измени законодавецот ќе воведува ред со сивата економија на пазарите. Во моментов околу 20.000 лица во земјава работат на тезги на пазарите, а при тоа се водат како невработени во Агенцијата за вработување. Целта на новиот закон е поголема евиденција во работењето...
Post Views: 6
Се санираа некои делови на кејот кои неодамна беа оштетени поради неповолните временски услови. Но, бидејќи санацијата не беше направен веднаш кога бекатонките со кои е поплочен кејот беа извадени, гостите кои го посетија градов за време на новогодишните, божиќните празници и Водици го видоа во не баш најубаво светло. Ова е причина повеќе новата локална власт што побрзо да започне со реализацијата на проектот за санација и реконструкција на кејот кој започна уште во 2015та год. Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека на најрепрезентативното шеталиште во туристички...
Post Views: 2
Објавен е конкурсот за запишување ученици во вкупно 103 јавни средни училишта за учебната 2014/2015 година.
Условите за запишување на учениците се да имаат завршено основно образование, да не се постари од 17 години и да се определат да се запишат во гимназиско, стручно, средно уметничко образование или средно образование за ученици со посебни образовни потреби.При пријавувањето учениците треба да достават пријава за запишување која може да ја подигнат од училиштето и е бесплатна, оригинални свидетелства од петто до осмо одделение и извод од матичната книга на родените.
Пријавувањето...
Post Views: 17
Во објектите на охридската градинка Јасна Ристеска се згрижени 1000 деца, а на листата на чекање се околу 130, информира директорката на установата Мери Рилкоска. Бројот на згрижените деца во градинките е над нормативите за работа па според тоа се потребни и нови вработувања. Во некои објекти има групи и со над 35 деца и се јавува потреба од вработување на стручен и технички персонал.
„ Најмалку уште 4 воспитувачи ќе ни се потребни, многу повеќе негователки некаде околу 10 – тина. Но, и стручни работници и соработници кои ни се потребни за да се исполнат сите барања...