Расте бројот на заболени од Алцхајмерова деменција

Post Views: 0 Се поголем е бројот на лица кои имаат алцхајмерова болест или деменција. Причини за тоа има повеќе, а најчесто е стресниот живот и емоционалните проблеми на граѓаните како и нездравиот начин на живеење. Д-р Драган Илиевски, претседателот на Здружението за Алцхајмерова болест вели дека таа е една од најстрашните болести која се уште не е доволно проучена и за која современата медицина нема пронајдено конкретен лек. Поради тоа денес во Струга и Охрид се одржа бесплатно предавање „Превенција и рана дијагностика на Алцхајмеровата болест-деменција“. Најважна е превенцијата....

Continue reading

krste badarovski

Крсте Бадаровски еден од кандидатите за титулата „Пијанист на годината“ во Прага

Post Views: 1 Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски влезе во финалето на натпреварот „Пијанист на годината“, што се одржа во хотелот Босколо во Прага на 30 март 2014 година. Во финалната рунда од натпреварот учествуваа уште 4 други пијанисти од Чешката Република. Крсте Бадаровски го освои четвртото место во финалето. Инаку, Крсте Бадаровски ги започнал своите музички студии во Македонија, а потоа дипломирал на Прашкиот конзерваториум. Живее и работи во Чешката Република, финалист е на повеќе музички натпревари, а воедно и учител по пијано. Секогаш кога имам прилика со многу љубов...

Continue reading

Министрите Спасовски и Џафај најавија заедничка борба против тероризмот

Post Views: 0 Оливер Спасовски и Фатмир Џафај, министрите за внатрешни работи на РМ и РА, од Охрид, испратија порака за борба против тероризмот, трговијата со дрога, оружје и луѓе. Министрите потпишаа меморандум за соработка во борбата против тероризмот и со тоа најавија заедничка борба против тероризмот како глобална закана. Едногласно договорија и идни заеднички проекти со кои уште повеќе ќе ги зацврстуваат воспоставените добрососедски односи. „Во најскоро време да започнеме да преговараме и да го ревидираме договорот за заедничкиот контакт центар за политичка соработка и при тоа...

Continue reading

bista

8 ми Ноември светол датум за Струга

Post Views: 1 8 ми Ноември светол датум за Струга. Пред точно 68 години на овој датум беше ослободена Струга. По тој повод во организација на Сојузот на струшките борци со низа свечености се одбележа овој ден. Најпрво беше положено свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци, па се оддржа свечена академија и на крај во просториите на Сојузот на борците имаше и коктел за членството и присутните гости. Претседателот на борците од Струга, Ајредин Мемеди, истакна дека добро е на еден ваков ден да се каже за историскиот момент за ослободувањето на градот и за тоа како одекнала веста во...

Continue reading

На паркинзите во Охрид конечно ќе се воведе смс систем на наплата

Post Views: 3 Летово на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе се воведе системот за наплата преку смс пораки. Овој начин на плаќање беше најавен уште пред неколку години, но тогашната локална власт не успеа да го имплементира. Со овој систем во голема мера ќе се зголеми процентот на наплата, вели директорката Гордана Јованоска. Ќе имаме посовремен начин на наплата што му доликува на град како што е Охрид. Овој систем требаше да биде и досега воведен, но никогаш не е доцна. Ние веќе работиме на таа проблематика. Локалната изготвува и студија за спроведување на ваков...

Continue reading

Охрид ќе организира гастро тура

Post Views: 12 Врвни европски готвачи со мишелин ѕвезди ќе дојдат во Охрид за да ги збогатат мениата во угостителските објекти со интересни јадења, но и да им ги пренесат на нашите кувари тајните на гастрономијата. Охрид ќе организира гастро тура . Оваа активност на Секторот ТЛЕР е дел од годинешната програма која има за цел да ги прошири активностите со кои градов ќе привлече повеќе гости и ќе даде поквалитетна понуда. Ќе имаат можност со локално произведени производи да ги збогатат менијата во угостителските објекти. Ќе пробаме да направиме некои нови јадења кои ќе се подготвени...

Continue reading

Марко исплива од Охрид до Струга и назад за децата со ретки болести

Post Views: 1 Младиот охриѓанец Марко Пејчиноски успешно го заврши и новиот подвиг на релација Охрид до Струга и назад до Охрид. Успешно го заврши пливањето посветено на Децата со ретки болести. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути – стои на фејсбук страницата на Марко. Марко Пејчиноски е млад херој од Охрид кој има само 13 години и има голема желба – да ги оствари своите соништа. На 28-ми август 2018 година, Марко го преплива Охридското Езеро за девет часа и започна да ги остварува неговите соништа. Здравствениот проблем, кој го има Марко, го оттргна од...

Continue reading

Голем пожар во центарот на Охрид

Post Views: 1 Се запали куќа во Месокастро, во центарот на градот. Едно лице со возило на Итната медицинска помош веднаш било пренесено во Општа болница Охрид, поради вдишан чад и изгореници со кои се здобил обидувајќи се да го гасне пожарот.Др Милчо Стефановски, од хируршкото одделение за ТВМ информира дека лицето на 63 годишна возраст е во стабилна состојба. Бил примен во состојба на шок со изгореници на главата, лицето , градниот кош и рацете. Му била дадена соодветна терапија и ќе биде задржан за понатамошни испитувања. Пожарот го пријавиле соседите. Поради специфичноста на тесните...

Continue reading

Како до поголеми можности за искористување на европските фондови

Post Views: 1 Денеска во Струга се одржа средба со градоначалниците од Југозападниот плански регион, посветена на можностите за поголема искористеност на европските фондови за реализација на проекти на локално и регионално ниво. Деветте општини од југозападниот плански регион досега од 2014 до 2020 искористиле околу 10% од расположливите средства од ЕУ наменети за Македонија. Додека пак од 2007 до 2013 искористеноста на средствата од европските фондови била околу 40, посочува Стојан Савески од Центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Во овој нов програмски период до 2014...

Continue reading

AppStore заразен со несакани апликации

Post Views: 0 Apple како систем и понатаму е многу безбеден, но се чини дека хакерите пронаоѓаат некаков начин, ако не друго барем на кратко време. Последен таков случај се случил неодамна кога е приметено дека malware се наоѓа во кодот апликации кои се одобрени на AppStore.Тоа се случило кога девелоперите веќе заразена апликација ја предале на преглед во Apple и тоа преку Xcode , односно алатка за пишување на програмскиот код кој е превземен преку кинески сервери, а не од америчките. Причината за превземање од кинеските сервери на тој софтвер е единствено брзината.Досега на AppStore...

Continue reading

Расте бројот на заболени од грип

Post Views: 2 Во Охрид се зголемува број на заболени од грип. Во третата недела од месец јануари имало само 15, а во четвртата бројката двојно се зголемила на 38. Заболените се на возраст од 15 до 59 год. Тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. Испратени се анализи, брисеви од грло и нос од пациенти со клиничка слика на грип меѓутоа резултатите сеуште не се готови. Испратени се во институт за Јавно здравје во Скопје, вели Д-р Јованка Стурлакова-Епидемиолог. Според овие податоци во овој период од годината за...

Continue reading

Истече рокот на Владата за поднесување извештај по преземените препораки од Мониторинг комисијата на Унеско

Post Views: 2 Истече рокот за владата даден од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за да поднесе извештај за напредокот во имплементацијата на препораките дадени во јуни мината година во Краков. До 1 февруари земјава требаше да постапи по препоркаите за да не се дозволи единственото заштитено добро под УНЕСКО да се стави на листата на Светско наследство во опасност што би можело да води до целосно бришење од листата на УНЕСКО. Меѓу препораките на реактивната мониторинг мисија беше трајно отфлање на планот за ски центар и експресен пат А3 во Националниот парк Галичица. Земјава...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top