Post Views: 2
Традиционалната македонска храна создаде мост на кулинарски култури и пријателства во Шпанија. Тоа беше остварено преку посетата на средношколците од угостителското училиште „Ванчо Питошески“ кои 21 ден беа гости во хотелелот „Кампаниле“ во предградието на Барселона. Посетата на Барселона беше едно огромно позитивно искуство за учениците вели проф. Благоја Јорданоски. Додаде дека учениците од различни образовни профили биле работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи, келнери и др. Јорданоски вели дека имале можност да ги увидат сличностите...
Post Views: 59
Од дедовци и прадедовци сме слушале приказни дека во внатрешноста на црвената карпа има долги ходници во кои во минатото било скриено големо богатство, раскажуваат постари луѓе од овој крај за карпата која се наоѓа во близина на тиквешкото село Радња.
Црвената боја ја зголемува нејзината магичност и ги подгрева разните мислења за тоа што се крие во нејзината утроба. Грандиозноста од околу стотина метри височина ја прави своевидна господарка во дивината.
Мистериозната црвена камена маса во срцето на Kожув, на петнаесетина километри од ски-центарот на оваа планина, како...
Post Views: 4
Предлог измените кои се најавуваат од министерството за економија во Законите за угостителска и туристичка дејност, како и законот за туристичка такса и привремен престој ги седна на заедничка маса охридските туристички агенции и водичи со претставници од Локалната самоуправа. Ресорното министерство и експертите после долго време ги отвораат овие три закони и бараат предлози од сите инволвирани субјекти за надминување на досегашните слабости. Ѓоко Апостолов од секторот за туризам и локален економски развој информира дека станува збор за обемна материја. Наведува само...
Post Views: 0
„Еден затвор помалку“, „Заменик министре имате страв од образовани албанци“, „Во Македонија има 28 училишта со 3 -5 ученици, а во Подгорци сме 23 ученици“, се дел од пораките кои децата од Подгорци ги носеа денеска на протестите пред општина Струга.
„Денеска протестираме за правата на нашите деца“, велат родителите кои беа исто така пред општинската зграда во Струга.
„Си ги бараме правата. Нашите деца да одат во своето училиште во селото каде што се родени. И ние како и сите граѓани плаќаме данок за деца, за се плаќаме данок. Овде сме родени и овде бараме права ние“,...
Post Views: 2
Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казина во Охрид, Струга и Кичево. Сторител на кражбите е триесет и четиригодишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада, кој вчера бил уапсен од страна на полицијата во Кичево откако претходно извршил грабеж во експозитурата на „Шпаркасе банка“, како што информираат од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски кажа дека денес против него била поднесена кривична пријава поради сторено казнено дело разбојништво.
„Кај него се пронајдени пари ставени во најлон кеса претходоно одземени од банката, исто така пронајдени се наочари, нараквици, капа...
Post Views: 0
Состојбата со корона вирусот во општина Вевчани е стабилна. Во регионот од 30 000 жители, кој го покрива Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски” во моментов има само 40 ковид позитивни пациенти.
Повеќето се во стабилна состојба со лесна клиничка слика, во ковид одделот нема ниту еден хоспитализиран пациент.
Ковид состојбата е стабилна, ние овој последниот бран го поминавме и не беше така екстремен како претходните, не само во Вевчани туку и во целиот регион кој го покриваме тоа се Лабуништа, Велешта, Боровец и сите места – вели Јован Стојкоски директор...
Post Views: 0
Македонската Триатлон федерација ќе организира Европски куп во Охрид. Од 15 до 16 септември , 300 натпреварувачи ќе ги одмерат своите спорстки вештини во пливање, трчање и возење велоспид во категориите деца, јуниори, кадети и сениори, информира Иван Михајлоски претседател на македонската федерација за триатлон.
„Ќе подготвиме настан кој ќе прерсне во Европски куп кој тековно ќе се организира во Охрид. Нешто големо и убаво кое ќе премине понатака во традиција. Триатлонот е најбрз растечки спорт во светот со искуство од 5 Олимпијади и веруваме дека може да го организираме...
Post Views: 0
На 3-ти септември 2021 година, во 14:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во селото Лескоец на место викано „Горно Трно“ било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција – информираат од МВР.
Post Views: 8
Македонската Триатлон федерација ќе организира Европски куп во Охрид. Од 15 до 16 септември , 300 натпреварувачи ќе ги одмерат своите спорстки вештини во пливање, трчање и возење велоспид во категориите деца, јуниори, кадети и сениори, информира Иван Михајлоски претседател на македонската федерација за триатлон.
„Ќе подготвиме настан кој ќе прерсне во Европски куп кој тековно ќе се организира во Охрид. Нешто големо и убаво кое ќе премине понатака во традиција. Триатлонот е најбрз растечки спорт во светот со искуство од 5 Олимпијади и веруваме дека може да го организираме...
Post Views: 1
Паднaа и првите кривични пријави во врска реконструкцијата на Али Пашината џамија. Од ЗГ „Совест“ денеска на прес конференција инфромираа дека до Јавното обвинителство покренале обвиненија против првите луѓе на неколку инстиуции кои не постапиле според законските прописи за заштита на културното наследство.
„ До градежниот инспектор Виолета Петрушеска од Државната градежна инспекција, до Кофујанакис од Управата за заштита на културното наследство , до раководителот на управата Зоран Павлов, кривична пријава до екс дирекотрката на охридскиот Завод и Музеј, а прекршочни...
Post Views: 4
Австралискиот министер за образование, Cristopher Pyne, објави дека програмирањето ќе ги замени географијата и историјата во новиот концепт на дигиталната технологија.
Австралија вложува многу напори младината да се фокусира на програмирањето во науката, технологијата, инженерството и математиката (скратено STEM) и тоа од ниските одделенија на основното училиште, бидејќи тоа создава нови работни места и иднина во економијата.
Австралиската влада вложила 12 милиони долари во четири различни STEM иницијативи.
“Високо квалитетна STEM едукација е многу важна за австралиската...
Post Views: 1
Со пригодна свеченост во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, синоќа, основното училиште што го носи името на великанот, го одбележа патрониот празник. Учениците и нивните професори несебично се потрудија да направат една богата културно уметничка програма која го задржа вниманието на присутните кои ги имаше во навистина голем број.
Би сакала да им се заблагодарам на нашите ученици на нашите наставници за целокупната подршка која ни ја даваат за да го постигниме она што сме го зацритале. За патрониов празник имавме голема раздвиженост, имавме многу пофалени многу наградени...