Градежните активности на Алипашината џамија се изведуваат без одобрение

Post Views: 0 Охридското муфтивство не обезбедило градежно одобрение за зафатите на Алипашината џамија во Охрид. Ова може да се заклучи од дописот што  го испратила Управата за заштита на културното наследство до охридското муфтивство и НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид. Во решението издадено од Управата, му се наредува на имателот на заштитеното добро и носител на конзерваторското одобрение муфтиство Охрид да постапи според конзерваторското одобрение каде е пропишано дека работите по ова одобрение може да се изведуваат врз основа на правосилно одобрение согласно прописите...

Continue reading

homeopatija

Во Македонија се одбележува „Месецот на хомеопатија“

Post Views: 15 Хомеопатската заедница во Македонија со повеќе активности утре ќе го одбелжи Месецот на хомеопатија. Во Хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ по тој повод ќе се одржи краток курс за прва помош со хомеопатија, презентација на компанијата Продис, презентации за хомеопатија во агрономија и слично. Ќе говорат сертифицирани хомеопати во Македонија. Во светот 10 април се празнува како Ден на хомеопатијата, по денот на раѓањето на таткото на хомеопатијата Цхристиан Фриедрицх Самуел Хахнеманн. Хомеопатијата постои над 200 години и често ја именуваат како медицина пред антибиотикот....

Continue reading

Корегирана одлуката за надоместокот за урбана опрема

Post Views: 3 На денешната средба на градоначалникот Јован Стојаноски и дел од неговите соработници со претставници на угостителскиот еснаф беа усогласени ставовите околу наплаќањето на комуналната такса и надоместокот за поставување на урбана опрема. Овие предлог – одлуки ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница на Советот на општина Охрид. На средбата повторно дискутабилна беше законитоста на ставката за краткотраен закуп, која според претставниците на угостителскиот еснаф не била правно неиздржана. Од таму посочија дека нивните сознанија и консултации со другите...

Continue reading

mladinski centar Struga

Младинскиот центар од Струга од денес под општинска капа

Post Views: 0 По две и пол години активно функционирање под капата на УНИЦЕФ и Цивилниот мировен сервис од Германија, Младинскиот центар од Струга, од денес доби самостојност. Барем до 2015 година, за работењето на центарот ќе се грижи општина Струга. Младинскиот центар, во изминативе две и пол години работеше на унапредување на меѓуетничките односи во мултиетничка Струга. „Јас сум многу благодарен што градоначалникот Мерко се согласи да ги покрива трошоците на Центарот до 2015 година. Тоа е многу важно, тоа е одговорност на сите лидери, да направат се што можат за заедниците да се...

Continue reading

Најдобрите стрелци од охридскиот клуб ги нема во македонската репрезентација во Унгарија

Post Views: 7 Мартина Петровска, Анастасија Мојсоска, Јана Маркоска и Јована Милеска, најдобрите охридски јуниорки, стрелци од СК „Охрид“, не се дел од македонската репрезентација. Тие не учестуваат на квалификацискиот меѓународен натпревар во Унгарија кој трае до 26 овој месец. За Анастасија Мојсоска е пропуштен последениот квалификациски натпревар за учество на престојната младинска Олимпијада во Бразил, во октомври 2018. Тоа се должи на опструкциите од селекторот Јордан Тасески на Македонската спортска стрелачка федерација, обвинува Валентина Гоџо долгогодишен тренер на СК „Охрид...

Continue reading

мРНК вакцините немаат влијание врз бојата на млекото на мајките доилки

Post Views: 0 На објавата ѝ недостига контекст, односно важната информација од Упатството на ВАЕРС како да се толкуваат подтоците коишто се објавуваат во системот. Извештаите до ВАЕРС можат доброволно да ги достават сите, вклучително и давателите на здравствени услуги, пациентите или членовите на семејствата. Извештајот за несакан настан до ВАЕРС не е доказ дека вакцината е причина за тоа. Тестирањето на млекото на мајките кои примиле „Фајзер“ или „Mодерна“ вакцина, не открило мРНК во нивното млеко. Синото мајчино млеко обично е знак дека млекото е со малку маснотии, слично како...

Continue reading

Охрид конечно ќе добие современа библиотека

Post Views: 2 НУ библиотека „Григор Прличев“ до налето ќе се пресели во новите простории. Со тоа ќе се реализира одлуката на Владата на РМ донесена уште во 2013та а со која просториите каде беше сместена НУ Фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест. Постапката која започна пред пет години се оддолжи поради немањето доволно срества за дозавршување на работите. Во првата фаза од овој проект беа направени погрубите градежни работи како малтерај, поставување изолација, менување на подот, а во втората фаза се уредуваше внатрешниот дел. Во 2016та...

Continue reading

Реконструкција на тротоарот на потегот од Гимназија кон СРЦ „Билјанини извори“

Post Views: 3 Граѓани реагираат во рубриката „Ти си твојот град“ на ископана пешачка и велосипедска патека на Булевар Туристичка на потегот покрај СРЦ „Билјанини извори“. Напоменуваат дека во многу лоша состојба се тротоарите од двете страни на Булеварот по кој секојдневно поминуваат голем број граѓани кои се рекреираат пешачејќи или со велопсипед. 20 години од кога знам за себе, бекатонот фалит. Место пред бензиската Билјанини извори ( правец Охрид-Пештани) и едната и другата страна се катастрофа – пишува граѓанин кој испрати фотографии во рубриката ТиСиТвојотГрад. Велосипедската...

Continue reading

Мерки за воспоставување систем за информации за Дримски басен

Post Views: 9 Денеска во Тирана во рамките на Дримскиот процес, работната група за Мониторинг и размена на информации составена од официјални преставници на 5-те држави од Дримскиот басен, почна со разгледување и усвојување на сет мерки и студии за воспоставување на заеднички Систем за управување со  информации  (Information Management System- IMS) . Овој систем треба да овозможи државите во Дримскиот Басен да разменуваат податоци во прифатлива архитектура и рамка. -Влегуваме во фаза на донесување на одлуки и препораки. Размената на податоци помеѓу државите е круцијален дел од управувањето...

Continue reading

Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со голем број проблеми

Post Views: 4 Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со недоволни социјални, здравствени и образовни услуги. Ова го покажува извештајот „Од закон до реалност“ на Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината Птица – Скопје“, по истражувањето спроведено во три општини низ Македонија – Охрид, Боговиње и Берово. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на семејствата кои имаат деца со попреченост. Истражувањето е направено преку фокус групи, каде низ директните сведоштва на родителите се пренесени условите и проблемите со кои се соочуваат...

Continue reading

Ова се експертите кои открија дека Volkswagen прави измама

Post Views: 6 Истражувањето кое доведе до потврда дека компанијата прави измама, во два дена Volkswagen  ja чинеше повеќе од 20 милијарди евра, а ќе ja чини веројатно многу повеќе со оглед на тоа дека ќе следуваат барања за отштета. Во групата луѓе кои открија дека големиот и моќен Volkswagen ги лажел своите купци бил професор, двајца штотуку дипломирани студенти, истражувач од факултет и лидерот на тимот, инженерот Daniel Carder, директор на Универзитетскиот центар за алтернативни горива и мотори. Carder во интервју за Reuters го изразил своето чудење на реакцијата на автомобилскиот...

Continue reading

Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема

Post Views: 7 Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема. Вчера во големата општинска сала претставниците од Здружението на угостители „Охридски еснаф“ одржаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски на која беа отворени повеќе прашања од угостителската проблематика, посебно во делот на надоместокот за поставување на урбаната опрема. Градоначалникот истакна дека оваа средба можеби требало да се случи порано, со цел да се избегнат сите недоразбирања, додавајќи дека на истата се постигнало доближување до ставовите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top