Post Views: 0
4 негувателки и 1 воспитувач од детската градинка „Јасна Ристеска“ се избркани од работа без никакви основи, на понижувачки и нечовечки начин, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиноски, вели дека продолжуваат безидејните политики на партиски вработувања и реваншизам на СДСМ така што сега на удар се вработените во градинките.
„По наставниците и полициските службеници, сега на удар се вработените во градинките. Зарем ова е животот кој го донесе СДСМ? Играње со човечки судбини преку давање отказни честитки најпрво за Нова...
Post Views: 2
Денес, во Брисел се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации помеѓу Политичко-партнерскиот комитет на НАТО и Република Македонија на кои присуствуваше и државниот секретар во Министерството за одбрана г-дин м-р Сашо Стефаноски.
На состанокот предмет на разгледување беше новиот пакет Партнерски цели 2014 и анализа на постигнатиот напредок во развојот на системот за одбрана на Република Македонија.
„Република Македонија континуирано е посветена на долгорочниот придонес во регионалната и Евроатлантската безбедност. Нашата земја дава исклучително висок придонес...
Post Views: 5
Во последно време се почесто се организираат планинарски тури кои не ги исполнуваат критериумите ниту на туристички, ниту на спортски тури, вели Антонио Додевски, генерален секретар на македонската асоцијација на интернационални водичи на планина. Учесниците на овие тури многупати се без никакво претходно искуство во планинарството, ниту пак имаат некаква физичка подготовка, а и опремата која ја носат со себе најчесто не соодветствува со потребите на една ваква планинарска тура. Со тоа се зголемуваат ризиците и опасностите по безбедноста на членовите на групата па едно...
Post Views: 1
Основците од Вевчани, најверојатно во второто полугодие од учебната година ќе стапнат во новата училишна зграда. При крај се работите околу изградбата на современото училиште Страшо Пинџур. Допрва треба да се изградат спортски игралишта, забавни паркови и пристапни патишта. Првиот човек на училиштето Марјан Костојчиноски, истакна дека изградбата на новиот училишен објект се должи на несебичниот ангажман на градоначалникот на Вевчани, Перо Илиевски, кој постојано лобирал до Владата на Р. Македонија поточно до ресорното министерство да одобрат средства за оваа капитална...
Post Views: 2
Состојбите околу социјалниот дијалог и партнерство, состојбите околу зачестените отпуштања од работа на синдикалните функционери и отпуштања во дејностите на детска заштита,во основното и средното образование, се се полоши, обвинуваат од СОНК. Преставници од овој синдикат во текот на вчерашниот ден имале работна средба со Министерката за образование и наука, Рената Дескоска на која се дискутирало за голем број прашања во делот на претходно изнесените ставови.
Социјалниот дијалог и партнерство во последно време е на најниско ниво, реформи во образованието се прават без...
Post Views: 2
Драстичен раст на бројот на затворени компании минатата година. Податоците говорат дека ланската година била погубна за приближно 7.000 компании или поточно 6.993 фирми ставиле клуч на врата. Во однос на 2020-тата година бројките покажуваат зголемување на бројот на згаснати фирми за дури 782 (во 2020-тата не преживеале 6.211 компании), обелоденуваат податоците од реномираната бизнис платформа БизнисМрежа.мк.
Од друга страна, анализата на ,,ПАРИ” покажува дека самите економски показатели за 2021 година се поповолни отколку за 2020 година. Имено, 2020 година...
Post Views: 2
Охрид меѓу водечките градови во земјава по број на случаи на семејно насилство. Последниве 4 години има тенденција на зголемување на семејното насилство и според податоците на Центарот за социјална работа, само изминатата година, над 200 жртви го пријавиле истото. Експертите по оваа проблематика сметаат дека тоа се должи на се поголемата развиеност на свеста на жената односно жртвата да го пријави насилството. Во текот на вчерашниот ден во Охрид се одржа трибина на тема. „Семејно насилство и насилство врз жената“. Претседателката на Советот, Живка Ангелоска истакна дека...
Post Views: 9
Времето денеска во Охрид сончево со умерена облачност попладне.
UV индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда кон крајот на денот и во четврток, информираат од УХМР.
Post Views: 1
Во организација на FEEL Продукција, наскоро во Охрид ќе се одржи охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева „Извор“.
– Дојдете и слушнете ги песните од последниот албум на Каролина во живо, а сите заедно ќе се потсетиме и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“. Повторно повелете „СИТЕ ВО ОХРИД“, да се забавуваме со квалитетна музика и артисти. Ќе имаме еден фантастичен 8-мо мартовски викенд во нашиот прекрасен Охрид, порачуваат од FEEL Продукција.
Концертот ќе се одржи во петок, 9-ти март, во Спортската сала „Билјанини извори“...
Post Views: 0
Домовите на 15 охридски семејства не се за живеење поради сериозни оштетувања од земјотресот со јачина од 5.1 степен според рихтер кој го погоди Охрид лани на 3 јули. Овие и уште околу 800 други граѓани кои поднесле барања до Локалната комисија за проценка на штети, сеуште чекаат од државата да ги обесштети.
„Има граѓани кои поради оштетувањата на објектите буквално нема каде да живеат па моментално се наоѓаат кај роднини и пријатели.“ вели Раде Велјаноски, претседател на општинската комисија за проценка на штети.Од земјотресите кои го погодија охридскиот регион лани...
Post Views: 0
Во Каталонија денес се одржуваат регионални парлементарни избори кои се доживуваат како референдум за отцепување на тој богат регион од Шпанија, доколку избирачите се определат за партиите кои се залагаат за независност на Каталонија.
Спрема најновите анкети, се очекува дека сепаратистичките партии ќе освојат мнозинство од вкупно 135 места во парламентот. Тие најавуваат дека ќе прогласат еднострана независност за 18 месеци, но истражувањата покажуваат дека шансите за Каталонија стане независна се сведуваат во доменот на теорија.
Имено, само 20% од каталонските бирачи...
Post Views: 1
Градоначалникот Јован Стојаноски го затскрива полнењето на администрацијата со партиски подобни кадри, обвинија денсе на прес конференција од ОК на Вмро Дпмне.
„ Општина Охрид распишала оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за привремени вработувања за потребите на Општината. Според објавата на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 7.564.005 денари без ДДВ во период од една година. Класичен пример за недомаќинско работење“, кажа Божиноски.
Потенцираме дека декларираната заложба за транспарентност,...