Post Views: 5
Не е испочитувана една од една од клучните препораки на УНЕСКО: прогласување на мораториум на сите градежни модификации на крајбрежјето и урбаното подрачје во рамките на Светското наследство, сè додека не се изработат сите релевантни плански документи, обвинија деновиве активистите на граѓанската иницијатива Охрид СОС.
„Може да се забележи дека се продолжува со градењето и издавањето одобренија за градење на крајбрежјето, а легализацијата на бесправно изградени објекти се практикува во континуитет со што урбанизацијата во регионот слободно може да се констатира дека...
Post Views: 5
Денес во општина Охрид беше промовирана пред-физибилити студијата за концептот Smart Ohrid или Охрид – паметен град. Станува збор за концепт во кој е предвидено како Охрид би можел да се развива на одржлив начин, со цел од тоа придобивка да има населението, општината и туристите, вели Ана Чоловиќ Лешоска од Центарот за истражување и информирање за животната средниа Еко – свест“.
„Идејата на концептот е да го намали притисокот од сообраќајот врз НП „Галичица“ односно врз биодиверзитетот и врз локалното население со тоа што сите автомобили или дел од нив би ги пренасочил...
Post Views: 4
На 9-ти април далечната 1873 година од Солун во Велес пристигна првиот воз. Од тој ден 9-ти Април е прогласен за ден на македонските железничари.
Во летото 1916 почнува со изградба линијата Ханриево – Охрид преку тетово, Гостивар, Кичево со крак према Струга и Ташмаруништа но пругата е теснолинејка или наречена „пампур“ или „чајниче“. Во 1923 се поврзува пругата Генерал Ханрис (денешно Ѓорче Петров) – Охрид со Скопје, односно пругата била продолжена од Ханриево до „Мала станица“.
Во 1937 година почнува изградбата на новата железничка станица во Скопје која трае...
Post Views: 2
Македонија се соочува со дефицит на конзерватори од повеќе области. Недостасуваат домашни стручни кадри кои ќе работат на заштита на непроценливото културно историско наследство. Во земјава нема конзерватори од сите области почнувајќи од сликари, археолози, архитекти, набројува д-р Лазар Шуманов стручен конзерватор и претседател на Македонскиот Национален комитет на ИКОМОС.
„Замислете сеуште нашата држава нема систем за едукација за припрема на конзерватори. Јас сум дипломирал на архитектонскиот факултет и сум учел конзервација. Ние како комитет сакаме и инсистираме...
Post Views: 0
Расте бројот на жртвите на семејно насилство. Месечно од Струга за помош се јавуваат по 4 жртви на СОС линијата 15 700, додека пак многу поголем број на пријави на СОС линијата дури 480 се однесуваат за насилство на работното место и непочитување на човековите права, вели претседателот на „Езерка“, Драгица Павлеска Попеска. Таа додава дека од ден на ден расте бројот на жртвите кои се охрабруваат и зборуваат за насилството што го трпат и тоа најчесто жените и постари лица.
„Имаме доста пријави на семејното насилство и граѓаните веруваат во невладиниот сектор. Но наше...
Post Views: 1
Туристичките работници со оптимизам најавуваат успешна туристичка сезона. Според стартот на осмомартовската посетеност на Охрид очекуваат во претстојниот период добар старт на сезоната 2018. Туристичкиот водич Љупчо Јузмески очекува голема посетеност на Охрид и за Велигденските празници.
„За претстотните празници има најава на гости и сите хотели се над 80 посто резервирани. Потенцијалните инвеститори треба да размислуваат да градат хотели во Охри“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески.
Во Охрид најголем број посетители се гости од соседните земји. Туристички аранжмани...
Post Views: 7
Со нови сили за нови победи, нестрпливо се очекува стартот на новата суперлига. Подготвителниот период е зад градскиот ракометен клуб Охрид во кој одиграа 6 натпревари преку кои играчите влегоа во задоволителна форма. Оваа година играчкиот кадар е освежен со ракометари кои веќе имаат забележително искуство во македонскиот ракомет. Нови лица во нашиот клуб се Шилегов, голманот Блажески, српското дуо Стефан Додиќ и Алекса Милошевиќ.
Со доаѓањето на Стефан Додиќ, имавме среќа да донесеме еден таков играч, јас сум задоволен како тренер, а мислам и управата. И останатите...
Post Views: 3
Отпадот кој деновиве го исфрла Охридското Езеро може драстично да се намали доколку се постават решетки на сите водотеци, реки и суводолиции на подрачјето на нашата општина. Во моментов еден ваков проект кој го изготви Локалната самоуправа и ЈП „Охридски Комуналец“ е во крајна реализација, информира Стефан Маслов раководителот на јавна хигиена во ЈП „Охридски Комуналец“. Тој кажа дека во рамки на овој проект во ЈП ќе биде формирана посебна служба која ќе се гижи околу одржувањето на решетките кои треба да се постават на устието на реките.
„Ќе се намали повеќе од 90%...
Post Views: 6
Македонскиот национален комитет за споменици и локалитети, препорачува да се употребуваат варовите соединија кои се основа за постоење на нашето културно наследство. Д-р Лазар Шуманов, стручен конзерватор при Македонскиот комитет на ИКОМОС вели се што поседуваме како културно наследство е изградено врз база на вар. Верските објекти кои траат со векови и ги издржаа ланските земјотреси во Охрид се потврда дека во заштитата и понатаму треба да се применуваат материјали кои го издржуваат тестот на времето, напоменува д-р Шуманов. Една од препораките е употребата на варовиот...
Post Views: 1
Партиите кои се залагаат за во шпанскиот регион Каталонија го освоија апсолутно мнозинство на регионалните избори.
Главниот сепаратистички сојуз и помала националистичка партија освоија 72 места во 135. члениот регионалниот парламент.
“Заедно за Да” алијансатa освои 62 пратенички места. Ако ги комбинира со екстремно левичарската КУП сепаратистичка партија, која освои 10 пратенички места, таа ќе биде во можност да формира парламентарно мнозинство.
Сепак, партии кои се залагаат за независност не успеа да добијат 50% од гласовите, освојувајќи 1,9 милиони од...
Post Views: 1
Поп дивата, најдобриот македонски вокал, Каролина Гочева, најавува незаборавен концерт за кој долго време ќе зборува во Охрид. Концертите во Охрид секогаш се убави вели таа. Ветува дека атмосферата од неодамнешниот концерт кој го имале во Скопје ќе ја пренесат и вечерва во Охрид, каде ќе биде промовиран нејзиниот најнов албум „Извор“. Гочева открива колку време работеле на последниот албум
„Го снимавме цела измината година се заедно…сепак тоае процес кој трае подолго од планираното, не сакавме да се ограничуваме во никакви временски рамки, сакавме тогаш кога ќе...
Post Views: 1
Министерството за економија и охридските угостители и туристички работници ги пеглаат новите предлог измени во законот за угостителска и туристичка дејност, како и во законот за туристичка такса и привремен престој. Туристичките работници ќе предлагаат решенија за надминување на некои слабости за да се подобри климата за работа. На денешната дискусија претставници од ресорното министерство од прва рака ги запознаа со некои предлог измени кои ги бараат угостителите и туристичките работници од земјава. На денешната расправа охридските туристички агенции искажаа незадоволство...