Post Views: 2
Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со министрите за земјоделство на Република Македонија, Љупчо Николовски и на Република Албанија, Нико Пелоши. На средбата доминираа прашања поврзани со можностите за интензивирање на соработката за заштитата на Охридското Езеро, одржливо управување со природните ресурси и креирање на заедничка туристичка понуда. Големите проекти, како што се заштитата и управувањето со Дримскиот басен и прогласувањето на охридско-преспанскиот регион за биосферен резерват се добра основа за креирање на акциски прекугранични планови...
Post Views: 1
Охридските школи од почетокот на второто полугодие немаат интернет. Овој проблем не е присутен само во Охрид, туку во сите училишта во Македонија. Наставниците не можат да реализираат настава според ИКТ-програмата, па така добар дел од обврските како што е тоа е- дневникот тие го завршуваат дома. Директорката на ОУ „Христо Узунов“, Оливија Пирузева Јанева вели дека немаат информација од Министерството за образование за што точно се работи, дали доцни тендерот или воопшто не е распишан, но тие како училиште се снашле на свој начин.
„Нашето училиште има интеренет не сме...
Post Views: 0
Некој ќе рече “кралот е мртов, да живее кралот”, односно во овој случај “Google е мртов, да живее Google”! Сепак, работите не се така радикални, барем кога е во прашање Google како пребарувачки сервис, неговиот Android, и сите останати услуги и производи кои на крајот ни го збогатуваат времето во кое живееме.
Што се однесува до Google како компанија, тука работите се малку покомплексни и во овој момент е фактот дека во понеделник, кога стартуваат берзите, нема да се тргува со акциите на Google туку Alphabet. Новата мегакомпанија го вшмука Google и сега џиновскиот октопод...
Post Views: 0
Денес во општина Охрид се одржа комеморација по повод смртта на академикот Цветан Грозданов. На неа, се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, кој рече дека со денешната комеморација, се оддолжуваме кон ликот и делото на Грозданов изразувајќи ја нашата искрена и огромна почит кон човекот кој животот му го посвети на овој древен град и прецизно го позиционира на врвот на светските цивилизациски вредности.
„Во ова време на тага, кога физички академикот Грозданов не е меѓу нас, неопходно е да собереме сила и со отворен ум и срце, да му ја оддадеме должната почит и да...
Post Views: 5
Охридската модна дизајнерка Мoника Коцарева со свои креации учествуваше на Fаshion week во Скопје. Младата креаторка е задоволна од организацијата и од своето претставување на модната колекција насловена како Boundless. Модната колекција е доведена до безграничност, со цел жената која ќе ги носи да нема ограничувања. Моделите се наменети за жената која дефинира свој личен стил и одбива да се вклопи во стереотипите во животот и модата. Таа е таму каде што сака да биде, самостојна, реализирана и ужива во поместување на границите на модните наметнувања. Целата колекција...
Post Views: 26
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 април, 2014 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед и на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.
Велики Петок неработен ден за граѓаните од православна...
Post Views: 1
Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид по повод Денот на шегата. Таму денес се пееше, се свиреше, а најмногу се слушаше детскиот џагор и смеа. Иако 1 Април се падна во недела , најмалите охриѓанчиња од градинката Јасна Ристеска на првиот работен ден продефилираа маскирани низ охридските улици. Главнот настан се случуваше на градскиот плоштад каде беа изведени посебни кореографии и музички точки. Децата на посебен начин го доживуваат музичкиот хепенинг. Тие се секогаш подготвени за шега, и тие со радост сакаат секој ден да се пошегуваат на овој ден, кој традиционално...
Post Views: 9
Црквите и џамиите во Струга ослободени од комуналии. Струшките локални власти удоволија на барањето на Македонската православна црква и исламската верска заедница, сите верски објекти на подрачјето на општина Струга кои се предмет на легализација, да бидат ослободени од надоместокот за уредување на градежно земјиште. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски прецизно појаснува за каква одлука станува збор.
„Значи сите верски објекти кои што се изградени без одобрение а за кои што се доставени барања за легализација се ослободуваат од надоместок за уредување на градежно...
Post Views: 0
Силниот ветар од јужен правец што вчера попладнето и ноќта го зафати Охридскиот регион повторно го разбранува Охридското Езеро предизвикувајќи високи бранови што наместа ги префрлаа бетонските бариери на езерскиот Кеј.
Поголеми проблеми не се предизвикани, освен на местата каде нема физичка можност водата сама да се врати во езерото, а Колекторскиот систем за негова заштита нема доволно капацитет наеднаш да прими толкави количини. Со намалувањето на брзината на ветерот ситуацијата се нормализира и водата повторно се врати во езерото.
Од брановите повторно настрадаа...
Post Views: 6
ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 19. 01. 2022 (среда) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот верски празник Богојавление-Водици.
На овој симболичен начин, ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето на истиот.
Post Views: 0
Синоќа на 82 годишна возраст во Скопје почина академик Цветан Грозданов. Грозданов е роден на 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација, специјалирал византологија во Париз. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Грозданов е првиот македонски министер за култура во експертската влада на Никола Кљусев. Беше претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, академик Цветан...
Post Views: 2
Водостојот на Охридското и Преспанското Езеро е намален за по еден сантиметар во споредба со вчера, додека нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР).
Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е девет сантиметри под апсолутниот минимум и е за 1,61 метар понизок од повеќегодишниот просек за септември. Пониско од просечното и тоа за 13 сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,59 метри повисок од просекот за овој месец.
Пониски...