Почина академик Цветан Грозданов

Почина академик Цветан Грозданов, голем Македонец, еден од најреномираните византолози, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.

 |  Николоска Биљана  | 

Синоќа на 82 годишна возраст во Скопје почина академик Цветан Грозданов. Грозданов е роден на 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација, специјалирал византологија во Париз. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Грозданов е првиот македонски министер за култура во експертската влада на Никола Кљусев. Беше претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, академик Цветан Грозданов бил избран за претседател на Советот за култура.
Грозданов зад себе остави огромен легат на полето на црковната ликовна уметност и нејзината историја. Особено ќе биде запаметено неговото дело посветно на св.Климент Охридски.
За својата научна дејност академик Грозданов има добиено голем број престижни награди и одликувања во земјата и во странство.
Посмртните останки на Грозданов ќе бидат изложени во црквата Св.Софија, утре на 1 април, од 13 до 14 часот. На чинот на опелото ќе началствува неговото високо блаженство архиепископот охридско – македонски г-дин г-дин Стефан, во сослужение на архиереите на македонската православна црква. Погребот ќе биде на градските гробишта во Охрид во 14ч. Општина Охрид комеморативна седница ќе одржи во понеделник, 2ри април.
По повод смртта на Грозданов и Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет Скопје во салата на МАНУ ќе одржат заедничка комеморативна седница на 3ти април во 13 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top