Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови

Post Views: 4 Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови. Локалната забрзано работи на овој проект откако пред извесно време Владата најави дека со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и сопствени средства во висина од 3,2 милиони евра ќе ја подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија. Средствата ќе се доделуваат преку Програмата за локална и регионална конкурентност која се спроведува како партнерство помеѓу Владата на РМ , ЕУ и Светската банка. Проектот за реконструкција на...

Continue reading

Свечено отворен ексклузивниот „Тамаро 10“ маркет во Охрид

Post Views: 40 На површина од 300 метри квадратни, во присуство на бројни партнери, јавни личности и пријатели на компанијата, денеска свечено беше отворен новиот „Тамаро 10“ маркет во Охрид. „ „Овој е ексклузивен маркет, со нов лик, најавува нешто ново што во иднина ќе следи, а во што потрошувачите ќе се уверат“ велат од „Тамаро“.  Во наредните две недели во „Тамаро 10“ ќе има бројни нови акции и изненадувања за потрошувачите. Ланецот маркети започна со работа во далечната 1997 година и од тогаш расте со прогресија од по еден маркет во просек на секои две години. Секој ден е се`...

Continue reading

“Некои менаџери од Wall Street требаше да се в затвор”

Post Views: 1 Поранешниот претседател на Американската централна банка, Ben Bernanke, смета дека повеќе директори од Wall Street требало да завршат в затвор поради нивните постапки кои доведоа до финансиска криза во целиот свет во 2008 година. Во интервјуто за дневникот USA Today, Bernanke рекол дека американското министерство за правосудство и другите агенции задолжени за криминални дела требало повеќе да се фокусираат и да ги прошират истрагата и обвиненијата против финансиските компании. “Но, јас повеќе би се насочил на истрага на  постапките на поединци, со оглед дека сѐ тргна...

Continue reading

Велигденски базар во Охрид, по петти пат

Post Views: 0 Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден петта година по ред на плоштадот „Крушевска Република“ се одржува Велигденски базар. Локалната самоуправа во соработка со ЈП „Градски Пазар “ и годинава преку овој настан покажува солидарност, еднаквост, поттикнување на социјалната вклученост на лицата во социјален ризик, како и промоција на автентичните македонски специјалитети кои се подготвуваат за време на големите пости но и за самиот ден Велигден. Вештите раце на вредните излагачи и годинава понудија интересни велигденски украси и специјалитети. „На нашата...

Continue reading

Голем дел од градилиштата во Охрид не се заштитени

Post Views: 1 Голем дел од градилиштата во Охрид не се заштитени. Граѓаните укажуваат дека истите се несоодветно оградени и не се обезбедени според прописите. Нивниот страв да поминат покрај објектите кои се во градба е оправдан. Во нашата редакција се пожалија граѓани за објектот кој што е во изградба, а е во непосредна близина на општинскта зграда наспроти средното училиште Св Кирил и Методиј. На балконите од тој објект имало градежен материјал, кој поради мало невнимание може многу да ги чини минувачите. Граѓаните бараат поголема одговорност од општинскиот градежен инспекторат....

Continue reading

spam sms

Внимавајте, „спам“ пораките може дебело да ве чинат!

Post Views: 7 Т-Мобиле ги извести своите корисници да не враќаат на повиците и смс пораките од броеви што почнуваат со префиксите +88, +22, +21 и +29. Според најголемиот мобилен оператор, се работи за измама односно т.н. спам, па доколку се повика бројот може да се очекува значително повисока сметка. „Затоа, се советуваат корисниците да не бираат повратно на овие броеви, зашто ќе имаат несакани трошоци. Воедно ги известуваме корисниците дека спам пораката која викендов циркулираше од броеви што почнуваат на +29, со содржина „Побарај ме итно“ и „Ме викаат итно“ откако е пријавена е...

Continue reading

Се менува навиката за селектирање на отпад кај охриѓани

Post Views: 2 ЈП Охридски комуналец и Пакомак од Скопје на територија на Охрид имаат поставено 60 кафези за хартија , 45 специјални садови за стакло и 13 за одлагање на ПЕТ амбалажа и лименки. На депониите и понатака завршуваат големи количини на текстил и лименки. Свеста за селектирање на отпадот кај граѓаните полека се менува и се подобрува, информира Слободан Рапешоски од РЕ Механизација од ЈП Охридски комуналец. Иако 50 посто од собраниот отпад може да се селектира и да се преработи засега се селектира само 20 посто од отпадот, вели Рапешоски. „Најмногу се селектира хартијата....

Continue reading

sednica

Одложено продавањето на објект на МЈП Проаква – Струга

Post Views: 1 Одложена е продажбата на вториот објект на МЈП Проаква, во Струга. На последната седница на струшкиот Совет не помина  точката за оттуѓување на недвижниот имот на МЈП Проаква Р.Е. Струга. Истата беше одложена за наредната седница. Сепак, градските власти и раководниот тим на  претпријатието, гледаат оправданост од една ваква постапка. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека продажбата на зградата би била во интерес на нови инвестиции за градот, а со самото тоа и ќе порасне и приливот на средства во општинската каса. „Во тој дел на градот има ДУП кој предвидува градба...

Continue reading

Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема

Post Views: 8 Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема. Повеќе нема да се толерира нелегално поставување столици и маси и друга опрема на јавни површини . Сите субјекти кои веќе поставиле ваква опрема, а за тоа не добиле одобрение ќе бидат соодветно санкционирани. Програмата за поставување урбана опрема е донесена во месец февруари годинава, но според информациите, досега постапката ја започнал само еден угостител. Физичките и правните лица можат и понатаму да поднесуваат барање за поставување урбана опрема , но додека не добијат одобрение не смеат да ја...

Continue reading

Бројни жртви во стампедо пред почеток на натпревар од Африканскиот куп

Post Views: 16 Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо пред натпреварот на Африканскиот куп на нации во Камерун, пишува Би-Би-Си. Видеата покажуваат дека фудбалските фанови се борат да добијат пристап до стадионот Пол Бија во главниот град Јаунде. Едно дете е меѓу загинатите, според извештајот на Министерството за здравство до кој дојде новинската агенција АФП. Во друг извештај се наведува дека одреден број деца ја изгубиле свеста. Стадионот има капацитет од 60.000 гледачи, но поради ковид ограничувањета не требаше да биде исполнет повеќе од 80 проценти. Се...

Continue reading

Николовски ќе ја унапредува соработката со Албанија во делот на трговската размена

Post Views: 7 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната средба со албанскиот министер за земјоделство и рурален развој Нико Пелеши, истакна дека итно е потребно на формирање на работни групи со надлежни институции помеѓу двете земји со цел унапредување на трговската размена. „Овде во Охрид се одржува нашата прва средба. За месец дена договоривме средба во Корча или во Тирана во Албанија. Драго ми е што отворивме повеќе прашања кои што со години стојат во нашата соработка како држави. Она што првин го дискутиравме е трговска размена помеѓу...

Continue reading

ОБЈАВЕН ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

Post Views: 3 Општина Охрид објавува Ликовен и Литературен конкурс во соработка со охридските основни училишта во склоп на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина. Конкурсот е на тема „СОНЦЕ, ПЛОДОВИ И ЛИСЈА ЦРВЕНИ И ЗЛАТНИ НАСЛИКАНИ НА НАЈУБАВОТО ЕСЕНСКО ПЛАТНО“. Повеќе информации прочитајте на следниот линк

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top