Post Views: 20
Од СВР Охрид ги известуваат граѓаните дека во периодот од сабота, 11-ти до среда, 15-ти септември 2021 година, на просторот кај езерската полиција во Охрид, тактички вежбовни активности, ќе имаат припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ (САЕ „Тигар“).
Во текот на тактичките вежби, што ќе се реализираат во различни периоди од денот, ќе биде користена маневарска муниција. За време на вежбите, ќе бидат преземени сите неопходни безбедносни мерки поради што, се молат граѓаните за разбирање и почитување на насоките на полициските службеници – информираат...
Post Views: 13
Влезот во стариот дел на Охрид преку Горна Порта, деновиве го блокира тешка механизација, реагираат мештаните од овој дел на градот. Поесбно возачите посочија дека чекаат и по неколку минути додека помине камионот натоварен со градежни материјали или со градежен шут. Исто така мештаните стравуваат дека поради тежината на товарот што го носат камионите, патот може да попушти. Од Секторот за комунални дејности, раководителот Томе Нанески појаснува дека за старото градско јадро пропишани се одредени правила кои мора секој инвеститор или изведувач да ги применува.
„Возила...
Post Views: 10
Црвениот двокатен автобус повторно ќе го гледаме низ градов. Од наредниов месец тој ќе биде ставен во функција. Панорамскиот автобус веќе една година не беше во возна состојба поради хулиганското однесување на несовесни граѓани кои целосно го демолираа.
Минатата година кога автобусот го извадивме во месец мај несовесни граѓани, посетители на клубот СЏ кој се наоѓа во рамките на СРЦ Билјанини извори го искрши со бекатон плочки и целосно го демолира, објаснува директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска.
Директорката на „Билјанини извори“ објаснува дека автобусот...
Post Views: 3
Координативното тело на општина Дебрца, формирано со цел да се спречи изградбата на регионална депонија во с. Годивје, утре на прес конференција ќе соопшти детали за најавениот протест закажан за во недела.„Координативното тело, составено од претставници на сите месни заедници на општината има за цел да се спречи реализацијата на проектот за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион на Република Македонија, во општина Дебрца, односно во атарот на селото Годивје“- информираат организаторите.
На прес конференцијат ќе се обрати Д-р Јадранка Бибан, член на...
Post Views: 3
Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2018 година, Општина Охрид објави јавен повик за промоција на физички лица кои вршат угостителска дејност, односно приватни станоиздавачи и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам.
Кандидати кои можат да аплицираат се сите физички лица регистрирани во регистарот на физичките лица даватели на угостителски услуги (приватни станоиздавачи) и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам. Јавниот повик се однесува за онлајн промоцијата на туристичката понуда на официјалната веб страна на Општина...
Post Views: 4
Кога купувате овошје од увоз, секако препорачливо е да ги погледнете броевите на етикатата од овошјето.
-Ако таа бројка се состои од четири цифри кои почнуваат со 3 или 4, тоа значи дека овошјето е одгледано по земјоделски правила кои важеле во втората половина од минатиот век, а тоа пак значи дека постојат големи шанси дека производителот користел вештачки ѓубрива. На пример, вака произведени банани се означени со броевите 4011, а лимоните со 4033.
-Ако овошјето кое имате намера да го купите има на етикетата пет цифри од кои првата е 8, станува збор за генетски модифициран...
Post Views: 7
Голем успех на ученичка од ОУ „Григор Прличев“ на меѓународен натпревар по англиски јазик. Емилија Николовска, ученичка во VII одделение во ОУ „Григор Прличев“ –Охрид се пласираше во финалето на Интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders –Hippo 2018. Таа заедно со својата наставничка, менторот Билјана Маркоска, ќе учествува во финалниот круг на ова натпреварување во Италија на 12 и 13 мај.
Post Views: 2
Важноста на (суб)специјалистичкиот упат сега е една година наместо, како досега, еден месец. Ова е големо олеснување за осигурениците со хронични заболувања што се лекуваат амбулантски и нема веќе потреба секој месец да обезбедуваат упат од матичниот лекар – појаснуваат од Фондот.
Kога осигуреното лице е примено како итен случај, повеќе нема потреба да се грижи за упат и административни работи, бидејќи здравствениот систем, во негово име, ќе ги заврши сите процедури во поглед на упатувањето, соопштуваат од Фондот за здравство. Промената е со цел да се изврши административно...
Post Views: 2
Станоиздавачите од мал обем и хотелиерите во одредени реони не ја уплаќаат реално туристичката такса, посочува Љупчо Јаневски директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во Македонија минатата година имало 1 милион туристи кои реализирале 2,7 милиони ноќевања. Истражувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот покажале дека плаќањето на туристичката такса затајува.
„Со последните двомесечни истражувања дојдовме до податоци дека е слаб одзивот на плаќање на туристичка такса во некои региони. Најголемите два туристички центри Охрид и Скопје...
Post Views: 0
Во Струга под итно треба да се постави ред во комуналните дејности. За таа цел советот на општина Струга даде зелено светло на одлуката за воспоставување на комуналниот ред, за што пак општината има потреба од назначување на комунални редари. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски, рече дека мерките за спроведување на комуналниот ред се важен сегмент за спроведувањето на законот.
„Ако до вчера се жалевме дека немаме соодветни законски решенија по однос на комуналните инспекции и дека имаме одредени активности кои што не можеме да бидеме истовремено ставени во...
Post Views: 7
Малку е направено за искористување на еколошките вредности во Дебрца. Исто така затајува и нивната промоција, пренесува првиот човек на оваа општина Зоран Ногачески. Но, градоначалникот открива дека оваа слика на почетокот на месец мај ќе се промени, односно, општина Дебрца отпочнува проект за заштита на биолошката разновидност во пограничните подрачја. Проектот ќе се реализира со Р. Грција, а носител е општина Дебрца заедно со Шумарскиот факултет и НП „Јасен“, а од грчка страна општина во близина на Солун, Терми и нивниот национален институт за биологија.
„Важно е дека...
Post Views: 5
Охридскиот студенски дом „Никола Карев“ ќе работи со полн капацитет во новата академска година. Станарите на домот ќе мора да ги почитуваат протоколите на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на ковид 19, информира Жарко Куциноски, директор на студенскиот дом.
Моментално се врши вселување на станарите во домот и апелираме да ги почитуваат мерките. Да носат заштитни маски, да нема групирање на студентите , да нема физички контакт при поздравување, а е забранет и влез за родителите/старатели на студентите – истакна Куциноски.
За редот и дисциплината...