Post Views: 8
Охридските еколози од Грашница се против изградба на регионална депонија во Дебрца или на било која друга локација. Нивниот предлог е да се продолжи со веќе започната селекција за собирање и рециклирање на отпадот од јавните и приватните претпријатија. Алтернативата ја гледаат преку едукација и пропаганда да се продложи со рециклирањето на отпадот и да се добива економски бенефит. На терен ги имаме садовите за собирање на отпад, а може да им се помогне и на собирачите на отпад, вели Стојаноски.
„Наместо да се дадат 40 милиони евра за депонија во Дебрца или некаде во...
Post Views: 2
Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Софија е уапсен 24-годишен маж поради неговите коментари на Фејсбук за трагедијата со македонскиот автобус на автопатот Струма, во близина на Боснек.
Како што објави БТВ, мажот ќе подлежи на истрага за ширење омраза врз национална основа. За вакви прекршоци законот предвидува казна затвор од една до 4 години и глоба од 2,5 илјади до 5 пет илјади евра, како и јавно извинување.
Post Views: 3
По повод 7 ми мај, Денот на македонската полиција за прв пат во Охрид ќе се одржи показна вежба на 5 ти мај. Подготовките за истата веќе почнаа. Уште денес охриѓани слушаат татнежи кои доаѓаат од градското пристаниште, во тој дел парадира и хеликоптер а таму и небото е обоено со жолто црвен чад.
„СВР почнувајќи од денес па се до 5 ти мај годинава на градското пристаниште во Охрид ќе ги реализира подготовките за показна вежба.Од СВР Охрид соопштуваат граѓаните да не се вознемируваат бидејќи во текот на подготовките ќе се употребуваат техничко тактички средства и опрема“
Од...
Post Views: 7
Асфалтиран дел од улиците „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“. На „Момчило Јорданоски“ се асфалтира делот од кружниот тек до пресекот со улицата „Прва македонска ударна бригада“ во должина од 230 метри и ширина од 5,70 метри, а делот кој се асфалтира на „Прва македонска ударна бригада“ е во должина од 840 метри во насока кон манастирот „Св. Атанасиј“, а ширината изнесува 4,50 метри.
Активностите за асфалтирање се реализираат согласно годишниот план за асфалтирање на општина Охрид, а средствата се целосно обезбедени од буџетот на Локалната самоуп...
Post Views: 2
Во тек e огласот за прибирање понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема. Секоја година општина Охрид издава површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење и тоа за продажба на сладолед на 12 локации, книги на 4 локации, на 8 локации продажба на сувенири, како и продажба на уметнички слики на 8 локации, а храна ќе се продава на 10 локации. Годинешната програма има измени од минатите години, а највпечатливо е тоа што значително е намален бројот на одобрените локации за поставување урбана опрема особено оние на...
Post Views: 13
На спомен обележјето во селото Цер, Кичевско, каде пред 113 години се случи херојската саможртва на војводата Христо Узунов и неговата чета, денеска се одржа панихида, проследена со пригодна програма. По панихидата, пред присутните, за ликот и големото дело на војводата Христо Узунов, зборуваше проф. Виолета Петкоска, историчар.
„Треба да сме среќни зошто имаме од кого да учиме. Ова е мигот кога зататнило оружјето, а затаил разумот. Секоја година ми доаѓаат помислите како и е на секоја мајка која не можела да го сврати своето чедо од идејата да биде пример за идните...
Post Views: 0
Изградбата на регионална депонија во атарот на село Годивје не само што ја крена јавноста од овој регион туку по ова прашање се изјаснија и експерти од архитектонскиот факултет од Скопје. Деканот на овој факултет професор Огнен Марина вели дека за жал како установа не биле вклучени во процесите, бидејќи и во тој дел има планирање, но смета дека постоењето регионална депонија е насушна потреба.
„Собирањето на различни видови на отпад има суштинско значење на квалитетот на живеењето во градовите. Во однос на потребите за регионални депонии јас би рекол со една резерва...
Post Views: 2
Две експлозии одекнале на раскрсница во центарот на Анкара во Турција и настрадале голем број на луѓе, јавува Independent. Причините за експлозиите сеуште не се познати.
Спрема првите, непотврдени извештаи, се појавиле фотографии на крвави тела, а до експлозиите наводно дошло пред маршот за мир на кој требало да се протестира против конфликтот помеѓу Турција и курдските милитанти на југоистокот на земјата.
Спрема некои информации, за нападот е одговорен бомбаш самоубиец, а владата сеуште ги истражува тие наводи, но нападот веднаш го прогласиле за терористички чин, јавува...
Post Views: 1
Улицата „Македонија“ и престојнава туристичка сезона останува сообраќајница, открива првиот човек на градот, Јован Стојаноски. Денес во Охрид беше презентирана тренинг програмата за адаптирање на оваа улица во пешачка зона. Градоначалникот кажа оваа програма сеуште е во рана фаза која се состои од размислување и проектирање на идниот изглед на улицата „Кеј Македонија“, додавајќи дека општина Охрид досега го завршила само тендерот за изработка на режимот за сообраќај.
“Во рамките на тренинг програмата за урбан холистички пристап, понатаму треба да предизвика и донесувње...
Post Views: 0
Со предлог измените во Законот за животна средина се предвидува нов начин на плаќање на давачката за регистрација на возилата. „При определувањето на висината на надоместокот ќе се земе предвид негативното влијание што го предизвикува возилото врз животната средина во однос на видот на горивото што се користи во возилото и неговата старост“, се вели во предлог законот за изменување и за дополнување на Законот за животна средина.
Од Министерството за животна средина потврдуваат дека во план е подготвување подзаконски акт за воведување дополнителни надоместоци за намалување...
Post Views: 8
Охридскиот војвода Христо Узунов е еден од македонските великани чии идеали се пренесуваат од колено на колено, од генерација на генерација, од востание на востание се до конституирањето на слободна независна и самостојна Р. Македонија. Денес училиштето кое го носи неговото име, со низа свечености го одбележува патрониот празник, а општина Охрид одбележува 140 години од раѓањето и годишнината од херојската погибија на војводата Христо Узунов.
„Се поклонуваме пред славниот охридски војвода Христо Узунов и неговото револуционерно дело и чинот и саможртва. Во тешката и...
Post Views: 5
Споменикот на револуцијата во Струга претворен е во невидена руина. Местото на градскиот плоштад, каде до пред само некоја година постарите стружани враќајќи се од пазар да се одморат и да се напијат голтка вода, а помладите да се состанат и разменат по некој муабет, не само што ја грди сликата на градот туку претставува општа опасност по безбеднодта на луѓето. Расфрлан отпад насекаде, искршени плочки и фрлени во фонтаната која одамна не е во функција, отворени дупки долги дури и по два метри а длабоки по половина метар, шахти, искршени столчиња и што уште не, се дел...