Кои од охридските плажи ќе добијат нови концесионери

Post Views: 2 Дел од охридските плажи ќе добијат нови концесионери, а дел ќе останат кај истите. За сите закупци на кои им завршија договорите во 2017та год. ќе има ново наддавање на кое можат да учествуваат и тие, но можат да се пријават и нови заинтересирани. Со плажата ќе стопанисува оној кој ќе понуди највисока цена на наддавањето. Сите оние на кои им се завршени договорите во 2017 год. се дел од оваа одлука и согласно законските прописи ќе бидат понудени на јавно наддавање. Со уредба на Влада од 2016та година е регулирана цената според која закупците на плажите и плаќаат на општината....

Continue reading

Рекордни минус 33 степени утрово измерени во Црна Гора

Post Views: 0 Рекордно ниска температура од минус 33,2 Целзиусови степени, утрово е измерена во Црна Гора, во местото Косаница во општина Плевља, потврди метеорологот Душан Павиќевиќ. Досега најниска температура била регистрирана во 1985 година во Рожаје, минус 32 степени. Во Црна Гора денеска се очекува претежно сончево време, а највисоката температура ќе изнесува девет степени. Во северниот дел од земјава ќе има посилен мраз, а по котлините можна е појава на магла или зголемена ниска облачност. Според Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија, во одредени делови од земјата...

Continue reading

„Жогарија –Лоптарија“ спортски настан кој ги собра охридските основци на фер плеј

Post Views: 3 Охрид беше домаќин на голем спортско рекреативен настан насловен како „Жогарија – Лоптарија“. Спортското одмерување на вештините под ова мото се одржува кај нас за прв пат , а по 13-пат се случува на меѓународен план. Сто и шеесет ученици од осум охридски основни училишта, како и најмалите од детската градинка „Јасна Ристеска“ се натпреваруваа во фудбал, три на три и други спортски вештини во СРЦ „Билјанини извори“. Малите учесници во спортските игри ги поздрави Јован Стојаноски, градоначалникот на Охрид. Во обраќањето Стојаноски укажа на позитивното влијание на спортот...

Continue reading

Во четврток со “Крик за љубов“ Народниот театар Охрид ја започнува новата сезона

Post Views: 6 Со премиерата на претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Народниот театар Охрид ја започнуваат новата сезона. Претставата ќе се игра во четврток, на 16-ти септември 2021 година, со почеток во 20:00 часот во Големата сала при Центарот за култура. Играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски. Билетите по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Телефон за резервации 046/261-063 и 075/283-066. Претставата...

Continue reading

Охридските советници на располагање на граѓаните во советничка канцеларија

Post Views: 1 Од наредната недела  советниците при Советот на општина Охрид  ќе започнат со дежурства со цел да им излезат во пресрет на  барањата на  охриѓани за побрзо решавање на проблемите од општествената сфера. Советничката канцеларија во општинската зграда за охриѓани ќе биде отворена во два работни  дена од неделата,  вторник и четврток  во период од 11 до 15 часот. Во деновите за прием на странки ќе дежураат по еден советник од власта и опозицијата.

Continue reading

Статутот на ЈП „Градски гробишта“ не претрпе измени на денешната седница на совет

Post Views: 7 Не се изгласа измената на статутот на ЈП „Градски гробишта“. На денешната седница оваа точка не доби мнозинство гласови бидејќи опозицијата гласаше воздржано, а од позицијата гласаа само 11 советници.Недостатокот на гласови беше поради отсуството од оправдани причини на двајца советници од позицијата. Оваа точка повторно ќе биде ставена на дневен ред и статутот ќе го донесеме на следната седница, вели Георгиески. Директорот на ЈП „Градски гробишта“, Ванчо Костоски рече дека доколку не се измени статутот на претпријатието тоа многу негативно ќе се одрази врз неговото...

Continue reading

Спасовски: Нашата земја има капацитет за заштита на вип личностите и објектите

Post Views: 5 Обезбедувањето е ризична професија, која бара максимален ангажман, посветеност и концентрација на лицата кои работат во оваа област. Во борбата против криминалот, тероризмот, фанатизмот, се соочуваме и со најгрозоморните, непоимливите начини на дејствување на човекот. Заканите кон безбедноста се менуваат секојдневно, а тоа само по себе бара инвентивност во смисла на изнаоѓање на нови методи и техники, но и задржување присебност во моменти кога се чини дека е тоа невозможно“, рече министерот Оливер Спасовски, на отварањето на Првата научна конференција за обезбедување...

Continue reading

Голема побарувачка по првиот лаптоп на Microsoft

Post Views: 0 По неодамнешната конференција на која Microsoft го претстави својот прв преносен компјутер, новиот модел Surface hybrid и првите паметни телефони кои ќе ги покренува Windows, на технолошките портали може да се прочитаат сѐ повеќе текстови со суперлативи за компанијата и извршниот директор Satyi Nadell. Така, некои од порталите велат дека Microsoft под Nadell стана интересна и возбудлива компанија чии производи ќе се исчекуваат со големо нетрпение, а спрема новинарот на BGR, нивниот прв лаптоп Surface Book би можел да биде најинтересниот производ кој Microsoft го претставил...

Continue reading

Повик до граѓаните да пријават штети од невремето со ветер, силен дожд и град

Post Views: 3 Локалната самоуправа објави јавен повик до граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека невремето проследено со ветер, силен дожд и град  кое го зафати  подрачјето  на Општина Охрид на 06.05.2018 година, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( земјоделски површини засадени со култури, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот  од 08.05.2018 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина...

Continue reading

logo

Македонија со своја насловна во чешкиот „Travel digest“

Post Views: 0 Реномираното чешко списание за туризам и патување „Травел дигест“ во најновиот број ја претставува Македонија и нејзините туристички потенцијали. Како што јави дописникот на МИА од Прага, на пет страници под наслов „Македонија – дива убавина која чека да ја откриете“ се претставени природните убавини и културно-историското наследство на нашата земја. – Од малата, планинска земја се дојдени Александар Велики, просветителите Кирил и Методиј, а речиси 1.000 години подоцна и Мајка Тереза. Откријте ја богатата историја, нескротливата природа и словенската гостопримливост...

Continue reading

Општата болница во Охрид и ОУ „Св. Климент Охридски“ денес добија донации

Post Views: 9 Инвалидски колички, кревети, душеци, сталаци за инфузија и друга медицинска опрема доби денес Општата болница во Охрид. Тоа е дел од донацијата која и беше дадена на болницата од страна на Здружението за христијанска помош од Визмар, Германија кое има повеќегодишна соработка со градов. Директорката на болницата Славица Малеска рече дека опремата пред се е наменета за детското одделение, но некои помагала ќе бидат распределени и на останатите одделенија. Секоја донација е добредојдена посебно во овие тешки времиња за болницата. Соработката со здружението ќе продолжи и...

Continue reading

dokument petko

Концесија или јавно-приватно партнерство

Post Views: 3 Што ќе донесе ЈПП за три комунални дејности на ЈП „Комунално“, Струга? Подобар квалитет на услугите или повисоки цени. Мислењата на стружани околу оваа проблематика поделени. Како што ТВМ веќе информираше, кванташкиот пазар, пајак службата и рециклирањето на комуналниот отпад, отидоа во рацете на два ДОЕЛИ од Велешта „Бени Маркет“ и „Албафокс“  и една на „Сити Логистик“ од Скопје. Додека во Македонија на прсти можат да се избројат успешно спроведени постапки за јавни приватни партнерства, Комунално од Струга за нецела година ја спровело постапката за вакви партнерства...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top