„Жогарија –Лоптарија“ спортски настан кој ги собра охридските основци на фер плеј

 „Жогарија –Лоптарија“ спортски настан кој ги собра охридските  основци на фер плеј. Спортуваа и најмалите од детската градинка.  Научете дека спортот е игра, резултатот е битен, но сепак дружењето е најбитно, им порача во обраќањето охридскиот градоначалник на малите спортисти. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охрид беше домаќин на голем спортско рекреативен настан насловен како „Жогарија – Лоптарија“. Спортското одмерување на вештините под ова мото се одржува кај нас за прв пат , а по 13-пат се случува на меѓународен план. Сто и шеесет ученици од осум охридски основни училишта, како и најмалите од детската градинка „Јасна Ристеска“ се натпреваруваа во фудбал, три на три и други спортски вештини во СРЦ „Билјанини извори“. Малите учесници во спортските игри ги поздрави Јован Стојаноски, градоначалникот на Охрид. Во обраќањето Стојаноски укажа на позитивното влијание на спортот врз градењето на здрави животни навики. Нека победи најдобриот во коректните и фер игри. Уживајте и вложувајте се во секој натпревар во кој ќе учествувате. Научете дека спортот е игра, резултатот е битен но сепак дружењето е најбитно, им порача Стојаноски на најмладите охриѓанчиња.

„ Ние како општина Охрид во рамки на своите надлежности секогаш ќе се трудиме да ги подржуваме ваквите и слични спортски случувања.Тие се битни за сите нас. Вие сте нашите деца и иднината на нашиот град. Ви посакувам да имате незборавен ден“, порача при тоа градоначалникот Стојаноски.

Запомнете, сите ние сме деца, вие млади, а ние повозрасни. Секој кој во себе носи младешки дух не зависно од возраста ќе биде успешен. Фер- плеј играта има кружна форма како топката. Некогаш сте горе, а некогаш долу во тој круг, им порача Милан Јазбец словенечки амбасадор во Р. Македонија на охридските основци.

„ Не заборавајте секогаш максимално да се трудите не зависно на која позиција сте затоа што на крај ќе бидете дарувани со успех. Вие сте нашата иднина и гордост“, им порача Јазбец словенечкиот амбасадор во Р. Македонија на охридските основци.

Спортската манифестација “Жогарија – Лоптарија“ е во организација на Медиа спорт од Словенија, а покровител е општина Охрид. Славко Сагашчеќ од организациониот одбор им посочи на децата дека спортските игри не треба да се сфатат како битки туку како натпревар во кои победуваат најдобрите. Спортско рекреативниот настан се одржува во осум држави покрај во Македонија и во Словенија, Црна Гора, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Србија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top