Post Views: 1
Секојдневно се` повеќе спортски и еко друштва, големи компании и здруженија се пријавуваат да бидат дел од големата Еко акција „Мој Охрид, чист Охрид“, за детално чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона.Членовите на атлетскиот клуб „Охрид“ денес го најавија своето учество во еколошката акција за разубавување на Охрид. Покрај останатите поддршка на акцијата најавија и охридските ротаријанци, заедно со Здружението З’ш авантура.
Акцијата која ќе се одржи на 9-ти јуни е иницирана од Супер радио, со поддршка на бизнис секторот, охридските медиуми,...
Post Views: 5
Денес се спроведе акција за расчитување на локалитетот „Горна Порта“ каде се опфатени пристапните патеки околу ѕидините на Самоиловата Тврдина и шумскиот појас на овој потег. Подигнати се големи количини расфрлан комунален отпад.
Екипите на „Паркови и зеленило” продолжија со активностите за тековно одржување на дрворедот по булеварот „Tуристичка”. Се интервенира на потегот од кружниот тек кај гимназијата до пресекот со улицата „Даме Груев”.
Упатуваме апел до граѓаните, заради безбедно спроведување на активностите, да се воздржат од паркирање на автомобили на овој...
Post Views: 4
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска одржа работна средба со постојните и новозаинтересираните закупци на охридските плажи на која се разговараше за текот на постапките околу закупување на плажите во пресрет на летната туристичка сезона.
Закупците беа информирани дека согласно одлуката на градскиот Совет почетната цена за издавање под закуп за метар квадратен ќе биде 90 денари. Цената се однесува за плажите во централното градско подрачје и првата зона , а наддавањето ќе биде по електронски пат и се очекува да се реализира наредниве денови. Плажите...
Post Views: 1
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ја објавија листата со кандидати за членови на Советот на општина Охрид. Носител на листата е претседателот на Општинскиот комитет, Сашо Донев.
Отчетноста, транспарентноста како и чесна и честита работа се одликите на сите наши луѓе како идни претставници на охриѓани, професионалци на вистинските места. Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години. На 17 октомври заедно да започнеме нови успеси, развој и решенија за подобар Охрид. Заедно сплотени да се избориме за нашите семејства, за нашите...
Post Views: 4
На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, утре (18.05.2018 г.) , со почеток во 12 часот, ќе се одржи традиционалната матурска парада. На единаесеттата матурска парада, на Штраусовиот „Квадрил“ , охридските матуранти истовремено ќе танцуваат со нивните врсници од шеесетина градови од Европа.
Post Views: 5
Во селото Вишни се слави селската слава Спасовден. Вишненци имаат посебен обичај поврзан со празнувањето на Хрисотвото Вознесение. Тие го слават култот на Св. Спасица Вишненска. Веруваат дека нејзините мошти кои се чуваат во селската црква имаат чудотворна моќ. Со векови од селската црква Св Атанасие моштите на светицата се пренесуваат во пештерската каде што таа го поминала својот живот и го сочувала христијанството. Во Вишни, култот кон света Спасица трае шест века, почнува некаде од крајот на 14 и почетокот од 15 век. Легендата зборува дека Спасе и Спаса биле брат...
Post Views: 0
Се повеќе велосипедисти, а се помалку простор каде да се вози. Локалната сериозно размислува како да ја подобри велосипедската инфраструктура во градов и да направи патеки по кои ќе може да се вози без притоа да се стравува дека може некој да настрада.
Сите некако сме го заговарале и како политичари и како граѓани решавањето на проблемот со велосипедските патеки во Охрид и ние како општина во овој период преминавме кон изработка на сообраќајната студија од која треба да произлезе и решението за велосипедските патеки. Тендерот е веќе при крај и наскоро ќе пристапиме кон...
Post Views: 5
“Секако, не се бориме за поедини лидери, ги браниме нашите интереси…, рекол рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за руската телевизија.
“Како второ, имаме барање од легитимните сириски власти и тоа е основата на нашето делување”, додал Медведев.
Медведев истакнал дека Русија во Сирија се брани од заканите на исламските екстремисти.
“Претседателот Путин рече: очигледно е, ако не ги искорениме тие терористи таму каде што се наоѓаат, тие ќе дојдат во Русија”, рекол рускиот премиер.
Тој истакнал уште и дека не им е важно дали сирискиот претседател Башар Ел...
Post Views: 0
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски присуствуваше на инфо сесијата на тема „Потреба од промена на развојната програма во делот на класификацијата и стандардизацијата во туризмот и угостителството“ што денес се одржува во Охрид .Градоначалникот Стојаноски на почетокот од сесијата на учесниците им посака добра и успешна работа кој ќе донесе плодни резултати и заклучоци за унапредување на бизнис климата во градов и државава. Настанот се однесува на сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со потешкотии во имплементирање на законот за туризам...
Post Views: 6
Mинистерството за образование и наука следната недела јавно ќе ги објави прашањата што ќе бидат на екстерното тестирање.
На посебна веб страница ќе бидат ставени вкупно 415.000 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик од 5.700 предмети. Екстерното тестирање оваа година ќе се спроведе од 2 до 10 јуни и ќе бидат опфатени вкупно 183.511 ученици од 678 основни и средни училишта.
Во вкупната бројка на ученици влегуваат сите од 4-то одделение во основно училиште до 3-та година во средно образование”, соопшти министерството за образование и наука. Со...
Post Views: 7
Во големата сала на општина Охрид, утре (17.05.2018 г.), со почеток во 14 часот ќе се одржи средба со концесионерите на плажите. На средбата ќе се разговара за текот на постапките околу концесионирањето на плажите во пресрет на годинашнава главна туристичка сезона.
Post Views: 9
Со доделување на сертификатите на учениците, учесници во „Зелената Академија“ отпчна првата активност на проектот „Посвојте парк“. Станува збор за мошне важен преокт од областа на екологијата, чија што цел е да се развие свеста кај младите за еколошките проблеми со кои се соочува Македонија, како и тоа да се инспирираат сами да преземат активности за да ја подобрат лошата состојба во која се наоѓа замјава во насока на еколошка свест, вели Катерина Василеска проектниот координатор од „Локалната агенција за развој“.
„После оваа активност, „Зелената академија“ која што...