Акција за расчистување на локалитетот „Горна Порта“

Денес се спроведе акција за расчитување на локалитетот „Горна Порта“ каде се опфатени пристапните патеки околу ѕидините на Самоиловата Тврдина и шумскиот појас на овој потег. Подигнати се големи количини расфрлан комунален отпад.

 |   | 

Екипите на „Паркови и зеленило” продолжија со активностите за тековно одржување на дрворедот по булеварот „Tуристичка”. Се интервенира на потегот од кружниот тек кај гимназијата до пресекот со улицата „Даме Груев”.

Упатуваме апел до граѓаните, заради безбедно спроведување на активностите, да се воздржат од паркирање на автомобили на овој потег во периодот 08.00 часот-13.00 часот секој работен ден до 10.03.2022 година – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top