Post Views: 7
Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура. На надзорната расправа тема беше „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство“ . Од исказот на охридскиот градоначалник Јован Стојаноски даден пред собраниската комисија за култура најприоритетна задача е донесување на измени на Законот за управување со Охридскиот регион како и донесување на План за управување.
„ Во мојот исказ кажав дека...
Post Views: 2
Поставувањето на урбаната опрема, хроничен проблем во Струга. Изминативе 4 години во оваа сфера владее хаос во вистинска смисла на зборот, реагираат од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Години наназад укажуваме на пропустите кои се прават од страна на Локалната самоуправа, од каде не убедуваа дека имаат капацитет да се справат со проблемот, дававме наши забелешки, но досега не се најде начин проблемот да се реши, вели Јулијана Зуноска, советничката на ВМРО – ДПМНЕ. Таа додава дека програмата за поставување на урбана опрема за 2013, е копија на онаа од минатата година,...
Post Views: 6
Мечка напаѓа улишта со мед во околината на неколку охридски села , јавуваат охридските пчелари. До редакцијата на ТВМ пристигнаа фотографии од уништени пчелни кошници во реонот на селата, Куратица, Опеница, Скребатно, Лакочереј, Расино, Вапила и Сирула. Тони Јосифоски, претседателот на охридското здружение на пчелари, јавува дека се уништени над 60 пчелни семејства и 15 тина пчелари од нивното здруженеи претрпеле огромни штети. Јосифоски апелира инспекторите од надлежното министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство и во викенд да излегуваат на терен за да...
Post Views: 6
На 12.09.2021 година од 15 до 20 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници регистрирале и санкционирале 23 возачи на патнички моторни возила кои, претекнале други возила на места каде е забрането престигнување (Охрид-12, Струга-04, Кичево-04, Дебар-03).
Сообраќајните контроли кои континуирано се преземаат, се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Граѓанското здружение „Совест“ упорно во своето барање градежниот инспекторат да постапи согласно законите и изграденото кај Али Пашината џамија да се прогласи за дивоградба. Одржана уште една прес конференција на оваа тема на која беа истакнати нови факти дека се она што се прави на оваа локација е многу контрадикторно. Од здружението потенцираа дека имаат сознанија дека конзерваторското решение за објектот било издадено во јуни 2016 година. Според законските нормативи тоа важи доколку по истекот на две години од неговото издавање се обезбеди сета потребна документација...
Post Views: 0
Граѓанското здружение „Совест“ упорно во своето барање градежниот инспекторат да постапи согласно законите и изграденото кај Али Пашината џамија да се прогласи за дивоградба. Одржана уште една прес конференција на оваа тема на која беа истакнати нови факти дека се она што се прави на оваа локација е многу контрадикторно. Од здружението потенцираа дека имаат сознанија дека конзерваторското решение за објектот било издадено во јуни 2016 година. Според законските нормативи тоа важи доколку по истекот на две години од неговото издавање се обезбеди сета потребна документација...
Post Views: 7
Се одржаа спортски игри помеѓу децата од предучилишна возраст од охридските и струшките градинки. Децата се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини со топки и влечење јаже. Навиваа и спортуваа, а нивните лица кажуваа колку се среќни .
Денешниот спортски настан е дел од проектот за ран детски развој и здрави животни навики , посочува Мери Рилкоска директор на детската градинка Јасна Ристеска. На овој начин се развиваат локомоторните вешини, натпреварувачкиот дух и сите деца се победници, вели Рилкова. Таа додава дека во детските градинки се посветува големо внимание...
Post Views: 1
Охриѓани бараат ЈП „Охридски Комуналец“ порано да го подига сметот. Велат дека во пролетниот и летниот период кога во градов е зголемен бројот на туристи пожелно е отпадот да биде собран во раните утрински часови. Особено ова го потенцираат угостителите кои имаат свои објекти во центарот на градот.
Пракса во ЈП „Охридски комуналец“ не само оваа туку и изминатите години е во летниот периот почнувајќи од 1ви јуни да го поместуваме работното време од 7часот во 6часот за навремено да ги испразниме контејнерите и да не се создава гужва и неубава слика и пред мештаните и пред...
Post Views: 3
Кинескиот интернет трговец Alibaba ќе отвора канцеларии ширум Европа во настојување да привлече што повеќе продавачи на својата платформа.
Alibaba ќе отвора “амбасади” во Италија, Франција и Германија, пишува Financial Times.
“Во минатото само големите мултинационални компании ги продаваа своите производи во странство, но во последните неколку години тоа се смени”, коментирал Michael Evans претседател на управниот одбор на Alibaba, додавајќи дека со овој потег ќе се овозможи луѓето од европските земји да ги продаваат своите производи во Кина, но и Кина ќе тргува со остатокот...
Post Views: 0
Охрид го одбележа денот на пожарникарството. Градоначалникот Јован Стојаноски, претседателот на Советот и директорите на јавните претпријатија го посетија објектот на територијалната противпожарна единица и извршија увид во нивната работата. Градоначалникот на охридските пожарникари честитејќи им го денот, се заблагодари за нивната пожртвуваност и професионалност во извршувањето на нивните обврски и им посака помалку работа . Командирот на ТППЕ, Спасе Прентоски ја истакна важноста за одбележувањето на денот на пожарникарството, кој во нашата земја се прославува од нејзиното...
Post Views: 7
Во првото четиримесечје од годинава градежната компанија Адора Инженеринг продаде 120 елитни висококвалитетни станови во Скопје и Охрид, во просек по 1 стан днево и 30 продадени станови месечно, што е потврда дека прометот на недвижности не само што не опаѓа, туку дека лидерот во високоградбата во Македонија освари забележлив растечки тренд во однос на продажбата во првото четиримесечје во 2013-та година.
„Од почетокот на годинава до крајот на април Адора Инженеринг продаде 7081 м? станбен простор што значи дека купувачите го препознаваат повеќегодишното инвестирање...
Post Views: 20
Нема повеќе паушално плаќање и аконтација за потрошена вода. МЈП „Проаква“ од неодамна отпочна со реализација на нов проект, односно на сите водомери ќе бидат монтирани картички со бар кодови. Со еден ваков проект првиот човек на водоводното претпријатие Владимир Алексијоски смета дека ќе ги реши сите проблеми кои досега се јавуваа со паушалното и аконтативно плаќање на потрошена вода.
„Согледувајќи ги досегашните аномалии во врска со внесувањето на состојбите на броилата од потрошувачите, одлучивме да воведеме новина а тоа е поставување бар кодови на самите броила...