„Адора Инженеринг“ продава по еден стан дневно

Во првото четиримесечје од годинава градежната компанија Адора Инженеринг продаде 120 елитни висококвалитетни станови во Скопје и Охрид, во просек по 1 стан днево и 30 продадени станови месечно, што е потврда дека прометот на недвижности не само што не опаѓа, туку дека лидерот во високоградбата во Македонија освари забележлив растечки тренд во однос на продажбата во првото четиримесечје во 2013-та година.

adora
адора

adora„Од почетокот на годинава до крајот на април Адора Инженеринг продаде 7081 м? станбен простор што значи дека купувачите го препознаваат повеќегодишното инвестирање во квалитетна градба со примена на европските стандарди, врвната геомеханичка стабилност и асеизмичност на објектите потврдена со вештачки земјотрес, вградувањето повеќе железо и бетон по м? во изградба на економични енергетски ефикасни  објекти од А класа, кои се подготвени за енергетски пасош. На драстично зголемената продажба на станови во Адора Инженеринг влијаат и поволности што на купувачите им ги нуди компанијата заедно со прифатливите  станбени кредити со банките, како и проектот „Купи куќа, купи стан” и поволната бизнис клима во градежниот сектор во Македонија”. – порачува проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг, кој потенцира дека темпото на продажба но компанијата го следи трендот на градбата, што наметнува зголемување на динамиката со нови инвестициони зафати и почеток на проекти за изградба на нови елитни станбено-деловни објекти на овој единствен градежен супербренд на атрактивни и ексклузивни локации во Скопје. 

Забележливо зголемената продажба на станови годинава и новите инвестициски проекти се резултат на остварените планови и визии на менаџерскиот и стручен тим на Адора Инженерин, со што оваа компанија која е меѓу најуспешните во државава, дава директен придонес во македонската економија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top