Педалинките и ова лето опасност за капачите

Post Views: 6 Викендов за влакно избегната несреќа во водите на езерото. Пет девојчиња кои биле качени на педалинка ќе настрадале во близина на плажата Немо. Педалинката потонала, а тие за среќа успеале да испливаат до брегот. Само две од нив имале елеци за спасување, а на оваа плажа нема ангажирани спасители на вода. Имаме доста интервенции на педалинки кои не се технички исправни, кои имаат одредени недостатоци и кои лесно потонуваат и кои се издаваат и на лица кои не се пливачи и на лица кои се малолетни, а и на поголем број на лица отколку што е капацитетот на самата педалинка,...

Continue reading

ОК ВМРО ДПМНЕ: Жителите на Стар град не бараа рампи и не се должни да плаќаат за картички

Post Views: 3 Поставувањето на рампите во центарот на градот и Горна порта, во период кога туристичката сезона е започната, за ОК на ВМРО ДПМНЕ е неразумен и несовесен потег на локалната власт. Според нив решението на локалната да се ограничи движењето на автомобилите во стариот град преку издавање специјални пропусници само за жителите на тој дел е проблематично од повеќе причини. „Наместо општество за сите, зошто ги делите граѓаните со специјални пропусници? Знаеме дека немаат сите жители на Стариот дел на своите дозволи место на живеење токму од Стар град, а за туристите воопшто...

Continue reading

Руски авион со 224 патници се сруши над Синај

Post Views: 3 Канцеларијата на египетскиот премиер објави дека руски цивилен авион се сруши над средишниот дел на полуостровот Синај и дека е основана комисија која ќе ги истражува околностите под кои се случила несреќата. Воздухопловни извори изјавиле дека во авионот се наоѓале 217 патници и седум членови на екипажот, пренесува агенцијата AFP. Медиумите порано изјавија дека египетската контрола на летање изгубила контакт со патничкиот авион недолго откако полетал од аеродромот во Шарм Ел-Шеик кон Русија. Изворот наведува дека во авионот се наоѓале воглавно руски туристи. Руската...

Continue reading

Човекот амфибија со помош на јога руши рекорди

Post Views: 9 Јане Петков, човекот амфибија, ќе плива во Охридското езеро со врзани раца и нозе во вреќа. По 2013 година, кога се запиша во Гинисовата книга на рекорди, ова е негов втор обид да постави светски рекорд, во како што вели, најубавото езеро во светот. 64 годишниот бугарин од Сандански кој на 24 јули ќе плива 3,5 км открива дека за несекојдневниот подвиг се подготвува со помош на јога. Раскажува дека со техниката на дишење ќе го надополни хемоглобинот во неговата крв кој во моментов е многу понизок од нормалните вредности кај човекот. „ Мојот хемоглобин е низок, но јас...

Continue reading

ubistvo

Приведен осомничениот за убиството на матурантот од Ѓорче

Post Views: 14 Полицијата го уапси Насер Е., осомничен за убиството на матурантот од Ѓорче Петров што се случи во понеделникот попладне. По синоќешните демонстрации во населбата, ситуацијата утрово е мирна. Ангел П. беше убиен вчера во близина на Европската очна болница во населбата Ѓорче Петров. Убиството се случи откако Насер Е. од дворот на куќата на жртвата украл велосипед. По кражбата, Ангел П. и татко му со автомобил почнале да го бркаат крадецот, а кога му се доближиле продолжиле да го бркаат пешки. Матурантот стигнал до крадецот и почнала тепачка меѓу нив. Неофицијално момчето...

Continue reading

Поствулканската појава Дувало ќе стане туристичка атракција

Post Views: 6 Поствулканската појава Дувало ќе стане туристичка атракција. Оваа идеја датира одамна но сега во тек е имплементација на проектот „Дувало“ : од предизвик до решение – Промоција и заштита за одржлива заедница”. Основна цел на проектот е да се подигне степенот на заштита и промоција на природната рекост „Дувало“ преку вклучување на локалната заедница. „Дувало“ претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5м и длабочина од 30см. „Дувало“ претставува последен...

Continue reading

Impakt

Врвна организација, стил, елеганција-Импакт Груп ја освојува и Струга

Post Views: 7 Фантазијата, идејата, инспирацијата во својата најелегантна форма, пристигнаа и во Струга. Виновници за тоа се луѓето од познатата компанија за организирање на свечености „Импакт Груп“ од Охрид. Компанијата која веќе 5 години успешно работи во нашиот град и веќе 5 години создава свечености на кои луѓето со радост се сеќаваат, ја прошири својата дејност и во соседна Струга. Од најмалиот детал, до организирање на целокупното свечено искуство, големата ангажираност во Охрид, сега ќе ја пренесат и во Струга. „Тоа не наведе да отвориме уште една подружница во Струга. Клиентелата...

Continue reading

Едно охридско семејство пријавено да згрижи деца без родителска грижа

Post Views: 2 Во Охрид, полека заживува деинституционализацијата на децата без родителска грижа од државните домови да бидат сместувани во згрижувачки семејства. Од први јуни, годинава,тече кампања на министерството за труд и социјална политика која ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца кои се лишени од топлината на семејниот дом. Неим Сулејман, в.д. директор на охридскиот центар за труд и социјална политика, информира каков е досегашниот ефект од оваа кампања во Охрид. „Од почетокот на кампањата има само едно заинтересирано лице, жена, како потенцијален згрижувач на...

Continue reading

Навивачката група „Рибари“ доби забрана за присуство на ракометното дерби

Post Views: 22 И покрај сите наши напори и заложби на секој можен начин, за жал добивме одговор дека имаме забрана да присуствуваме на утрешното дерби помеѓу екипите на РК „Охрид“ и РК „Струга“, објавија на официјалниот профил од навивачката група „Рибари“ од Охрид. Крајно сме разочарани и бесни од овој однос бидејќи дадовме план како може да присуствуваме и двете навивачки групи во одреден број спрема протоколите но слух за нашите барања немаше. Единствено добивме само закани со пријави и насилно отстранување од салата, доколку се појавиме на утрешниот натпревар. Спортските натпревари...

Continue reading

Во пораст приходите од продадени влезници во Самоилова и Заливот на коските

Post Views: 3 Во касата на НУ Завод и музеј, во мај и јуни годинава, се инкасирале скоро двојно повеќе пари од продажба на влезници во два културно историски објекти, во споредба со истите месеци од минатата година. На Самоиолова тврдина во јуни годинава е остварен приход од продадени влезници во висина од 700.000 денари , а во мај 680.000 денари. За дват а месеци, пак минатата година биле инкасирани по 360.000 денари во јуни , а во мај 375.000 денари, информира Елеонора Новаковска директор на НУ Завод и музеј. Овој приход е резултат на продадени влезници и ваучери од туроператори...

Continue reading

Во Белчишта, општина Дебрца отворена е ликовната колонија „Дебрца 2018“

Post Views: 0 Во Белчишта, општина Дебрца отворена е ликовната колонија „Дебрца 2018“. Интернационалната културна манифестација одбележува 34 годишно постоење и е со најдолга традиција во земјава. Тука низ годините твореле врвни уметници од земјава и околните земји. Ликовниот уметник Ѓоко Целески, осовачот на колонијата, ги претстави годинешните учесници, а специјална благодарница му врачи на Јосиф Ефтимоски, претседател на УО и помагател на Колонијата. Поетите, професор д-р Мито Спасевски и Петко Шипинкароски имаа обраќање и читаа песни. На свеченото отварање на Ликовната колонија...

Continue reading

Одбројуваме до NUMB – Tribute to Pink Floyd

Post Views: 0 Останаа уште десет дена до големиот концерт, посветен на музиката на една голема група, NUMB – Tribute to Pink Floyd.Членовите секојдневно се подготуваат за настапот, а според последните информации одлично оди и продажбата на билетите во сите маркети на „Тамаро“ во Охрид и Струга, како и преку продажната мрежа на Купи Карти За Се. „ Се подготвуваме максимално за концертот кој ќе се одржи на 26-ти јули. Сите 16. песни кои ќе се изведат на концертот мора да звучат фантастично и затоа одржуваме редовни проби во полн состав. Ве очекуваме сите на „Долни сарај“ да уживаме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top