Педијатрите загрижени се повеќе се нагризува здравјето на младите генерации

Post Views: 4 Се повеќе се нарушува здравствената состојба кај децата. Нема време за чекање туку сериозен пристап во надминување на состојбите, предупредуваат педијатрите. Во нивните ординации се почесто се среќаваат со здравстени проблеми кај најмладите кои порано биле реткост. Родителите и државата треба сериозно да ги сфатат апелите. Педијатријата се повеќе го губи статусот на превентивна гранка во медицината и станува куративна, а тоа ги загрижува педијатрите. Во нивните ординации се почесто мора да лекуваат деца со разни малформации кои ги стекнале со лошиот животен стил кој...

Continue reading

(ОБНОВЕНО) ВЕЖБА НА НАТО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ ВО ОХРИД И СТРУГА

Post Views: 23 Силен земјотрес со епицентар во Охридско Езеро, предизвикува серија критични настани како оштетување на електричната и водната инфраструктура, можна контаминација на водата за пиење, истекување хемикалии и пожари во фабрика лоцирана помеѓу Охрид и Струга, оштетувања на мост, уривање на извиднички авион во планински терен, ширење паника кај населението со лажни вести и шверцерски групи кои ја злоупотребуваат целата ситуација. Ова е сценариото по кое од 20 до 24 Септември на територијата на Охрид и Струга ќе се одржи меѓународната вежба „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“, досега...

Continue reading

Успешно реализирана традиционалната крводарителна акција по повод празникот Св. Климент

Post Views: 4 На 8 и 9 август на Плаошник православните верници масовно го посетуваат храмот на Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон. Традиционално на овој ден се организира крводарителна акција. И оваа година успшено е спроведена акцијата на собирање крв. Tони Симоноски од Охрид , е еден од кродарителите кој се вклучи во оваа акција на скапоцена течност која значи живот. Тој е крводарител од своето полнолетство, а досега  дарувал над  40 пати  крв. За денешната акција вели, дека иако на хуманизмот во ова денешно време како да се подзаборава , го радува факот што гледа се повеќе...

Continue reading

Хотам бара унифицирани цени на езерскиот превоз

Post Views: 7 Поради чести поплаки од туристи од хотелската асоцијација бараат да се најде начин за унифицирање на цените на езерскиот превиз. Едни од најчестите поплаки на туристите се токму   од кајчарите , кои цените  ги вадат од ракав. Од хотелската асоцијација сметаат дека мора да има унифицирани цени за секоја релација,  кои ќе бидат видно истакнати на пристаништата. Ценовник засега имаат само големите бродови со редовна линија, додека кајчињата, чамците и катамараните не. Според капетанија на пристаништа утврдување на единствени цени по вода  е технички неизводливо. „Тука постои...

Continue reading

Ренџерите деноноќно ја чуваат Галичица од шумски пожари

Post Views: 1 Ренџерите од НП Галичица деноноќно будно ја чуваат планината од шумски пожари. На неколку видиковци меѓу кои Баба и Корита ренџерите ја набљудуваат планината во рамките на националниот парк и внимаваат да не се случат шумски пожари. Во моментов се е под контрола и нема уредби за ограничено движење на посетителите од страна на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, информира Наумче Новески од НП Галичица. „ Во моментов е слободно движењето низ НП, но со придржување на условите кои ги бара Законот за национални паркови. Имаме точно одредени места каде...

Continue reading

Германија рај за перење пари и затајување на данок

Post Views: 1 Иако важи за политички и економски мотор на Европа, Германија е мотор и во незаконски финансиски работи, стои во извештајот на Европската мрежа за долгови и развој (Eurodad) која брои 46 невладини организации од 20 европски држави. Нивната студија за 15 европски држави, кои ја пренесоа водечките светски медиуми, истакнува дека постојат сериозни закани на создавањето транспарентен даночен систем во Европа базиран на еднаквост, а една од најголемите пречки е Германија. Критиките до најголемото европско стопанство се нечесни даночни договори со развиените држави, недоволно...

Continue reading

Наградата Живко Чинго за најдобар расказ за „Потфрлување на топката“

Post Views: 1 „Потфрлување на топката“ под шифра „Горе главата“е избран за најдобар расказ на конкурсот на општина Охрид по повод манифестација Вечери на Живко Чинго.Тричлената комисија во состав проф. д-р Кристина Николоска, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски едногласно го избрале расказот  „Потфрлување на топката“ во конкуренција на 50 други пријавени раскази. Тоа е задоволителна бројка бидејќи името на великанот Живко Чинго во современата македонска литература и за новите автори е голем поттик, кажа на денешната прес конференција  Кристина Николоска. „Во расказот се...

Continue reading

logo

Антикорупциска ќе каже колку коштаа изборите

Post Views: 4 Aнтикорупциската комисија неделава ќе го објави финалниот извештај за тоа колку пари потрошиле партиите во изборната кампања за предвремените парламентарни избори, како и за претседателските избори. Од Комисијата велат дека повеќето од партиите ги имаат поднесено извештаите, но ќе чекаат до законски предвидениот рок пред да излезат со финалните бројки. – Рокот до кога партиите треба да ги достават извештаите за изборите е еден месец по завршувањето на вториот круг што беше на 27 април. Некои ги доставуваат по пошта, па затоа ќе причекаме. Кандидатите за претседател,...

Continue reading

„Девојчето со жиците“ интимна драма која ги ангажира сите сетила на гледачот

Post Views: 1 Претставата „Девојчето со жиците“ припаѓа на „Охридско лето“ како спој на театар и музика што е и самиот концепт на фестивалот. Претставата зборува за слободата, уметникот и интимните теми на луѓето, а секој поединец може да поистовети со приказната. Вака режисерот Марјан Нечак ја најави драмата „Девојчето со жиците“ што актерите од Словенечкиот народен театар „Драма“ од Љубљана и Подвижниот музички театар од Битола вечерва ќе ја одиграат на сцената „Долни Сарај“.   Начинот на кој ја градевме и работевме претставата е специфичен, бара малку повеќе време, поинаква концентрација,...

Continue reading

d-r Vlado Kocovski

Поништување на резултатите од гласањето во Струга, бараат од Коалицијата на Вмро Дпмнe и СДСМ

Post Views: 0 Поништување на резултатите од вчерашното гласање во Струга побараа од Коалицијата на Вмро Дпмен и СДСМ  на заедничка прес конференција. Тие  обвинија дека вториот круг од локалните избори бил нерегуларен и побараа од ДИК да ги поништи резултатите,   според кои победник е кандидатот на ДПА Зијадин Села. Посочија  примери на низа нарушувања на изборниот процес кој влијаеле на крајниот резултат од гласањето. Крсто Мукоски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и координатор на ИШ на кандидатот за градоначалник Владо Кочоски кажа дека изборните резултати во општина Струга за нив  се...

Continue reading

Јавните тоалети нe проработија во екот на туристичката сезона

Post Views: 3 Две неуспешни тендерски постапки за воведување на електронски сиситем за наплата го оставија градот и ова лето без јавни тоалети. За да се реши овој сериозен комунален проблем во Охрид се чека повеќе од две децении. Граѓаните реагираат што нема јавни тоалети признава Љупчо Грданоски, директорот на ЈП „Охридски комуналец“, кое ќе ја одржува хигиената на градските тоалетите. „ Имаме реакции од граѓаните , но ние сме јавно претпријатие и мора да работиме по закон “, напоменува Грданоски. Камен на сопнување во ставањето во функција на петте јавни тоалети, кои се веќе поставени...

Continue reading

Родителите на деца со церебрална парализа бараат Дневен центар за згрижување

Post Views: 13 Децата со церебрална парализа од Охрид се соочуваат со изолација. Тие се исклучени од образовниот процес, а во општината нема дневен центар за згрижување на оваа категорија деца, се жалат родителите, кои проблемот го пријавија во рубриката „Ти си твојот град”.   Велат долги години бараат од локалната самоуправа да им додели простор за да може да се изгради соодветен Дневен центар за децата со церебрална парализа. Претходниот градоначалник ветил простор кај касарната, но со промената на власта и тоа е неизвесно. Сега имаме нова локална власт се обративме и до...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top