Родителите на деца со церебрална парализа бараат Дневен центар за згрижување

Родителите на децата со церебрална парализа од Охрид бараат Дневен центар за згрижување, нега и анимација на оваа категорија лица. Се жалат велат нивните деца се диксриминирни и исклучени од општеството. Проблемот го пријавија во рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија.

 |   | 

Децата со церебрална парализа од Охрид се соочуваат со изолација. Тие се исклучени од образовниот процес, а во општината нема дневен центар за згрижување на оваа категорија деца, се жалат родителите, кои проблемот го пријавија во рубриката „Ти си твојот град”.  

Велат долги години бараат од локалната самоуправа да им додели простор за да може да се изгради соодветен Дневен центар за децата со церебрална парализа.

Претходниот градоначалник ветил простор кај касарната, но со промената на власта и тоа е неизвесно.

Сега имаме нова локална власт се обративме и до новиот градоначалник тој кажа дека од срце ќе ни помогне за реализирање на еден таков проект, но уште сме во исчекување да ни се додели просторот. Да бидам искрена пред неколку недели кога дојде евроамбасадорот Дејвид Гир со кнедла во грлото гледав како се претставува просторот кај касарната за старт ап не разбрав и веројатно ќе го добијат тој простор. А ние остануваме повторно да видиме каде ќе добиеме простор за нашите деца да излезат од дома затоа што никој не заслужува да живее во изолација – вели Весна Габелоска родител на дете со церебрална парализа.

Децата со церебрална парализа се соочуваат со секојдневни бариери и безброј проблеми. Во градот нема пристапни тоалети, патеки, плажа. Тешко стигнуваат и до здравствена услуга насекаде скали без пристапни патишта, раскажуваат родителите.

Сегде има скали. Болницата на втори спрат е детско одделние како некој со дете во количка да се качи на втори спрат кога лифт нема секогаш е расипан и не работи. Тоа е висок степен на дискриминација првото на здравствена нега го имаме всушност не може да го оствариме. Тоа се решава на едноставен начин треба само добра волја, свест и совест на приземје може да се опреми една просторија за овие дечиња и јас знам дека докторите нема да имаат никаков проблем кога се работи за вакво дете да слезат да го прегледаат и да му се даде соодветна терапија – вели Габелоска. 

Децата со церебрална парализа и посебни потреби се на маргините во општеството, дискриминирани по секоја основа, се жалат родителите. Во Охрид има триесетина деца со церебрална парализа на кои им е неопходен дневен центар за згрижување, нега и анимација.

 

Новинар : Соња Рилковска 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top