Post Views: 2
Амбулантните возила на брза помош на охридските улици се соочуваат со игнорантски однос на возачите на моторни возила. Многу честа е појавата возачите да не реагираат и да не дадат предност на возилата иако имаат вклучена сирена, напоменува д-р Ана Неделкоска , раководител на Брза помош.
„Возачите ги замолувам , и сега и друг пат сме апелирале да внимаваат на улиците кога ќе ги слушнат сирените и ќе ги видат ротационите светла. Доколку има можност да направат простор да помине брзата помош. Сирена и ротација вклучуваме само во најитни случаи. Одиме и на други повици...
Post Views: 1
На 15.09.2021 година, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е М.Л.(38) од охридското село Лескоец, кај кого, при претрес извршен по судска наредба во неговиот дом, пронајдени и одземени се седум стебла растенија Канабис, засадени во саксија.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР.
Post Views: 7
СДСМ ветуваше дека ќе обезбеди услови за здрав живот за сите, а нивната Локална власт прави еколошка катастрофа. Тоталниот хаос и неорганизираност, незнаење и неумешност се нивна одлика, обвини денеска на прес конференција Илија Аранаудоски, советник во Советот на општина Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
„Градоначалникот Јован Стојанасоки да излезе од кабинетот и да го види ѓубрето низ градот. Во туристичката сезона Охрид ниту е чист, ниту е среден. Охрид тоне во смет, преполни контејнери во екот на летните горештини. Охрид никогаш не бил позагаден. Згора на тоа кучињата-скитници...
Post Views: 4
Македонскиот туристички приход нема да претрпи големи загуби по укинувањето на визеровите директни авиолинии од Барселона и Лондон на скопскиот и охридскиот аеродром, оптимистички изјавуваат хотелско туристичките субјекти во земјава. Туристичките работници досега се задоволни од текот на туристичката сезона и посетеноста на земјава, а тоа го очекуваат и за следната сезона.
„ Две линии во целокупниот број на проценти не значат премногу, но секако да не се лоши пораки за почеток на некаков крај. Се надеваме дека ќе се надминат тие работи и ќе се отворат нови дестинации....
Post Views: 4
Нема кратење на 10 милиони денари во инфраструктурни и комунални зафати со ребалансот на општинскиот буџет, изјави на прес конференција Константин Георгиески, заменик градоначалник на општина Охрид , како одговор на обвинувањата на политиките опоненти. Како одговорна локална власт ние само ги пренаменивме ставките за развој на одредени општествени сфери кои се приоритетни за граѓаните.
„ Во одредени сегменти се намалуваат износите на средствата, но затоа се зголемуваат за приоритетни и важни проекти за Охрид. Така за 12 милиони денари се зголемени средствата за асфалтирање...
Post Views: 0
Пред помалку од три години бројни пазарни аналитичари и новинари говореа за Facebook како издуван балон кој има многу корисници на кои не може доволно да се заработи и ја критикуваа мобилната стратегија на Zuckerberg, додека некои пак препорачуваа и продажба на акциите на оваа компанија. Ова се случуваше недолго по излегување на берзата и неколкуте месеци тргување со акциите на Facebook и се чинеше дека се заканува права катастрофа за компанијата.
Ситуацијата овие три години радикално се смени, а колкав напредок е постигнат во времето од излегување на берза до денес...
Post Views: 1
По партиска директива направен е реизбор на претходно незаконски поставените членови на Управни и Надзорни одбори на јавните претпријатија и установи во градот, обвини денеска на прес конференција Кирил Пецаков, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и чен на ИК на партијата. Пецаков кажа дека неколку пати од неговата парија посочиле дека избраните членови не ги исполнуваат законските услови за нивно назначување, пропишани во Законот за јавни претпријатија.
„Дали сите досегашни одлуки носени од Управни одбори и Надзорни одбори се незаконски знаејќи дека ниту...
Post Views: 0
„Државната агенција за Бугарите во странство го кршела законот, ќе ја затвораат!“
Под овие наслови бугарските медиуми известуваат за скандалозните решенија на Државната агенција за Бугарите во странство, која во изминатите години издала илјадници пасоши на наводни Бугари, кои освен изјава дека се чувствуваат Бугари, со ниту еден документ не го докажувале бугарското потекло, пишува Сител.
Информацијата ја објави Државното обвинителство, кое ги проверува издадените државјанства и тековните апликации за бугарски пасош од 2011 година.
Притоа во медиумите се наведува дека...
Post Views: 0
194,телефонот на итната медицинска помош постојано ѕвони во охридскиот здравствен дом. Во овие летни денови 30-тина вработени кои се дел од неколку екипи за итни интервенци имаат полни раце работа. Медицинските екипи помагаат при повици , но и амбулантско лекување на домашни и странски туристи кои имаат здравствени проблеми, информира д-р Ана Неделкоска, началник на ова служба. Се бара најразлична медицинска помош при колапси, сунчаници, дехидрираност, стомачни вирози , сообраќајни незгоди, набројува д-р Неделкоска.
„ Бројот на повици е многу зголемен. Само повици некогаш...
Post Views: 0
Речиси трета година, Општа болница Струга, дава услуги на пациентите до Охрид, посебно во делот на гинекологија и хирургија. Првиот човек на струшката болница д-р Ментор Ибраим, вели дека успеле да се справат со големиот обем на работа, и засега не трпат поголеми финансиски загуби од болничкиот буџет, бидејќи во 2012 располагале со повисок износ на средства во споредба со 2011 година.
Бројот на извршени интервенции за 2011 во споредба со 2012 не бележи значителни промени, додава тој.
„Како 2011 така и во 2012 кај нас беше обемот на дадени услуги зголемет, не дека имавме...
Post Views: 3
Во еден ден спасени три животи. Спасителите на вода, вистински херои, само вчера извлекоја три активни давеници. Две деца спасени од давење во базен и едно лице од плажата „Парк“.
Спасителите на вода ова лето подарија вкупно 15 животи. Од давење спасиле деца, непливачи, пијани и лица кои си ја прецениле силата.
„Најчести причини за кои настапува давење се топлотни разлики , значи неправилно влегување во вода, прејаденост, влегување во вода под дејство на алкохол и наркотици, неумеење да се излезе од вода односно незнаење да се плива. И други општи причини кои...
Post Views: 0
Во објавата се тврди дека судски е потврдено оти ПЦР тестот е неточен при детектирање на коронавирусот. За вакво ударно и драматично тврдење не може да се најде никаква потврда или доказ. Пребарувањата на Гугл за ваква судска одлука не даваат резултати ниту на македонски јазик, ниту на англиски јазик. Да е навистина донесена ваква судска одлука тоа ќе го објавеа сите медиуми и не само што ќе го објавеа, туку ПЦР тестот ќе престанеше да се користи. Ама, тоа не е така. ПЦР тестот и во моментов се користи кај нас во сите овластени лаборатории, како државни така и приватни,...