Запален автомобилот на охридскиот адвокат Мишел Наумоски

Post Views: 3 Со експлозивна направа запален автомобилот на адвокатот  Мишел Наумоски од Охрид. Силната експлозија синоќа нешто после полноќ ги вознемири  жителите  на улицата „Партизанска“ во центарот на градот. Во паника да не се запалат возилата во близина, соседите заедно  се обидувале силниот пламен да го изгаснат со противпожарни апарати. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица пожарот бил спречен.  Видно вознемирен Наумоски денес пред камерата на ТВМ  отворено раскажа дека и претходно добивал пораки со закани од непознати лица. Му го оштетувале автомобилот...

Continue reading

Пријава за лице од Штип поради ширење омраза на фејсбук

Post Views: 20 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(36) од Штип. Тој, на 13.05.2021 година на социјалната мрежа Facebook, по објава на текст на електронски медум, постирал недоличен коментар со што, промовира и поттикнувал омраза кон определена група или поединец – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Регионален стационар за кучиња скитници во 2019 год

Post Views: 0 Општина Охрид опоменета од Агенцијата за храна и ветеринарство дека во рок од 45 дена треба да покаже напредок во решавањето на проблемот со кучињата скитници. Кучињата скитници беа и за жал сеуште се проблем за нашиот град, вели Градоначалникот Јован Стојаноски.  Пред месец дена имавме средба на градоначалници на општините во рамки на Југозападниот плански регион на која сите едногласно ја утврдивме потребата да се изгради еден регионален стационар за кучињата скитници, информира Градоначалникот. „Сосема е јасно дека тоа е еден голем проблем и на граѓаните на Охрид...

Continue reading

Пливачката федерација на Македонија во Охрид ги носи пливачките ѕвезди во маратонско пливање на 10 км

Post Views: 2 Светски пливачки ѕвезди ќе пливаат на Меѓународниот пливачки маратон на 10 км во Охрид на 19 август. Во машка конкуренција ќе пливаат маратонските пливачи, аргентинците Алехандро Морено и Гилермо Бертола , бугаринот Венцислав Ајдарски, холанѓанецот Марсел Шоутен, и макоеднките Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски. Во женска конкуренција ќе плива Сесилија Беџоли, а за прв пат и македонската пливачка Ева Петровска, појаснува Томи Стефаноски потпретседател на Македонската Пливачка Федерција и претседател на далечински трки. „ Утре во 10.30 од пред хотел Ројал Вју ќе почне...

Continue reading

Здравевски : Младите во Охрид заслужуваат просперитетна иднина, но со СДСМ очигледно тоа не е возможно

Post Views: 6 Младите во Охрид се жртва на манипулациите на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски. Излезе на виделина лажната перспектива за младите и божемното привлекување на младите генерации, рече на денешната прес конференција Александар Здравевски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. „Господине градоначалник Стојаноски дали затоа што чувствувате вина и одговорност свесно го заборавивте Меѓународниот ден на младите? Локалниот совет на млади формиран во времето на градоначалникот Д-р Никола Бакречески токму по повод Меѓународниот ден на младите повеќе не функционира.“...

Continue reading

Музејот кој има три милиони посетители годишно го чуваат мачки

Post Views: 8 “Нашите мачки имаат иста вредност како и нашата збирка”, тврди Ирина Поповец, задолжена за четата мачки во Ермитаж која брои 70 члена, а живее во подрумите на некогашната царска палата. Десетици мачки веќе неколку векови живеат во подрумите на музејот Ермитаж чувајќи го богатството на најголемиот уметнички музеј на Русија од посетата на глодари. Историјата на мачките во Ермитаж датира од 1745 година кога царицата Елизабета I, ќерка на Петар Велики, со указ наредила да се пронајдат најдобрите мачки, најголемите, спремни да ловат глувци и да се донесат на дворот на нејзиното...

Continue reading

Масовен или елитен туризам

Post Views: 8 Масовен или елитен? Кон каков туризам треба да се стреми градот? Според туристичките работници Охрид  заслужува да биде монденско туристичко место.  Со сите културно историски и природни вредности градот е уникатен во светот, а тоа треба да се цени. Со привлечни аранжмани Охрид треба да биде  конкурентен  на светскиот  туристички пазар. „Охрид треба да биде монденско летувалиште. Има што да се види во градот. Охрид не е само плажи и капење  има милион работи кои треба да се видат. Значи луѓето овде не идат само да се капат  сончаат  туку да видат нешто“, вели Мери Фармак...

Continue reading

logo

Сајбер-просторот како место за ширење омраза

Post Views: 0 Околу стотина Македонци годинава поднеле претставки до Дирекцијата за заштита на личните податоци за нарушување на честа и угледот и за изнесување невистини од страна на таканаречените хејтери (мразачи) во сајбер-просторот, објави Нова Македонија. Освен оваа категорија граѓани, според надлежните, за само 12 месеци во македонскиот интернет-простор биле регистрирани над 25 илјади видеоклипови со ксенофобична или националистичка содржина. Со пребарување на зборот „тепачка“ и „ќотек“ се поставени повеќе од 300 видеоклипови, а исто толку клипови има и со содржина што содржи...

Continue reading

Во населбата Месокастро ќе почне да се гради рекреативна пешачка патека од Саат кулат до ОУ „ Св Климент“

Post Views: 1 Охриѓани и туристите ќе добијат рекреативна пешачка патека од градската Саат кула до ОУ „Св. Сава“. Современата патека ќе биде во должина од 325 метри и ќе има два краци. Уличното осветлување ќе биде со 20 четириметарски канделабри, поствени на секои 15 метри. Изведбата на проектниот зафат ќе биде туристичка атракација благодарение на средствата наменети за рамномерниот регионален развој од Центарот за Југозападен плански регион. „ Овој проект за пешачката патека од Саат кула до ОУ „Св. Сава“ ќе придонесе за подобра комунална инфраструктура и за подобрување на туристичката...

Continue reading

struski sovetnici

Верификувани мандатите на новите советници во Струга

Post Views: 2 27 советници денес ги добија сертификатите за нивниот мандат во струшкиот совет. На кратката средба која се одржа денес во салата за седници, уверенијата на идните советници им ги врачи претседателот на Општинската изборба комисија Џенгис Хани.  „Со сите наши напори, ќе настојуваме предизборните ветувања  да ги реализираме во дела“, рече д-р Мустафа Забзун, советникот на ДПА, во новиот струшки Совет. „Драго ми е што сум член на Советот на општина Струга, затоа што Струга е еден од најубавите градови во Македонија. Ние ќе вложиме дополнителни напори ова реноме што го...

Continue reading

Локална самоуправа: Охрид е повеќе од политика и повеќе од партија

Post Views: 10 Не толку одамна, Вие бевте на власт во Охрид, управувавте со градот и Вие добро знаете како се чисти и одржува истиот, особено во шпицот на сезоната, стои во реакцијата од охридската локална самоуправа на изнесеното на последната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. – Наместо да се препукуваме со голи фрази, за кои и самите добро знаете дека немаат скоро никакво значење, Ви нудиме Вам, но првенствено на граѓаните на Охрид, кои добро знаат како и колку е чист градот неколку фотографии од утрово, па нека проценат самите, а и Вие, дали и колку е чист градот. Состојбата...

Continue reading

Русија го прогласи опозиционерот Навални за „терорист и екстремист“

Post Views: 4 Ставањето на „терористичката“ листа на државната служба за финансиски мониторинг, „Росфинмониторинг“, значи дека Навални и членовите на неговиот тим се предмет на ограничувања на банкарските трансакции и треба да бараат одобрение секогаш кога сакаат да ги користат нивните сметки. Водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор една година, е вклучен во листата на „терористи и екстремисти“ на руската федерална служба за финансиски мониторинг, „Росфинмониторинг“, јави новинската агенција „Франс Прес“ (АФП). Одлуката е дел од мерките за репресија против...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top