• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пливачката федерација на Македонија во Охрид ги носи пливачките ѕвезди во маратонско пливање на 10 км

Пливачката федерација на Македонија во Охрид ги носи пливачките ѕвезди во маратонско пливање на 10 км

Пливачката федерација на Македонија во Охрид ги  носи пливачките ѕвезди во маратонско пливање. На 10 км утре во водите на Охридското езеро ќе пливаат аргентинците  Морено и Бертола, бугаринот Ајдарски, холанѓанеоцт Шоутен. Од македонските пливачи на маратонот ќе пливаат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, а за прв пат во женска конкуренција и Ева Петровска.

 |  Валентина Неловска  | 

Светски пливачки ѕвезди ќе пливаат на Меѓународниот пливачки маратон на 10 км во Охрид на 19 август. Во машка конкуренција ќе пливаат маратонските пливачи, аргентинците Алехандро Морено и Гилермо Бертола , бугаринот Венцислав Ајдарски, холанѓанецот Марсел Шоутен, и макоеднките Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски. Во женска конкуренција ќе плива Сесилија Беџоли, а за прв пат и македонската пливачка Ева Петровска, појаснува Томи Стефаноски потпретседател на Македонската Пливачка Федерција и претседател на далечински трки.

„ Утре во 10.30 од пред хотел Ројал Вју ќе почне трката на 10 км која   е олимписка дисциплина. Се пливаат 6 круга по 1650 метри еден круг. Во моментов има пријавени во машка конкуренција 6 мина пливачи, а исто толку се пријавени и во женска конкуренција. Вечерва се очекуваат да допатуваат уште 2 – ца пливачи и една пливачка “, информира Томи Стефаноски.

Радован Велјаноски е врховен судија кој ќе го надгледува пливачкиот маратон на 10 км и ќе се погрижи заедно со тимот од Пливачката Федерација на Македонија, на чело со претседателот Александар Маленко, настанот да протече во беспрекорна организација.

„ Правилата за одржување на трката се според ФИНА за отворени води на 10 км. Запазено е се , од судиски аспект и од безбедносен аспект за пливачите што е наша најголема грижа. Имаме ѕвезди во пливањето што се за прв пат во Охрид“, напоменува Велјаноски.

За безбедноста на пливачите во текот на трката ќе се погрижат три медицински екипи на суво и на вода, како и волонтери на ОО ЦК. Временските услови се очекува да бидат во прилог на пливачите.
Трката на 25 км , пак ќе се одржи на 25 август кога се очекува во Охрид да допатуваат над 50 – тина пливачи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top