Post Views: 5
Манифестацијата се одбележуваше со слет на стадионот на ЈНА во Белгард, а кулминација беше предавањето на штафетата и пораката од неа, откако претходно ја носеа илјадници млади луѓе од сите краишта на некогашната држава.
Учесниците ја носеа во рацете и трчаа со неа низ цела Југославија, а на 25 мај му ја врачуваа на Тито. Штафетата на младоста е воведена во 1945 година на предлог на младината на Крагујевац, како Титова штафета. Првите штафети Тито ги преземал во Загреб, а во годините по 1956, лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград,...
Post Views: 6
Пештанци и жителите од поранешна Галичка општина бараат подобар линиски превоз на релацијата од Охрид кон Љубаништа и обратно. Реагираат дека 3500 жители од Рача, Коњско, Пештани, Елшани, Трпејца и Љубаништа се соочуваат со нередовен превоз. Проблемот се создаде пред неколку години кога локалната самоуправа укина 6 линии и линискиот превоз го додели на две автобуски компании, информира Ѓоре Танески, претседател на месната заедница Пештани.
Тие линии што ги укинаа да ги вратат. Има луѓе кои одат на работа и во недела. Мрзнат нема со што да се префрлат на работните места....
Post Views: 3
Охрид заблеска во Новогодишен сјај. За украсувањето на централното градско подрачје преку јавен повик ангажирана беше фирмата „Металват. Украсени се улиците „Македонија“ и „Македонски Просветители“, Градскиот кеј и Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.
За украсување на булеварот „Туристичка“ и останатите сообраќајници во градот се искористија светлечки реквизити кои се во сопственост на Општина Охрид. Истите беа поставени од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“.
Општина Охрид подготви богата музичка програма за прослава на Новата 2022 година, на која ќе настапат...
Post Views: 1
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(38) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „присилба“.
На 18-ти февруари оваа година, во просториите на општина Струга, пријавениот, упатил закани кон Н.В.Г.(44) од Струга, директор на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, поради одбиено барање за земање на простор под закуп во центарот за култура.
Post Views: 7
Пост на Фејсбук неосновано тврди дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид. Постот е придружен со видео за кое се тврди дека прикажува снимка на бели дробови од лице вакцинирано против ковид, а во кои е најдено присуство на графен оксид.
Ужас… Графен оксид во белите дробови на „вакциниран“ човек со наводните „вакцини“ против наводниот корона вирус – ковид-19“, се вели во постот што го анализираме.
Видеото под постот на кое наводно се гледа снимка бели дробови е нејасно, односно нема информации кога и каде е направена снимката и за кој пациент станува збор....
Post Views: 8
Четиригодишно девојченце кое исчезнало од камп во Австралија пред повеќе од две седмици е пронајдено и е вратено на родителите, откако полицијата го спасила од заклучена куќа.
Еден од полицајците ја зема во прегратка и ја праша како се вика. „Се викам Клео“, одговори – изјави заменикот на полицискиот началник на сојузната држава Западна Австралија на локалната телевизија.
Клео е најдена на 70-тина километри од Карнарвон, а поради нејзиното исчезнување уапсен е 36-годишен маж кој ја киднапирал. Се работи за маж кој не е сексуален престапник ниту од претходно ѝ...
Post Views: 2
Амбасадата на Јапонија во Скопје на втори февруари годинава ќе одржи предавање на тема „Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“ од страна на јапонски експерти.
Домаќин на предавањето ќе биде Машинскиот факултет во Скопје, модератор е професор Ташко Ризов, а истото ќе биде спроведено од страна на Мак-Јамс и Амбасадата на Јапонија во Тирана.
Предавањето опфаќа искуства за зачувување на водата на езерото Бива во префектурата Шига, во Јапонија, старо...
Post Views: 1
На 27.09.2021 година околу 11.30 часот пред спортска обложувалница на улицата „15 корпус” во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и закана со остар предмет, извршена од С.Р. врз вработениот Ц.Р., двајцата од Струга.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 2
Градоначалниците од Југозападниот и Пелагонискиот плански регион остварија средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на која се презентираа идните активности кои се однесуваат на воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони.
„Најновото предлог техничко решение за регионалната инфраструктура предвидува изградба на една регионална санитарна депонија за двата региони, лоцирана во село Добрашинци, општина Новаци и претоварни станици во Дебар, Охрид, Кичево, Битола и Прилеп, со што и дефинитивно се напушта претходниот...
Post Views: 22
Со донацијата на Детска Клиника Козле, Comodita Home ја започнува својата хумана акција на донации на над 1500 душеци, а донацијата е во вредност од над 100 000 евра!
Comodita Home е на пазарот на Македонија од 2019 година, а наскоро го отвораме дваесеттиот продажен салон. Посебна гордост на брендот се токму душеците кои се сопствено производство на Comodita Home. Фабриката за производство на душеци на Comodita Home, е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот.
Со оглед на тоа дека располагаме со душеци, тестирани и сертифицирани од виско-стручни...
Post Views: 0
Постот шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Исто така, дезинформација е дека Светската Банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во програмата за стратешка подготвеност и одговор на ковид-19, којашто е јавно достапна, не се споменува вакцинацијата како нешто што ќе биде планирано на глобално ниво како задолжително. Во секој случај, повеќето земји во светот, апелираат на вакцинација за...
Post Views: 7
Истрагата во Франција опфаќа 10 обвиненија, меѓу нив и дали имало нарушување на личната приватност, дали имало измама за да се пристапи до лични електронски уреди и обвинение за злосторничко здружување, соопшти денеска Обвинителството во Париз.
Ден претходно веб-страницата „Медиапарт“ поднесе правна жалба, обвинувајќи дека двајца нивни репортери се шпионирани од тајните служби на Мароко кои користеле шпионски софтвер „Пегаз“ на израелската групација.
Мароканските власти ги отфрлаат таквите тврдења како неосновани и лажни. Извештаите дека производите на израелската фирма,...