Пронајдено исчезнатото 4-годишно девојче од Австралија, киднаперот уапсен

Четиригодишно девојченце кое исчезнало од камп во Австралија пред повеќе од две седмици е пронајдено и е вратено на родителите, откако полицијата го спасила од заклучена куќа.

 |   | 

Четиригодишно девојченце кое исчезнало од камп во Австралија пред повеќе од две седмици е пронајдено и е вратено на родителите, откако полицијата го спасила од заклучена куќа.

Еден од полицајците ја зема во прегратка и ја праша како се вика. „Се викам Клео“, одговори – изјави заменикот на полицискиот началник на сојузната држава Западна Австралија на локалната телевизија.

Клео е најдена на 70-тина километри од Карнарвон, а поради нејзиното исчезнување уапсен е 36-годишен маж кој ја киднапирал. Се работи за маж кој не е сексуален престапник ниту од претходно ѝ бил познат на полицијата.

Полицијата упаднала во неговата куќа еден час по полноќ, а во моментот тој не бил таму. Куќата во која Клео е пронајдена оддалечена е само седум минути возење од нејзината семејна куќа.

Соседите на уапсениот маж велат дека во последно време им бил сомнителен. Имено, виден е како купува пелени, а немал деца.

Една сосетка, една вечер слушнала како плаче некое девојче, но не помислила дека плачот доаѓа од неговата куќа.

Слушнав како плаче девојче, но не мислев дека тоа е Клео – вели таа.

Клео последен пат пред исчезнувањето била видена во шаторот на своето семејство околу 1,30 часот по локално време на 16-ти октомври во зафрлениот камп „Blowholes Shacks“ во Меклеуд, околу 900 километри од Перт, главниот град на Западна Австралија.

Австралиската полиција стравуваше дека девојченцето е грабнато и понуди милиони австралиски долари за секаква информација.

Колку убав ден, ја вративме Клео на нејзините родители. Ова е прекрасен ден за ова девојченце и нејзиното прекрасно семејство – изјави директорот на полицијата на Западна Австралија, Крис Даувсон на прес-конференција.

Тим од 140 луѓе работел на случајот, а полицијата реагирала на повеќе од 1.000 дојави од граѓаните.

Таа изгледа физички добро. Тоа беше евидентно од почетокот. Таа е многу мило, енергично девојче, многу доверливо и многу отворено кон нас – изјави инспекторот од одделот за убиство Камерон Блејн, кој бил меѓу четворицата кои го спасиле детето од куќата и вели дека ова „без двоумење“ му е најдобриот момент во кариерата.

Австралискиот премиер Скот Морисон, исто така, ја поздрави „прекрасната, олеснувачка вест“. „Клео Смит е пронајдена. Дома е, здрава и безбедна. Нашите молитви се услишани“, напиша Морисон на Твитер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top