Post Views: 1
Локалната самоуправа и комуналното претпријатие „Охридски комуналец “ планираат да постават околу 30 подземни и 15 прес контејнери во разни делови во градските населби за да има почиста животна околина. Во моментов има подземен контејнер, на несоодветна локација поставен во центарот кај градската библиотека веднаш до споменикот на Григор Прличев, и два прес контејнери во станбениот комплекс Христо Узунов.
„ Наша интенција е во зависност од финансиските средства кои ги имаме да започнеме да поставуваме подземни контејнери на потегот по улицата Туристичка, а потоа и во...
Post Views: 0
Охрид Ултра-Треил® е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува еднаш годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион, Македонија. Третото издание на овој настан во планинско ултра-трчање опфаќа 4 трки со дистанци од 100км, 60км, 40км и 21км и е закажано на 17-19 септември 2021 година.
На нашиот настан, ќе учествуваат 450 натпреварувачи oд 20 земји и ќе има вклучено преку 60 волонтери во самата организација. Планинското трчање е најбрзо растечкиот спорт во природа во светски рамки. Целта на нашиот настан, покрај можноста за секоја особа...
Post Views: 3
Синоќа, на полноќ, заврши увидот во избирачкиот список за претстојниот референдум, во охридското одделение на државната изборна комисија. Марга Димкоска, раководител на подрачното одделение, информира дека ова право во текот на 15 дена од кога сипсоците беа отворени за јавен увид го оствариле 305 охриѓани. Од 9 август па се до полноќ само 5 мина граѓани побарале нов упис во избирачкиот список, додека двајца побарле промена на адреса на живеење. Останатите граѓани направиле рутинска проверка на евиденцијата во единствениот избирачки список.Димкоска, посочува дека до 21...
Post Views: 9
Zucchero, Darren Emerson, Hernan Cattaneo, Nick Warren, Juan Atkins и Македонската Филхармонија, Jeff Mills, Dimitri Vegas and Like Mike, Deborah Luca, Roger Sanchez, Armin van Buuren, Shakta, Marko Nastic, Anja Schneider, Mihail Popoviciu, Eddie Richards…Ова се само мал дел од имињата кои ова лето направија Охрид да биде вистински епицентар на забавата, далеку пошироко од државните граници. Врвните светски имиња се претставија во одлично светло пред публиката на најголемиот туристички центар во Република Македонија.
Во рамките на заедничкиот проект СИТЕ ВО ОХРИД, кој...
Post Views: 1
Од локалната самоуправа ги известуваат граѓаните на стариот дел од град Охрид дека од ден 20.08.2018 година регулирањето на сообраќајот во тој дел ќе се одвива со помош на рампите кои се наоѓаат кај Горна порта и на Македонски Просветители кај поштата.
Post Views: 1
За намерата Facebook да му конкурира на Twitter таму каде е во дефанзива се шпекулира веќе подолго време. Откако Twitter го лансира додатокот наречен Moments со кој главната намена е следење и пренесување на најрелевантни вести од најпознатите портали, беше прашање на време кога и Facebook ќе се одлучи на сличен потег. Првичните најави беа дека апликацијата за следење на вести ќе пристигне кон крајот на октомври, но тоа не се случи, а новите шпекулации се ширењето на Facebook, во јавност ќе се претстави следната недела.
Неколку специјализирани портали пренесоа дека апликацијата...
Post Views: 0
Официјална делегација од Куба, предводена од Геобер Гуибер Пардо, шеф на одделот за Европа на кубанското министерство за култура, оствари работна средба со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски. На средбата се разговараше за соработка во културата. За почеток се договори организирање на музички настап на кубанскиот ансамбл „ECOS“.
Ансамблот „ECOS“ е основан во 1999 година, од страна на искусни музичари и танчари во Хавана. Ансамблот ги изведува традиционалните кубански ритми, како румба, сон, гуајира, болеро, блуес и фламенко. Тие имаат настапувано на повеќе меѓународни...
Post Views: 1
Втор ден семејството Котески од Скопје, нивните роднини и пријатели, трагаат по падините околу езерото Козјак, а две екипи ги пребаруваат студените води на вештачката акумулација со надеж дека ќе го забележат педесет и едногодишниот Стеван Котески, кој последен пат е виден кога тргнал да рибари неколку часа пред големото невреме кое завчера го зафати скопскиот регион.
Стеван Котески е висок 175 сантриметри, а има бела брада и мустаќи.Во потрагата, велат неговите најблиски, се вклучила и екипа на полициските „Тигри“, но засега потрагата не дала резултат.
– Стеван...
Post Views: 3
Синоќа во атарот на црквата Св. Петка пред спомен обележјето на Живко Чинго во село Велгошти се одржа традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“.
Пред љубителите на пишаниот збор и делото на Чинго се обрати градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски .
–И овој 13-ти август, овде, во неговата чудесна земја Пасквелија, дојдовме да се поклониме и да оддадеме почит на грандиозното литературно творештво на големиот македонски и светски писател, Живко Чинго. Иако изминаа 31 година од неговата прерана смрт, Живко Чинго е еден од најголемите...
Post Views: 3
Стружани беа и останаа на страната на демократијата и истата ја сочуваа, а институциите го покажаа спротивното, дека се против своите граѓани и демократијата, изјави Зијадин Села, кандидатот за градоначалник на ДПА од Струга во неговото денешно обраќање пред медиумите. Одлуката на Управниот суд е само уште еден доказ дека институциите се на страна на Груевски, категоричен Села. Тој исто така посочи дека имале многу жалби околу она што се случувало на денот на гласањето во Струга, но дека во интерес на зачувување на мирот во градот одлучиле да не го објавуваат тоа. Но...
Post Views: 0
Надлежните служби на општина Охрид, денес поставуваа нови канделабри по улицата „Македонија“. Поставувањето на канделабрите е дел од предвидените активности на локалната власт за доуредување и разубавување на улиците во централното градско подрачје. Претходно улица „Македонија“беше реконструирана и асфалтирана, а периодов е пренаменета во пешачка зона.
Post Views: 8
Нови 28. ретки дијагнози, осветлени бројни објекти и локации, четврта ретка поштенска марка, бројни насмевки, нови статии на македонската Википедија, обоени дланки и поддршка од институциите.
Заврши четвртата сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“ на охридскиот активист Гордана Лолеска, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“. И оваа година екипата вредно работеше на подигнување на свеста за луѓето погодени од некоја ретка болест, но и со проблемите со кои се соочуваат тие и нивните семејства.
Денеска светот го одбележува денот на ретките болести....