Со поставување на подземни и прес контејнери до почист град

Градот ќе го решава проблемот со преполни контејнери со отпад и губре околу нив со поставување на  подземни и прес контејнери. Недостатокот од подземен катастар го оневозможува  поставувањето на подземни  садови за отпад па ќе се применува решението со поставување на прес контејнери во населбите кај што има колективни згради, информираат од ЈП Охридски комуналец. 

 |  Валентина Неловска  | 

Локалната самоуправа и комуналното претпријатие „Охридски комуналец “ планираат да постават околу 30 подземни и 15 прес контејнери во разни делови во градските населби за да има почиста животна околина. Во моментов има подземен контејнер, на несоодветна локација поставен во центарот кај градската библиотека веднаш до споменикот на Григор Прличев, и два прес контејнери во станбениот комплекс Христо Узунов.

„ Наша интенција е во зависност од финансиските средства кои ги имаме да започнеме да поставуваме подземни контејнери на потегот по улицата Туристичка, а потоа и во сите населени места каде што има станбено колективно живеење“, вели Љупчо Грданоски , директор на ЈП Охридски комуналец.

Комуналното решение со поставување на подземни контејнери е потешко изводливо бидејќи нема подземен катастар на инсталациите од вода, канализација, струја, вели Грданоски.

„ Најголем проблем ни претставува приодот до подзмените контејнери и односот на граѓаните кон отпадот. Многу често не го фрлаат отпадот во контејнери туку го оставаат покрај контејнерите. Составот на отпадот е различен, се распаѓа и протекува , се создава реа која ние најголем проблем“, појаснува Грданоски.

Охридските советници на последната седница усвоија одлука за утврдување на локации за поставување на подзмени и прес контејнери на подрачјето на општина Охрид. Локациите за ваквото комунално решение допрва ќе се утврдуваат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top