Post Views: 8
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на граѓанскиот собир во организација на „Излези За европска Македонија“ , кој синоќа се одржа во Охрид, им се обрати на присутните со зборовите дека не постои изговор кој не амнестира од одговорноста која стои пред нас и ги повика граѓаните на Македонија, на 30-ти септември да излезат и масовно да гласаат „За“.
„30-ти септември, е пресуден ден. Не е ден за премолчување или за седење дома. Иднината е премногу важна и скапоцена за да не го даде секој граѓанин гласот за Македонија. Оваа наша Македонија е одговорност...
Post Views: 4
Со сцени од влегување во мрежата на трговија со луѓе струшките средношколци одиграа театрска претстава. Тие преку театарски форум, на своите врсници им го доближија ужасот од лекомисленото впуштање на лесна заработувачака. Претставата е проект на Црвен крст и невладината организација за неформална едукација на деца и млади „Рубикон“. Преку форум театарот младите интерактивно се вклучуваат со свои размислувања, ги споделуваат примерите и како публика нудат свои решенија како да се заштитат од оваа појава, вели Владо Караев од невладината органзиација Рубикон.На форум...
Post Views: 5
Поради интервенција на водоводната мрежа, жителите од неколку охридски улици утре ќе бидат без вода.
Како што информираат од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод – Охрид, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „Димитар Влахов“, „Славеј Планина“ дел од булевар „Туристичка“ и дел од „Партизанска“.
Post Views: 5
Најмалку четири деца загинаа, а пет се тешко повредени по пад на замок на надувување во Австралија.
Полицијата соопшти дека замокот бил висок 10 метри, а до трагедијата дошло на денот на забавата во основното училиште во Тасманија.
Би-Би-Си јавува дека починале две момчиња и две девојчиња.
Командантот на локалната полиција Деби Вилијамс местото на трагедијата го опиша како „вознемирувачко“. Според последните информации, починатите деца се на возраст меѓу 10 и 12 години.
Изгледа дека замокот се подигнал среде налет на силен ветер и децата паднале – вели Вилиј...
Post Views: 1
Раководителот на Секторот за соработка на Делегацијата на Европската унија Никола Бертолини, во рамките на денешната посета на Охрид, на лице место ја разгледа локацијата и беше запознаен со Проектот за враќање на реката Сатеска во старото корито.
Во друштво на првиот човек на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески и нивниот струшки колега Рамиз Мерко, Бертолини беше запознаен со предизвиците на овој проект.
– Овде, во регионот на Охрид и Струга најдовме одлична комбинација на локална посветеност со интернационална поддршка....
Post Views: 2
Со една доза вакцина од наредниот месец нема да може да влезете во кафуле, кафеана, трговски центар или било каков настан. Од октомври ќе се признава само доказ за две примени дози, вели Министерот за здравство Венко Филипче кој епидемиолошката состојба ја оценува како стабилна. Оваа мерка се менува бидејќи ја постигнала целта за зголемување на интересот на вакцинација, па на ред е следната – целосна имунизација на што поголем број граѓани. Сега имунизирани со две дози од возрасното население е 46 %, а на тоталната популација е 37 отсто.
Министерот Филипче кој...
Post Views: 4
Повеќе од 150 милиони евра од европските фондови се на располагање во наредните 4 години. 40% од европските пари се трошат на проекти за развој на општините. Но сите општини не се подеднакво успешни во искористувањето на расположливите средства од предпристапните фондови. Охрид и Струга за жал не стојат добро на тој план. Охриѓани имаат многу потреби и многи идеи исто така, но нема доволно активност, вели Никола Бертолини – раководител за соработка при Делегацијата на Европската Унија
„Јас би и препорачал на општината и на организациите да инвестираат во млади...
Post Views: 2
Охридските советници едногласни во прифаќањето на планот за поделба на МЈП Проаква. Нивната одлука следува по давањето согласност за поделба на меѓуопштинското јавно претпријатие од страна на нивните струшки колеги. Со тоа завршува првата фаза од процесот на одвојување и за создавање на ново претпријатие за управување и одржување на колекторскиот систем. Директорот на МЈП Проаква, Владимир Алексијоски се заблагодари на охридските советници што дадоа зелено светло за планот за поделба на Проаква и, како што рече, со тоа покажаа дека на прво место им е интересот на градот.
„...
Post Views: 0
Меморандумот предвидува интензивна соработката помеѓу полицискиот синдикат и меѓународното полициско здружение ИПА, темелена врз основа на следниве принципи: искрена и колегијална соработка, неполитичка и стручна соработка, меѓусебна солидарност, поддршка и меѓусебно почитување и почитување на секој член на МПС и ИПА.
Во меморандумот се предвидени организации на стручни заеднички семинари, работилници, спортски, културни, промотивни и други настани со цел јакнење на професионалните вештини на полициските службеници, јакнење на колегионалноста и градење на меѓусебниот...
Post Views: 1
Освен самата технологија, еден од најголемите проблеми на автомобилите без возач, односно возилата кои ги управуваат компјутери е тоа кој ќе сноси одговорност во случај на сообраќајна несреќа.
Колку може компјутерот кој го управува возилото да биде опасен покажал примерот на автомобилот на Tesla – иако можат да се прочитаат бројни пофални текстови за овој софтвер сепак еден корисник кој објавил видео на YouTube покажува како го поставил автопилотот на возилото, а во еден момент возилото преминало на другата страна од лентата од која му доаѓа друг автомобил. Доколку не...
Post Views: 9
Македонците ја пишуваат историјата. Не само националната историја туку и европската историја. Со договoрот со Грција се дава уникатна можност да се отворат вратите на ЕУ и НАТО. Би сакал во најскоро време да ги видам моите македонски пријатели заедно со останатите пријатели од ЕУ и од НАТО. Ова се зборовите на Државниот министер за Европа на германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот кој денеска беше во посета на Охрид.
„Би сакал да го охрабрам народот од оваа прекрасна земја да ја зграпчи оваа историска можност. Ако го поддржите договорот, тоа ќе биде...
Post Views: 2
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.4 проценти во однос на претходната година и изнесува 20.134 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10.523 или 52.3 проценти од вкупно умрените лица.
Бројот на умрените доенчиња изнесува 230 и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.1 процент на 100 умрени лица.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.3 години, односно 74.4 години кај лицата од женски пол, или за 4.1 година повисока просечна возраст се бележи...