Post Views: 15
Дивата депонија на Муцкер, која „изникна“ во близина на северниот влез од Охрид, од утре ќе почне да се покрива со земја. Од Министерството за животна средина најавија дека имаат програма со која ќе ги расчистуваат дивите депонии. Градот пред 10 година наместо да добие слободна економска зона доби во непосредна близина еколошки загадувач за која сега нема пари да ја дислоцира депонијата.
„ Ние го пратиме европскиот концепт за регионално управување со депониите и производство на енергија од нив. Тие европски вредности ќе доминираат во конечната одлука. 99 посто од општините...
Post Views: 6
Градоначалникот Зијадин Села решен е да стави крај на дивоизгрдените објекти на јавни површини во Струга. Ќе започне од двата кеја на реката Црн Дрим. Новиот струшки градоначалник открива дека веќе е објавен тендер за фирма која ќе ги урива дивоградбите. Села вели дека доколку не успее во неговата намера, тогаш без исклучок на сите граѓани ќе им дозволи да градат, тезги, кафулиња и други објекти, кој каде сака.
„ Ќе биде расчистен дримот од двете страни значи сите тие објекти ќе бидат информирани сопствениците кои изградиле да ги тргнат. Засега сопствениците не се информирани....
Post Views: 1
Тим од општина Охрид, како урбанистички предизвик во рамки на програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“, го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица ,,Македонија“ во пешачка зона. Проектот ќе се работи на ниво на физибилити студија.Со цел успешно извршување на постапките и чекорите при изработка на проектот, дел од обврските претставува и вклучување на јавноста со цел да се добијат мислења од засегнатите страни. Од различните начини на партиципација...
Post Views: 4
Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Вакцината против ковид-19 никако не може да ве зарази со коронавирус. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19 и нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Факт е дека вакцината штити од разболување со коронавирусот, од тешки хоспитализации и смртен исход, а тоа го покажува...
Post Views: 1
Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи на Охридската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.
Акцијата беше спроведена во периодот од 3 часот по полноќ, до 9 часот наутро, заради помалата фреквенција на движење по чаршијата. Во одстранувањето на гумите за џвакање беа ангажирани 6 комунални работници со специјални алатки.
Post Views: 7
На 18.09.2021 година во 08,55 часот, во СВР Охрид приведен е В.М.(38) од Тетово кој претходно, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир, со викање и непристојно однесување кон вработените, а потоа и кон полициските службеници.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 4
Eкипите на ”Ј.П. Охридски Комуналец ” започнаа со замена на старите и дотраени корпи за ситен отпад со нови.
Беа заменети 10 корпи во паркот кај градското пристаниште а во наредните денови ќе се врши замена на корпите за ситен отпад и на останатите места.
Post Views: 2
Охридските фризери незаинтересирани да примат во своите дуќани калфи. Досега само 6 -мина фризери и фризерки побарале да примат 8 калфи кои по обуката ќе може да се стекнат со диплома и ќе може самостојно да работат, вели Сашо Богојески, претседател на Регионалната занаетчиска комора. Со тоа можноста која ја нуди Усаид за подобрување на занаетчиската дејност во земјава остана без поголема поддршка. Занаетчиите од Охрид, Битола и Прилеп имаат можност да примат калфи кои ќе им помагаат и ќе го учат занаетот.
„ Немам одговор. Не ми е јасно наназад со години токму фризерите...
Post Views: 4
Туристичките работници и локалната самоуправа ги сумираат резултатите од годинешната туристичка жетва. Охридскиот градоначалник вели првичниот впечатокот е дека имавме одлична сезона. Но , додава дека за прецизни бројки и резулатати треба да се почекаат статистичките обработки за туристичката посетеноста и остварениот туристички промет. Сега сме во две фази на размислување како да се прошируваат хотелските капацитети и на кои туристички пазари Охрид да се продава како туристичка дестинација.
„ Втор правец е да се донесат поквалитетни гости. Гости кои ќе поминуваат повеќе...
Post Views: 0
Франција денес соопшти дека сите манифестации на јавни места се забранети по нападите во Париз во кои загинаа 128 лица и 250 се ранети, а останатите европски земји одлучија да воведат построги мерки на безбедност.
Француската одлука се објаснува со фактот дека се мобилизирани силите за безбедност и притоа не можат да ги обезбедуваат различните колони и собирања, се вели во указот кој го потпишал полицискиот началник Michel Cadot.
Италијанскиот премиер Matteo Renzi ги осуди теористичките напади во Париз и најави додатни мерки на безбедност. “Како и сите Италијанци, сигурен...
Post Views: 2
Со традиционалниот Марш на мирот на Општинската организација на Сојузот на борци од НОВ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи денеска во Охрид беше одбележан Светскиот ден на мирот. Годинава ветераните низ светот маршираат под мотото ” Правото на мир 70 години од Универзалната декларација за човекови права . Нема да има мир на оваа планета додека се нарушуваат човековите права, ова се зборовите на Рене Касин еден од архитектите на Декларацијата која е најважен акт со кој се одбележува оваа епоха, истакна во своето обраќање проф. Љубиша Машановиќ, потпретседател...
Post Views: 3
Министерството за внатрешни работи, врз основа на Програмата за волонтирање за 2014 година, има потреба од ангажирање на волонтери, поради што објавува јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи.
Се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните и економските студии – да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа: 1. студенти од областа на правните и безбедносните студии – 25...