Даниел Новиќ со коктелот „Руби Буби“ победник на „Вигор бармен купот“

Post Views: 6 Охриѓанецот Даниел Новиќ со подготвениот коктел „Руби Буби“ го освои жирито на „Вигор бармен купот.“ Добитник е на првата награда на државниот натпревар кој се одржува по 10-ти пат. Вкусот и изгледот на долгиот освежителен пијалок подготвен од водка, шток крем, сируп од бело чокалодо, сируп од карамела и сок од црна рибизла, креација на Новиќ од хотелот Су беше полн погодок за судиите да му ја доделат првата награда. Новиќ вели голема чест мие што ја добив наградата и с енадева дека коктелот ќе влезе во менито на коктели. Во иминативе 7 години е добитник на број награди...

Continue reading

jahja kemal

Средношколците од „Јахја Кемал“ ги добија дипломите

Post Views: 1 Шеесет и четири матуранти од ПСУ „Јахја Кемал“ подготвени за академски студии. Синоќа во Ц.К „Браќа Миладиновци“, во свечена пригода на учениците од генерацијата 2012-2013 им беа доделени дипломите. На сите присутни на церемонијата им се обрати директорот Исмаил Ердил, кој истакна дека учењето преставува најдобра инвестиција за иднината на еден млад човек. Тој додаде дека со овој свечен чин се заокружува четригодишното образование на една генерација на ученици, од која некои ќе се запишат на факултет, некои ќе побараат вработување, но заедничко за сите ќе останат спомените...

Continue reading

Oдржана ждрепката за престојниот турнир во баскет 3×3

Post Views: 0 Денес во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа ждрепка за престојниот турнир во баскет 3×3. На ждрепката беа поканети претставници на сите 12 екипи пријавени на турнирот. Екипите се поделени во две групи од по 6 екипи и ќе играат по принцип секој со секого. Понатаму во елиминациска фаза одат првите четири екипи од двете групи. Група А 1. Жито леб2. Охрид Холидејс3. ЈП Ох. Комуналец4. Фаворити5. Аквариус6. НОА Група Б 1. Кентерс2. МТинтернационал3. Ликвид4. Општина5. Леарница6. Дента Медика Натпреварите започнуваат оваа недела ( 07. 10 ) во 18 часот.

Continue reading

Не е точно дека вакцината на Фајзер нема трајно одобрение за употреба

Post Views: 5 Вакцината на Фајзер од август 2021 година е целосно одобрена за користење. Таа стана првата вакцина во светот која доби целосна дозвола за употреба од aмериканската Aгенција за храна и лекови (ФДА). Комесарот на ФДА, Џенет Вудкок, рече дека јавноста може да биде сигурна дека вакцината ги исполнува највисоките стандарди на безбедност, ефикасност и високи стандарди во начинот на производство. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук се тврди дека вакцината на „Фајзер“ не е тестирана и нема одобрение за употреба од американската Агенција за храна и лекови (ФДА), туку дека...

Continue reading

ГЕРМАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОХРИД

Post Views: 0 Денес во општина  Охрид  престојуваше 6 члена делегација, од Сојузна Република Германија, предводена од  Hans-Georg von der Marwitz , член на парламентот на Сојузна Република Германија (Бундестаг). Во состав на делегацијата беа и Friedrich-Wilhelm König,  Georg Prinz zur Lippe, Frank Oschatz, Axel Metzler и Idris Feriku. Основниот интерес на делегацијата беше да добие увид за развојот на земјоделските структури на земја која се наоѓа во транзициски процес, развојот на селскиот и агротуризмот, проблемите со кои локалната самоуправа се среќава во процесот на руралниот...

Continue reading

“ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ“ ПО 33-ТИ ПАТ ПРЕД ОХРИЃАНИ

Post Views: 4 Една од најстарите музички манифестации, фестивалот “Охридски Староградски Средби“, синоќа го имаше своето 33 –то издание. Традиционалната средба на културно уметнички групи и музички состави, кои го негуваат староградскиот мелос, се одржа пред платото на Центарот за култура “Григор Прличев“, согласно здравствените протоколи. Во името на Локалната самоуправа, пред присутните се обрати Живка Ангелоска, претседателка на Советот на Општина Охрид. – Понекогаш тешко се наоѓаат зборови да се искажат чувствата на радост од ваквите моменти, кои како непрекината нишка се надоврзуваат...

Continue reading

ВРВНИ СВЕТСКИ ГОТВАЧИ ДОАЃААТ ВО ОХРИД НА „OHRID GASTRO TOUR“

Post Views: 2 Од 12-ти до 14-ти октомври, Охрид ќе биде домаќин на „Ohrid Gastro Tour“ или охридската Гастро тура, новата активност во организација на општина Охрид, која има за цел да се подигне квалитетот и понудата во охридските ресторани и угостителски објекти. Истата предвидува гостување на неколку врвни светски готвачи/гастрономи од различни земји, наградени со Мишелин ѕвезди, кои за време на неколкудневниот престој во Охрид, во различни угостителски објекти ќе имаат задача преку готвење со домашни – охридски производи да изнајдат начин за изработка и подготовка на нови...

Continue reading

Општина Охрид бара лица за изработка на проекти за користење на ЕУ фондовите

Post Views: 9 Локалната самоуправа ќе ги зајакнува администартивните капацитети за да ги искористи можностите за финансирање на проекти од европските фондови. Во тек е јавен повик за пријавување на лица кои ќе бидат ангажирани во општински тимови за подготвување на техничката документација, информира Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид. „ Ние очекуваме да има интерес . Повикот ќе трае до 12 октомври. Постоечката општинска администрација, а и одделението на Тлер ќе имаат квалитетни луѓе кои ќе се приклучат со подготовка на проектна документација со која ќе се настапува пред европските...

Continue reading

Жените претприемачи во земјава треба да се насочат кон ИКТ и СТЕМ секторот

Post Views: 3 Марта Пејоска веќе четири години е сопственичка на единствената галерија и атеље за изработка и дизајн на современ накит и филигран во Охрид. Вели дека единствен начин да ја оствари својата визија е преку претприемништвото. Пејоска е само една од храбрите  младите девојки и жени, потенцијалните и постојните претприемачи, како и заинтересирани страни од државните институции и граѓанското општество, коja преку WE MAKE проектот ќе бидат поттикнати да се насочат кон женското претприемништвото, извозот и иновациите, вклучувајќи го ИКТ и СТЕМ секторот, зелената економија,...

Continue reading

Позната e сумата која ја потрошиле милитантите за нападите во Париз

Post Views: 1 Исламските милитанти кој минатата недела во Париз убија 130 луѓе, поттикнувајќи нов бран на воздушни удари во Сирија и предизвикувајќи тревога во цел свет, за нападите најверојатно потрошиле само 7.000 евра, пишува британската агенција Reuters. За разлика од Франција и Белгија кои веднаш објавија стапување на сила поголем степен за безбедност во вредност од една милијарда евра, осумте напаѓачи потрошиле релативно малку пари за смислената ликвидација на луѓе по париските улици. За калашникови, муниција, самоубиствени елеци од домашна изработка, за изнајмување автомобили...

Continue reading

Активниот состав на полициската станица од Охрид, врши вежбовна активност за боево гаѓање

Post Views: 2 Деновиве активниот состав на полициската станица од Општа надлежност и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање. Според планот, боевото гаѓање ќе се реализира во времето од 08 до 12 часот, со огнено оружје-пиштол и автоматска пушка, на стрелиштето „Бејбунар“. Вежбовната активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Биљјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање,...

Continue reading

tabela

Колку ѓубре прават македонците?

Post Views: 1 Вкупното количество создаден комунален отпад во Република Македонија во 2013 година изнесува 792.785 тони, а годишното количество создаден комунален отпад по жител изнесува 384 килограми, што е за 0,6 отсто повеќе од истото количество во 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика. Оттаму информираа дека вкупното количество собран комунален отпад во Македонија во 2013 година изнесува 554.938 тони. Споредено со 2012 година, вкупното количество собран комунален отпад во 2013 година бележи намалување од 0,1 отсто. Од вкупното количество собран комунален отпад, 439.571...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top