Post Views: 1
Цигарите од утре поскапуваат како резултат на зголемувањето на акцизата. Додека дел од производителите не ги откриваат деталите, државниот тутунски комбинат од Прилеп веќе ги утврди новите цени. Сите брендови на компанијата поскапуваат за пет денари, освен Рондо кој поскапува за три.
Тоа значи дека Бренд отсега наместо за 50 ќе се продава за 55 денари, а за исто толку ќе поскапат и Сан Слимс, Еуропа, 19, Филтер Ориентал и Та2. За 5 денари поскапува и Марлборо.
Од менаџментот на ТК Прилеп велат дека со зголемувањето на акцизата од 0,15% по цигара невозможно е да апсорбираат...
Post Views: 6
Охрид тапка во место една година со заспаната администрација и никаква активност на Јавните претпријатија. Ветените проекти беа само предизборна измама за охриѓани. Оваа Локална власт на сметка на проектите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, свесно дозволи средствата за таа намена да бидат извршени од доверителите без претходно потпишани договори, обвини денеска на прес конференција портпаролот на Ок на ВМРО ДПМНЕ.
„Нема инфраструктура, улици, водоводи, нема економски движења, нема инвестиции, нема градежништво, нема развој. Не направија ниту еден проект,...
Post Views: 47
Згаснува ли струшкиот Завод за Нефрологија, прочуената Дијализа? Медицинскиот персонал на оваа болничка установа денес излезе со јавен повик до Министерот за здравство Никола Тодоров, со цел да побара изземање на дијализата од Владините планови за издавање лиценци за вршење на оваа здравствена дејност. Вработените за јавниот повик од ресорното министерство за доделување лиценци за вршење дијализа дознале од медиумите и во име на сите инсистираат на средба со министерот Тодоров.
„Денес повторно во име на вработените во нашата болница и стручниот колегиум,здружението...
Post Views: 5
Секторот за туризам и локален економски развој, на 24.10.2018 година (среда), во големата сала на општина Охрид, со почеток во 17 часот, организира состанок со претседателите на Месните заедници од руралните населени места. На состанокот ќе се разговара за процесот и отпочнувањето на активностите за изработка на Стратегијата за рурален развој на општина Охрид за периодот 2019- 2025 година. Основните цели на овој стратешки документ за рурален развој ќе бидат идентификување на концептот, насоките и приоритетите за рурален развој, намалување на разликите во степенот...
Post Views: 0
Во тек е вежбата „Македонија 2021“ во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК). На денешната церемонија на отпочнување на вежбата во поранешна касарна „Генерал Михајло Апостолски“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја нагласи важноста од цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите при справување со кризни и сложени безбедносни состојби. Посочи на заедничките евроатлантски вредности кои се двигатели на меѓусебното приближување...
Post Views: 0
Со цел да и се помогне на Сара да ја врати златната насмевка на нејзиното лице и да се охрабри Виктор во неговиот јуначки гест, во училишната сала од ОУ „Григор Прличев“, во недела со почеток во 19 часот се организира хуманитарен маскенбал по повод Halloween за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година.
Влезот беше 100 денари и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара. Исто така, вработените и учениците во ОУ „Григор Прличев“ Охрид организираат хуманитарен хепенинг во среда во 16:30 часот со акцијата: Од мене,...
Post Views: 6
Пишува: Жаклина Цветковска
На порталот infomax.mk објавен е текст со наслов „Лаже кај стигне:Заев му ветил на Тачи дека ДУИ нема да ја земе во Влада“, во кој е пренесена изјава на претседателот на ДПА, дадена во интервју за ТВ 21, во која тој информира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев му ветил оти доколку дојде до ситуација да формира влада нема да го вкучи во неа досегашниот партнер ДУИ.
Авторот ја искористил изјавата на Мендух Тачи и ја ставил во контекст, кој не е соодветен, за да оцрни политички функционер..
Во насловот, новинарот констатира „Лаже кај стигне“, мислејќи...
Post Views: 0
Во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“, денес, беше одбележан патрониот празник на училиштето.
Градоначалникот, Јован Стојаноски во своето обраќање им го честита патрониот празник на професорите и учениците и им посака и понатака да продолжат да нижат успеси како и до сега. Во рамки на одбележувањето, во просториите на училиштето беше приреден свечен коктел и културно – уметничка програма подготвени од учениците во ОУТУ „Ванчо Питошески“.
Post Views: 2
Градоначалкникот на Охрид, Јован Стојаноски и амбасадорката на Австрија во Р. Македонија, Ренате Коблер синоќа во Охрид имаа протоколарна средба со претставници од Министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на ниво на Директори за ЕУ и Западен Балкан.
На средбата се разменаа мислења за тековните достигнувања во контекст на евроинтеграциите, а се разговараше и за придобивките што ќе ги има Македонија по евентуалното членство во Европската Унија и можностите за развој на Охрид како главен туристички центар во регионот.
Претставниците од земјите-членки...
Post Views: 1
На петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид дијагностициранa и е „Anemija Аplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Во најкраток рок на Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, што според нејзиното семејство е единствена можност за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик, стои во апелот...
Post Views: 1
САД упати глобално предупредување за опасност од патувања за своите државјани насекаде во светот, поради зголемени терористички закани.
State Department во соопштението наведува актуелни информации за тероризам кои упатуваат на IS, Al Kaida, Boko Haram и останатите терористички групи во бројни региони и ги цитира неодамнешните напади изведени оваа година во франција, Нигерија, Данска, Турција и во Мали.
“Властите мислат дека сеуште постојат можности да дојде до терористички напади од поединци кои се враќаат од Сирија и Ирак”, предупредува американската дипломатија алудирајќи...
Post Views: 3
24 срни и 6 елени наскоро ќе бидат донесени на терените во Националниот парк Галичица. Триесетината нови примероци на срни и елени ќе бидат украс на планината и атракција за посетителите, а ќе и помогнат и на природата во паркот , да се зачуваат пасиштата во високите делови на планаината. Станува збор за проект за формирање на репродукциски центар за елени , инфромира Андон Бојаџи дир на ЈУ НП Галичица.
Проектот почна да се спроведува пред еден месец. Во 2018 година ќе се направат подготовки за формирање на репроцентарот и изградбата на неговите пропратни делови. Во...