Post Views: 19
Охридското автохтоно вино вранец барик наградено на меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018“ кој се одржа во Александровац, Република Србија. Производител на ова вино е винаријата Мал Св. Климент, а сопственикот Будимир Соколовиќ задоволен од освоеното второ место кажува дека ова вино е специфично по многу негови карактеристики што ги препознаа и стручњаците.
Наградата ја добив согласно квалитетот на виното кое одлежува веќе 18 месеци во барик дабова бочка и има порафиниран, попрефинет вкус. Ова беше добра можност да се презентираат и вината од охридскиот регион кои не...
Post Views: 0
Новиот вид на интернет технологијата под името Li-Fi го развил естонскиот start-up Velmenni врз основа на идејата на шкотскиот професор Harald Haas и моментално се тестира во нивните канцеларии.
Li-Fi праќа податоци со брзина од дури 1 GBps, што е 100 пати побрзо од повеќето постоечки Wi-Fi врски. Благодарение на ваквата брзина, музиката, HD филмовите па и видео игрите ќе можат да се превземаат за неколку секунди.
Оваа врска користи VLC (Visible Light Communication) технологија за пренос на податоци, но има големо ограничување – бидејќи се служи со LED светлина, не поминува...
Post Views: 5
Аудио-визуелна аргументирана дискусија на ТВМ телевизија, „Прашалник“, со уредникот и водител Соња Рилкоска, денес во 17:30.
Секој втор вторник во месецот, во 17:30 гледачите ќе може да уживаат во вистинска дебата за најразлични теми од општественото живеење од Охрид. Граѓаните исто така ќе бидат вклучени преку можноста да постават прашање преку социјалните мрежи, телефон или мејл адреса.
Post Views: 4
Се поголем број пациенти се заинтересирани за естетски операции, а во последниве 10 години бројот на клиенти е двојно зголемен, што оди во прилог на светскиот тренд за естетски операции.
Покрај граѓани од земјава, наши пациенти се и Македонците од дијаспората, но и странците, најголем дел од Србија, Грција, Бугарија и Русија, вели хирургот Игор Пеев од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
Тој вели дека интересот е голем, но сепак поради економскиот момент само дел од сите заинтересирани се одлучуваат да ја направат интервенцијата.
Македонките најголем...
Post Views: 0
На фејсбук-профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, по кого е распишана потерница заради издржување на двегодишна затворска казна, се појави порака дека тој е во Будимпешта и дека побарал политички азил од унгарските власти, откако последните денови добивал закани по живот.
Засега не се знае дали профилот на Груевски е хакиран или навистина тој самиот ја напишал пораката.
„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.
Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти.
Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија....
Post Views: 4
Жителите на општина Вевчани ќе ја добијат долго очекуваната спортска сала. Општината инвестираше со сопствени средства во подигање на потпорните ѕидови , а денови се очекува и поставување на камен темелникот на салата со површина од 700 м квадратни, информира градоначалникот Цветомир Угриновски.„Тоа е спортска сала од поголем тип со 500 седишта и две соблекувални. Ќе може да се играат спортски натпревари, изградбата на салата ќе чини околу 700.000 евра , а ќе ја финансира министерството за обарзование. Очекуваме до јуни месец, идната година да биде завршена. Сите жители...
Post Views: 1
Падна одлуката на Советот на општина Охрид за измените на Деталниот урбанистички план за урбана зона 1 блок 1.2 , 1.4 и блок 3.4. Уставниот суд на Република Македонија ја укина одлуката на охридскиот совет донесена пред 4 години која се однесува на потегот кој го опфаќа брегот на езерото по улиците Илинденска и Кирил и Методиј, го заобиколува калето и завршува на езерскиот брег кај местото Грданов мост и мал опфат од населбата Кошишта. Одлуката ја потврдува Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид, кој информира што стои во обемното образложението на Уставниот суд на...
Post Views: 12
Градоначалникот Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ООУ „Григор Прличев“ ја назначи Лилјана Ефтимовска, професор по историја.
Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Ивана Маховска Шикалеска, која поднесе оставка од позицијата. Градоначалникот Кирил Пецаков и се заблагодари за досегашниот ангажман и соработка.
Post Views: 2
Во аудио-визуелната аргументирана дискусија на ТВМ телевизија, насловена едноставно „Прашалник“, уредникот и водител Соња Рилкоска ќе ги спротивстави ставовите на своите гости, сите значајни претставници на општественото живеење од градов и ќе им даде можност да го потврдат и докажат својот став по однос на одредена проблематика.
Рилкоска вели дека во едно демократско општество секогаш мора да има место за добра дебата. Па така, секој втор вторник во месецот, во 17:30 гледачите ќе може да уживаат во вистинска дебата за најразлични теми од општественото живеење од Охрид....
Post Views: 1
Од Министерството за здравство на Република Македонија информираат дека во текот на последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, при што се регистрирани 554 нови случаи на Covid-19.
По градови:
• Скопје 309• Куманово 44• Прилеп и Велес по 20• Тетово, Битола и Кавадарци по 17• Кочани 16• Кичево 11• Охрид 10• Крива Паланка 9• Гевгелија и Ресен по 6• Струмица и Штип по 5• Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово по 4• Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар по 3• Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип по 2• Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица по...
Post Views: 1
Во Александровац, Република Србија, се одржа седмиот по ред Меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018“, на кој што Охрид беше град партнер. Во прекрасниот амбиент на хотелот „Грозд“, саемот беше организиран под покровителство на Општина Александровац, а учество зедоа над шеесет винарии од Србија, Македонија, Црна Гора, Бугарија и Румунија, како и туристички работници и агенции од регионот.
За Охрид како туристичка дестинација со богато културно наследство и традиционална понуда за регионалните пазари на соседните држави, ваквите регионални манифестации претставуваат извонредна...
Post Views: 3
Прашање на време е кога Владата ќе донесе одлука за преземање на колекторскиот систем заедно со побарувањата и обврските што се направени при неговото функционирање. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека сите услови се исполнети и дека пред Владата ќе се достави усвоената одлука на советите на општините Охрид и Струга за поделба на МЈП ПРОАКВА на три дела. Ние донесовме одлука, останува на Владата да донесе одлука. Очекувам дека ќе добиеме позитивен одговор. Не може да се сокрие фактот дека приоритет во инфраструктурните работи во Охрид е токму колекторскиот систем,...