Post Views: 4
Ја разбираме Вашата желба (или наредба) да го одвлекувате вниманието на јавноста од разурнувачките процеси кои се во тек во вашата партија, процеси кои се директна послeдица на крадењето, на неодговорното однесување и недомаќинското работење на Вашите првенци, челниците кои сега „храбро“ Ве оставија да ги браните нивните криминали, стои во реакцијата на општина Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
„Ви ветуваме дека тоа нема да Ви помине. Ова е само детски и неодговорен обид за маскирање на она што веќе не може да се крие....
Post Views: 1
David Coelho, дизајнер од Њујорк, на Indiegogo претстави ShiftWear патики кои на своите страни имаат флексибилен e-ink колор екран, а нивниот изглед ќе може да се менува со само едно кликнување.
Имено, Coelho замислил со патиките да доаѓа и апликација која ќе нуди цела галерија на различни примероци кои ќе можат да се активираат. Освен страничните фотографии, оние кои сакаат да привлечат повеќе внимание ќе можат да активираат и анимирани фотографии.
Батеријата во патиките ќе има времетраење од еден месец, ако се користи статична фотографија. Ако се извалкаат тие ќе можат...
Post Views: 2
Младите се чувствуваат гневни, измамени и злоупотребени по измината една година локална власт на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски. Нема никаква трага од изградбата на современи спортски и детски игралишта на повеќе локации во градот, констатира претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Александар Здравевски.
„На потегот од улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ во Горна Влашка маала градоначалникот Стојаноски вети фудбалско игралиште, но за жал наместо детски џагор и спортски натпреварувачки дух гледаме обрасната трева и несреден простор....
Post Views: 1
Прецизирање на податоците во Регистарот за лицата осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, т.н. Регистар на педофили, усогласување на кривичните дела со измените на Кривичниот законик, дополнување на податоците за овие лица кои што треба да бидат внесени, определување на органот надлежен за доставување на податоците како и определување на рокот за доставување имаат за цел измените и дополнувањата на законот за водење на ваквиот регистар кои денеска во прво читање поминаа на собраниската Комисија за труд и...
Post Views: 2
Во Дебрца нема да се гради регионална депонија додека јас сум градоначалник, порачува Зоран Ногачески. Најави јавни дебати со ресорното министерство каде што ќе се соочат со против аргументи. Ногачески се повикува на претходно изработената документација за регионалниот интегриран систем за управување со отпад изработена од грчки консултант од пред две години во која има друго решение за лоцирање на регионалната депонија.
„ Во меѓунроднатиот план за управуавње со регионачанат отпад стои дека најсоодветна локација е напуштениот рудник за лигнит Осломеј, покрај ова локација...
Post Views: 31
Ракот на дојка во охридско–струшкиот реон во последните 3 години е во пораст, информира д-р Жарко Даскалоски специјалист по радиодијагностика од Здравствен дом Вевчани. Статистиката покажува дека во 2011 година било откриено 31 заболување. Во еден случај е евидентиран карцином на дојка кај маж. Во 2012 бројот бил 25, додека до септември оваа година се откриени 25 случаи, од кои 2-ца биле мажи. Загрижува податокот што при порастот на откриените заболувања се поместува старосната граница и се почесто иммногу млади пациентки со откриен рак на дојка, укажува д-р Даскалоски.„...
Post Views: 4
Со средства од програмата за развој на туризмот од општина Охрид, стартуваше проектот за брендирање на оваа туристичка служба во градот. Регистрираните туристички водичи, со опремата којашто ќе ја добијат ќе бидат вистински репрезент на градот.
„За таа цел беа набавени и изработени маички и чадори на кои што се ставени инсигниите и ознаките на Општина Охрид, здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“ од Охрид УНЕСКО, секако Охрид како поднебје под заштита на УНЕСКО, меѓу 33 места во светот кои се сметаат за исклучителни во културата и природата“, вели Климент...
Post Views: 4
Нашата проверка покажа дека не станува збор за луѓе од Израел кои примиле вакцина против ковид на кои им експлодирале главите кога била вклучена 5Г мрежа, туку се работи за видео од демонстранти погодени од солзавец во Ирак во 2019 година. Според видеото објавено на 12.11.2019 година на Јутјуб, снимките всушност го прикажуваат одговорот на демонстрациите против владата на поранешниот ирачки премиер Адел Абдул Махди. За време на демонстрациите, безбедносните сили испукале солзавец директно во демонстрантите, при што загинале најмалку две лица. Исто така, не е точно дека...
Post Views: 1
Најголемиот и најмасовниот спортски настан во нашиот град „Охрид трчаТ“ доби големо признание, откако Европската атлетика му додели сертификат со три ѕвезди за квалитет на трка и организација.
Рангирањето со три ѕвезди само по себе претставува успех за организаторот и атлетскиот настан, така што Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ уште со второто издание успеа да ја подигне спортската манифестација Охрид трчаТ на Европско ниво.Европската атлетика има изградено систем на вреднување и оценување на настани и организации и тој го вреднува со една,...
Post Views: 7
Владата синоќа ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година.
Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите...
Post Views: 1
Во 9тото коло од машката ракометна суперлига РК Охрид го пречекува битолски Пелистер. Според израмнетата бодовна состојба на табелата станува збор за своевиден дерби натпревар. На победникот ќе му се олесни понатамошниот тек на сезоната и влегувањето во плеј офот. Според атмосферата која се создава на натпреварите кога Охрид се среќава со битолскиот клуб не очекува интензивен натпревар. Ќе играме пожртвувано, победата е многу важна за Охрид и бодовите ќе останат тука, вели поранешниот играч на Пелистер Дарко Георгиевски, кој за РК Охрид игра на позициите лев и среден...
Post Views: 12
Зоран Ногачески даде отчет за едногодишното работење од преземањето на градоначалничкат функција во општина Дебрца. Градоначалникот на прес конференција ги презентира сработените проекти, домаќинско управување со општинските ресурси и драстичното намалување на сите непродуктивни трошења. Истакна дека финансискиот наследен долг на општината од 8 милиони денари е намален.
„ Во изминатиов период работевме домаќински. Како резултат на тоа за една година успеавме да исплатиме околу 2.500.000 денари од наследените долгови, со што моментално по основ на преземени, а недоспеани...