Post Views: 1
Годинава се навршуваат 10 години од оформувањето на одделението за превенција при СВР Охрид кое, со својата работа, заедно со Канцеларијата за односи со јавноста, започна во 2008 година. Со тоа, се стави акцент на превентивната работа на полицијата и на нејзината транспарентност, со што се градеше новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општествени заедници.
Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на...
Post Views: 5
Узурпирани тротоари во Охрид. На новоизградената современа сообрајќајница 15-ти Корпус, има узурпирани тротоари, пријавија граѓани во рубриката „Ти си твојот град“.
На новоизградениот тротоар, веднаш до салонот на Цитроен. подигнат е бетонски ѕид и поставена е железна ограда.
Граѓаните револтирани пишуваат:
Околу продавницата си изградија огради кои го попречуваат движењето на пешаците. Го узурпираа тротоарот, а надлежните ништо не преземаат. Со овие бариери ја попречуваат безбедноста и на пешаците и на автомобилите.
Пешаците не може слободно да се движат по тротоарот....
Post Views: 0
Во Куќата на Уранија- МАНУ, свечено беше отворена изложбата на фотографии „По трагите на светите Кирил и Методиј”.
На свеченоста, во името на организаторите, Општина Охрид, Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија и Словачката национална библиотека,се обратија градоначалникот Јован Стојаноски и амбасадорот Хенрик Маркуш.Во Куќата на Уранија и во музејот во Куќата на Робевци , поставени се триесет и една фотографија од познатиот меѓународен словачки експерт за надворешна политика Павол Демеш, кој три години ги фотографирал најзнаменитите објекти , поврзани...
Post Views: 0
Во музејот „Куќата на Робевци“, во рамки на празнувањата по повод Патронот на Охрид, беше промовирана новата книга на професорот Димитар Пандев, „Охридската Писменост“.
Книгата „Охридска писменост“, ја промовираше поетот Славе Ѓорѓо Димсоки, кој посочи дека таа е книга кој ги соединува фактите и легендите за ширењето на писменоста на овие простори.
Авторот на книгата, професорот Пандев, изрази голема благодарност до уметникот Никола Упевче за уникатната изработка на корицата и до општина Охрид за несебичната поддршка што ја дава за создавање на вакви трајни дела.
По...
Post Views: 1
Охридската гимназија се осовременува. Направени се осум кабинети по речиси сите предмети кои се опремени со инвентар, телевизори, компјутери како и една просторија наменета за прием на родителите, а во подготовка е и просторијата за учениците во која ќе можат да го поминуваат слободното време или да извршуваат некои воншколски активности. Денес по повод патрониот празник на Гимназијата Св. Климент Охридски и официјално беа презентирани новите кабинети и простории.
Кабинетската настава е поттик за подобра работа и на професорите и на учениците, а со подобрувањето на условите...
Post Views: 0
Поради преголемата глобална понуда, од средината на 2014 година, цената на нафтата е повеќе од преполовена. Покрај тоа, побарувачката опаѓа како последица на економската слабост на најголемите потрошувачи како Кина и другите земји со забрзан економски раст. Но, по најновиот пад на цената на нафтата, на пазарот донекаде е мирно. Во понеделникот цената изнесуваше 40,6 долари по барел, најниска во последните седум години, а во меѓувреме сепак се врати на 40,94 долари по барел. До ова дојде поради одлуката на Организацијата на земји членки извознички на нафта (OPEC) донесена...
Post Views: 4
Во мугрите кога ги растури исток по небото темно златестите зракој; штом сонцето тргна проблеснато, чисто, по пресните следи на ноќта и мракот; езерните далги во утринен блесок го гушкаат мило крајбрежниот песок, – тогаш дојди в Охрид!
Со овие стихови на Гане Тодоровски започна промоцијата на првата антологија на песни за Охрид насловена според истоимената песна на поетот „Дојди во Охрид“. Авторите на антологијата Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски внимателно склопиле поетски мозаик посветен на градот на писменоста и светлината, на езерото, на поднебјето и охриѓани...
Post Views: 6
Новите станбено-деловни објекти на Адора Инженеринг во Скопје, општина Аеродром, Ново Лисиче се со врвна асеизмичка стабилност и цврстина на бетон до 50 % повисока од пропишаните законски норми во Македонија, потврди експертската супер визија на реномираниот Институт за сеизмологија и земјотресно инженерство-ИЗИИС и сертифицираната лабораторија Евро-Консалтинг од Скопје.
Мерењата и лабораториските анализи на 73 бетонски коцки вградени во секој од елитните објекти што Адора Инженеринг ги гради на Г.П. 3.13 и Г.П. 3.16 во комплексот „Адора“ во општина Аеродром, Скопје,...
Post Views: 13
Општинското средно училиште Св. Климент Охридски со свечена програма го одбележа патрониот празник. Средношколците од охридската гимназија нижат успеси и достојно се носи името на словенскиот просветител, а училиштето се вбројува помеѓу подобрите образовни установи во земјава.
„ Според успесите сеуште сме на врвот на Републиката. Во однос на средните училишта резултати имаме на сите полиња. Последни ни се успесите од ноември од полето на науката каде што наши ученици постигнаа врвни резултати и добија награди од сите природни науки“, посочува Весна Цветкоска директор...
Post Views: 5
Почуствувај го здравиот рурален живот, проект на Македонија и Албанија. Двата соседи одржаа работилница на која го презентираа истражувањето кое треба да помогне во селекцијата на производите во студиите за мапирање на традиционалните производи во Македонија и Албанија. Вкупно 4 производи, два од македонска и 2 од албанска страна треба да бидат предмет на брендирање во следната фаза од имплементацијата на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“, како што истакна претседателот на Федерацијата на фармерите на Р. Македонија Андрија Секуловски.
Се зборува за неколку...
Post Views: 7
Членовите на Фото клубот Охрид со традиционална изложба посветена на Св. Климент Охридски одбележаа и јубилеј 2 децении постоење. 15тина членови на фото клубот презентираа 50тина уметнички фотографии. Клубот некогаш одржувал повеќе изложби , а сега се излагаат нивните уметнички фотографии два пати во текот на годината , на Денот на Езерото и на патронатот на градот Св. Климент Охридски. 20- те години постоење се потврда дека фото клубот се темели на чиста љубов, искрени и благородни намери на основачите долго да трае, истакна на свеченото отварање Ѓоко Симјаноски член...
Post Views: 8
Екипите на „Охридски Комуналец„ реализираа акција за расчистување на делницата од магистралниот пат Охрид-Скопје од сообраќајната клучка на влезот во Охрид (петља) до с.Подмоље.
Расчистен е расфрланиот ситен комунален отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки и др.) околу коловозните ленти. Ангажирани беа 6 (шест) комунални работници и подигнати се 30 вреќи отпад.