Узурпирани тротоарите на 15-ти Корпус

Узурпирани тротоарите од новоизградената улица 15-ти Корпус. На пешачките зони изградени бетонски ѕид и поставена железна ограда. Граѓаните кои го пријавија проблемот во рубриката „Ти си твојот град“, бараат градежните иснпектори да излезат на терен и да ги ослободат јавните површини.

 |   | 

Узурпирани тротоари во Охрид. На новоизградената современа сообрајќајница 15-ти Корпус, има узурпирани тротоари, пријавија граѓани во рубриката „Ти си твојот град“.  

На новоизградениот тротоар, веднаш до салонот на Цитроен. подигнат е бетонски ѕид и поставена е железна ограда.

Граѓаните револтирани пишуваат:

Околу продавницата си изградија огради кои го попречуваат движењето на пешаците. Го узурпираа тротоарот, а надлежните ништо не преземаат. Со овие бариери ја попречуваат безбедноста и на пешаците и на автомобилите.

Пешаците не може слободно да се движат по тротоарот. А жителите кои влегуваат или излегуваат од сокаците немаат никаква прегледност при вклучувањето во сообраќајот на улицата. Загрозена е безбедноста – пишуваат граѓаните.

Граѓаните бараат градежните инспектори да излезат на терен и да ги санкцинонираат несовесните граѓани кои узурпираат јавни површини. Велат треба итно да се отстранат оградите и бетоните, а тротоарите да бидат проодни за пешаците.

Од општина Охрид побаравме одговор, но не добивме став за овој проблем.

 

Новинар-Соња Рилковска

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top