Post Views: 1
Развојниот буџет на општина Охрид за 2109 година ќе тежи над 25 милиони евра. Во основниот буџет е вкалкурирана и сумата од около 500 милиони денари со кои Владата интервенираше за раздолжување на општината. Советниците ја испочитуваа желбата и идејата на покојниот градоначaлник Јован Стојаноски најмногу пари во буџетот да се наменат за капитални инвестиции во образованието со сума од 46 милиони денари, напомена градоначалникот Константин Георгиески.
„ Од тие 46 милиони денари за капитални инвестиции само 21 милион и 300 илјади денари се за изградба на нова градинка...
Post Views: 3
Во петтото коло од Втората македонска фудбалска лига – запад, екипата на ГФК Охрид Лихнидос утре ќе игра на гостински терен против екипата на ФК Гостивар.
Натпреварот се игра на градскиот стадион во Гостивар со почеток во 15:00 часот.
По четири одиграни кола „рибарите“ паднаа на деветтата позиција на табелата и имаат три бода.
Post Views: 7
Видно возбудени, со широки насмевки на лицата, 260 деца згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, денеска го пречекаа дедо мраз кој слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Најсаканиот дедо на Светот ги дарува дечињата со пригодни подароци и им посака среќа и весело детство во новата година.
Пакетчињата за најмладите ги обезбеди општина Охрид, којашто заедно со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е организатор на настанот , а со поддршка на ТАВ Македонија и АД „Галеб“ коешто обезбеди превоз на дечињата до аеродром.
Post Views: 0
Од денеска градскиот парк го краси дрвен воз кој 100% е сопствено производство на вработените од „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец.
Во градскиот парк во близина на детското игралиште е формирано ново хортикултурно катче од дрвена композиција-воз во кој се поставени цветни жардињери и декорирано со украсен камен. Дрвениот воз е изработен од стеблата од дрвја кои се отстранети од различни критични точки на територијата на општина Охрид, а вработените со голема умешност истите ги издлабија и формираа уникатно дело.
Post Views: 0
7435 парчиња нелегални пиротехнички средства заплени охридската полиција. Пиротехниката била пронајдена во домот на 31 годишен охриѓанец на улицата „Ристо Чадо“ кој заработи кривична пријава за “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„Станува збор за активност која е реализирана во текот на вчерашниот ден по предходни одлични оперативни сознанија дека во домот на овај 31 годишен охриѓанец има поголема количина на нелегална пиротехника. Акцијата беше извршена по добивање наредба за претрес од судија на преходна постапка.“ –...
Post Views: 0
Компанијата потврди дека тестира нов логин систем без лозинки кои на корисниците ќе им овозможи пријавување на Google профилот по пат на телефоните.
Ова го открил еден корисник на Reddit кој добил покана за тестирање на новите можности, а исто така, поставил и скрин-шот за да докаже дека Google навистина работи на новата опција.
За да може да се користи оваа функција ќе мора да се поседува компатибилен телефон на кои ќе треба да се сетираат опциите. Откако тоа ќе се направи, опцијата ќе биде овозможена. Така во иднина кога ќе сакате да се пријавите на својот Google профил...
Post Views: 2
Стационарот за згрижување кучиња скитници ќе почне со работа од февруари идната година. Љупчо Грданоски директор на Охридски комуналец информира дека јавното претпријатие е подготвено да ја преземе грижата за кучињата скитници. Службите го изготвиле планот и програмата за работа на стационарот на Муцкер. Прогармата е веќе доставена до општината и до Агенцијата за храна и ветеринарство, кажува Граданоски.Со програмата се предвидува дневно да се заловуваат по 30 напуштени кучиња или третман да добијат околу 300 кучиња годишно. За функционирање на стационарот првично...
Post Views: 4
Од идниот месец вработените во администрацијата ќе добијат повисоки плати за 4%. Зголемениот личен доход за октомври тие ќе го примат на стартот од ноември.
Пред зголемувањето По зголемувањето
15000 1560018000 1872021000 2184024000 2496027000 2808030000 3120033000 3432040000 41600 Од октомври идната година ќе се зголемат и пензиите. Пензионерите во ноември ќе зeмат за 5% повисоки пензии. Еве ја пресметката.
Пред зголемувањето По зголемувањето
9000 ...
Post Views: 0
Подарени Новогодишни пакетчиња на децата од специјалните паралелки од ОУ Св Климент Охридски. Тоа предизвикаа весела атмосфера со многу насмевки и задоволни детски лица, песнички и новогодишни желби и пораки за добро здравје и среќа во Новата 2019 Година. Децата си посакуваа што да им донесе Дедо Мраз во Новата година.
„Многу сакам Дедо Мраз да ми донесе таблет“ , искрено посакува малиот Мартин.
Родителите на децата кои посетуваат настава во овие паралелки упатувата искрена благодарност до хуманите и општествено одговорни компании од градот.
„ Посетата за децата е убав...
Post Views: 3
Предложени се 16 точки на дневен ред по кои е предвидено да работи Советот. Струшките советници ќе треба да се произнесат по предлог – одлуката за утврдување на работното време на занаетчиските дејности во Струга.
Исто така ќе расправаат по точките за разрешување и именување на нови членови на управните одбори на ОУ во Делогожда и за ЈП Комунално Струга, а на дневен ред се најдоа и кварталните извештаи за работата на Јавните Претпријатија, Проаква, Хигиена од Лабуништа и ЈП „Октиси“ од Октиси.
Утре советниците ќе треба да одлучуваат и за изградба на пешачка патека...
Post Views: 2
По смената на Андон Бојаџи в.д директор на НП Галичица со соопштение до медиумите се огласи Координативното тело за соработка со институции кои имаат надлежности во сектор животна средина и клима. Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, Македонски Зелен Центар, CNVP Македонија, Движење на екологистите на Македонија , ФРОНТ 21/42, Здружение за заштита на животни Анима Мунди и Здружение на инженери за животна средина бараат преиспитување на владината одлука за смена на в.д. директорот на НП Галичица, дипломиран шумарски инженер, со 25 годишно...
Post Views: 6
Денеска на 66 годишна возраст почина пејачот и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, објавија хрватските медиуми. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна на „Парни Ваљак“ на социјалните мрежи.
Според информациите во медиумите, на Рахимовски утрово му се слошило и бил префрлен во болница, каде што подоцна починал. Тој пред три години преживеа мозочен удар.
Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум,...