Post Views: 1
Ако бевте во план да точите бензин и дизел денеска, не брзајте и почекајте до полноќ.
Ова ви го препорачуваме бидејќи од денеска поевтинуваат нафтените деривати.Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините од утре ќе се точат по цени поевтини за 2,5 денари додека со дизел ќе полните резервоари по цени помали за 3 денари од денешните.
Тоа значи дека возачите ќе полнат ЕУРОСУПЕР БС-95 по цени од 58,5, а за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе плаќаат 60,5 денари за литар.Што се однесува до ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) тој ќе чини 55 денари за литар.По цена од 43,5 денари за...
Post Views: 0
Единаесет советнички листи претендираат на места во новиот состав на градскиот Совет на Општина Охрид. Три од листите се независни, а останатите се поднесени од политички партии и коалиции. ТВМ им упати прашање на носителите на советничките листи каква политичка кампања очекуваат да се води во изборниот процес. Од оние што успеавме да ги исконтактираме добивме идентичен одговор.
Димитар Вељаноски НЛ „Охрид пред се“
Од нас ќе се води позитивна кампања, народот го заслужува тоа, доволно се нагледавме црнила. Ако некој има простор за негативна кампања тоа се независните...
Post Views: 3
По повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, в.д. градоначалникот Константин Георгиески до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби, за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет и празнувањето да го поминат во весела атмосфера.
– Со сета своја големина и духовност што овој празник ги носи со себе, е како потсетник на христијанските вредности, на Божјите дела и човекољубието. Токму затоа, да ги отвориме нашите порти за светлината која ја носи овој голем христијански празник. Да бидеме верници и да правиме добри дела. Да...
Post Views: 0
Преку Линијата за помош за семејства со ретки болести обезбедена е психолошка и психотерапевтска поддршка за семејствата со ретки болести, информираат од невладината „ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ“.
Линијата за помош на ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ е отворена комуникација на телефон, е-маил, Фејсбук, Вајбер, состаноци лице во лице, средби на семејства. Инаку линијата за помош е за информативна поддршка, за насочување и поддржување на пациентите за остварување на нивните права во однос на здравствени и социјални услуги.
Од Јануари, 2019 година потпишан е и договор за соработка со НЕОКОРТЕКС...
Post Views: 9
Денес во населбата Рача, вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески, изврши увид на ново изградената пешачка патека. Патеката со бехатон плочки во должина од 170 метри и два потпорни ѕида, изградени се од страна на ЈП “Градски гробишта“.
Овој зафат е во рамките на програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и со него се решава деценискиот проблем на функционално поврзувње на двата дела од населбата. Посебно е важно олеснувањето на движењето на децата, кои оваа патека ја користат за да стигнат до училиштето.
Post Views: 0
Во петокот Њујорк го сруши температурниот рекорд за Божик додека изненадувачки снегулки го надвиснаа Лас Вегас.
Менхетн го забележа најтоплиот Божик од почетокот на мерењата на температури со 18,8 степени целзиусови, соопштила националната метеоролошка служба. Тоа е температура која не била никогаш забележана од почетокот на мерењата во 1871 година, а ја надмина онаа од 17,7 степени од 25 декември 1982 година во Централ Парк.
Њујорк поминува низ пролетни температури веќе цела седмица, а во четвртокот беа измерени 22 степени целзиусови. Овие температури се во целосна...
Post Views: 10
Тетарската уметност е токму уметноста која во себе ги сплотува сите останати уметности, но тоа е и уметноста која чини најмногу пари. Веќе од оваа година во програмата на локалната самоуправа се издвоени финансиски средства за охридската млада театарска куќа. Иако долго време стои идејата за децентрализација и деполитизирација на тетарските куќи, сепак секоја општина не е подготвена на тоа. Стрезо Стаматоски в.д. директорот на центарот за култура во Охрид вели дека враќањето на охридскиот центар за култура во владение на локалната, без претходно направена студиозна...
Post Views: 0
Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.
Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат.
По успешната електронска регистрација во системот...
Post Views: 3
Координативното тело за организирање на манифестациите поврзани со празникот „Богојавление Водици“, денес, одржа работен состанок. На состанокот беше присутен и в.д. градоначалникот Константин Георгиески.
Традиционално и оваа година централната манифестација посветена на празникот е на 19 јануари. Одбележувањето започнува со утрински богослужби во парохиските цркви, додека спуштањето на Светиот крст во водите на Охридското езеро ќе биде од Градското пристаниште. Медицински тимови, спасителите на вода и нуркачите повторно ќе бидат задолжени за безбедноста на капачите....
Post Views: 2
Советничката говорница во салата за седници на општина Струга, денес не беше многу користена од страна на градските избраници. Дневниот ред на дванаесеттата седница со 16 точки, плус дополнително предложените 4 точки, поминаа глатко, со исклучок на предлог одлуката за работното време на струшките занаетчии која беше одложена за некоја наредна седница. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски, вели дека нема седница без да се замеша политиката, па таков бил и денешниот тек на седницата.
„Во одредени ситуации бев малку разочаран, бидејќи знаете дека кога се работи...
Post Views: 3
Во чест на големиот христијански празник Божик, на градскиот плоштад поставена e макетата на пештерата која го наговестува денот на Христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец од Рајчица. При крај се подготовките за традиционалната Бадникова поворка која годинава ќе се одржи по шести пат.Поворката ќе се одржи во сабота, 6-ти јануари, во организација на Одборот за бадникови поворки од Охрид.
Учество ќе земат околу 500 деца. Почетокот ќе биде во 11 часот од црквата „Св. Ѓорѓи“. Коледарчињата пеејќи ја Вечниот Бог ќе се движат по улиците...
Post Views: 3
Поради изведување градежни работи на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, СВР Охрид информира дека во наредниов период на сила ќе биде изменет режим на сообраќај.
Имено, сообраќајот по булеварот „Македонски просветители” ќе биде дозволен од пресекот со булеварот „Туристичка” до пресекот со улицата „Димитар Влахов”, од каде во двонасочен правец ќе се одвива до пресекот со улицата „Новопректирана”. Сообраќајот по „Новопроектирана” ќе биде еднонасочен до пресекот со улицата „Партизанска”. Апелираме до возачите на моторни...