Екипите на ЈП „Охридски комуналец“се справуваат со снежните врнежи во Охрид и околината

Post Views: 3 Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ од раните утрински часови работат на расчистување на снегот кој го зафати Охрид и околината. Постојано се чисти снегот од улиците и тротоарите според постоечката категоризација на приоритет, информира Љупчо Грданоски директор на ЈП. Утрово, снежните наноси биле мали па се посипувала ризла, а како интензитетот на снежните врнежи растел се употребила и тешка механизација. Интервенирале на чистење на патните правци кон селата и населбите во високите предели кон селата  Велестoво, Елшани, Коњско и населбите Варош и Бараки, а го чистеле и...

Continue reading

Денеска во Охрид сончево и топло со температура до 26 степени

Post Views: 0 Времето денеска во Охрид сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени. До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање – информираат од УХМР. 

Continue reading

Запрена е исплатата за штетите од земјотресите во Охрид 2017та

Post Views: 1 Формирана е посебна комисија која ја чешла документацијата за исплатите а покрената е и дисциплинска постапка против службеник во општината. Оваа информација од локаната следи откако од ВМРО ДПМНЕ обвинија за спорни плаќања на суми поголеми од настанатата штета. Исплатата на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година во Охрид е запрена откако на 6ти декември лани започнал увид во документацијата за евентуални спорни плаќања. Ова објаснување доаѓа од локалната самоуправа по обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ дека поседуваат информации, според кои Oпштина Охрид...

Continue reading

Концертот на српските уметници на „Охридско лето“ се префрла во Центарот за култура

Post Views: 1 Концертот на српските солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац кои на 12 јануари ќе настапат во рамките на фестивалот „Охридско лето“ заедно со Српскиот камерен оркестар, заради ниските зимски температури, наместо во црквата „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19 часот, информираат од фестивалската дирекција. На репертоарот се дела од композиторите Џоакино Росини, Фредерик Шопен, Рудолф Сичински, Фриц Крајслер, Едвард Елгар, Франц Лехар, Петар Илич Чајковски, Пјетро Маскањи, Клод Дебиси, Јохан Штраус и Емерих...

Continue reading

Студот не предизвика сериозни дефекти на водоводната мрежа во Охрид

Post Views: 2 Неповолните временски услови од синоќа финишираа и со врнежи од снег, аод јавното претпријатие утрово информираа дека досега е пријавен еден само случај на оштетен водомер, односно пукање на стаклото. Од јавното претпријатие потенцираат дека сеуште важат препораките и апелот за охриѓани заштита на водомерите во своите домови, како би избегнале дополнителни трошоци при санација или нивно менување. Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор).

Continue reading

Лидерот на Исламска држава најави напади на Израел

Post Views: 0 Лидерот на Исламска држава, Abu Bakr al-Baghdadi, повика, во аудио порака објавена во саботата, на побуна во Судиска Арабија и вети напади на Израел, пишува британски Telegraph. Станува збор за негова порака во последните седум месеци, а објавена е на социјалните мрежи Twitter, објави американскиот портал за следење на џихадистичката мрежа Site. Пораката е објавена во моментите кога Исламска држава трпи порази во Сирија и Ирак. Во пораката, долга 24 минути, Baghdadi ја критикува големата коалиција од 34 држави која на 15 декември ја формира токму Саудиска Арабија со...

Continue reading

Охрид под снег

Post Views: 1 Следејќи ја временската прогноза и најавените снежни врнежи, во текот на вчерашниот ден се одржа координативен состанок на оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“. Се екипираа групите за расчистување на коловозите и сообраќајниците со механизација, за рачно расчистување на пешачките патеки и јавни површини, како и екипите на „Паркови и зеленило„ за интервенирање во парковите и дрворедите. Уште во раните утрински часови коловозите се посипуваат со абразивни средства, а чаршијата, пристапните патеки во стариот дел од градот и тротоарите во централното градско подрачје...

Continue reading

avetomobil

Деветнаесет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

Post Views: 2 На 3 октомври 1995 година врз Глигоров беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, инаку случаен минувач покрај местото на настанот. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција...

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД ПОДГОТВЕНО ГИ ДОЧЕКА ВРНЕЖИТЕ ОД СНЕГ

Post Views: 1 Вршителот на должност, градоначалник Константин Георгиевски , утрово одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб, директорите на јавните претпријатија и претставници од Територијалната противпожарна единица со цел преземање на активности и мерки за непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот на територијата на Опптина Охрид, во услови на снег. Од утрово екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ со работна сила и механизација се излезени на терен и со координирани активности работат на расчистување на уличната патна мрежа во населените централни градски...

Continue reading

memo

Потпишан Меморандум за поддршка на соживотот во Струга

Post Views: 2 Во Струга денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Струга и Мисијата на ОБСЕ за проектот „Медијација за промена“. Потпис стави струшкиот градоначалник Зијадин Села и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Р. Макеоднија Ралф Брет. Во Струга пронајдовме партнери со кои може да се зборува за соживот и да се работи за општо добро на луѓето од оваа мултиетничка средина, нагласи амбасадорот Брет. „Дел од нашиот мандат е од една страна да го имаме овој мониторинг, разговараме со многу луѓе во општинитие, во однос на пшревенцијата, што значи тренирање и обучување...

Continue reading

Деблокада на жиро сметката на ОУ „Григор Прличев“ меѓу приоритетните заложби на Локалната самоуправа

Post Views: 1 Деблокада на жиро сметката на ОУ Григор Прличев ќе биде и понатака меѓу приоритетните заложби на Локалната самоуправа. В.д. градоначалникот Константин Георгиески напоменува дека со тоа ќе продолжат претходните напори да се надмине деценискиот проблем со исплата на долговите кои ги има училиштето по основ судски решенија за екпропријација на земјиште за изградба на училишниот комплекс. „Досега со 16 спогодби се исплатени 22 милиони денари 710 илјади денари. Заштедени се над 8 милиони 654 илјади денари. Останати се уште 5 изврши решенија за да се одблокира сметката на...

Continue reading

Горивата поскапуваат за 1,5 денари по литар

Post Views: 2 Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги . Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 отсто. Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 84 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 86, а „еуродизелот“ за 75,5 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува еден денар за литар и ќе чини 74,5 денари. Со одлуката на Регулаторна, малопродажната цена на мазутот се зголемува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top