Горивата поскапуваат за 1,5 денари по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 отсто.

 |   | 

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги . Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 отсто.

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 84 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 86, а „еуродизелот“ за 75,5 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува еден денар за литар и ќе чини 74,5 денари. Со одлуката на Регулаторна, малопродажната цена на мазутот се зголемува 1,249 денар за килограм и ќе изнесува 48,17 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена, како и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top