Post Views: 2
Иван Лотески беше најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст. 28-годишниот Иван Лотески светиот крст го фати и минатата година.
Денес на градскиот плоштад имаше неколку илјади граѓани кои го проследија настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици. Покрај охриѓани имаше и многу домашни, но и странски гости кои воодушевено ги следеја случувањата.
И оваа година манифестацијата Богојавление-Водици во Охрид се покажа како најдобро организирана и повторно во организација на Дебарско-...
Post Views: 3
Денес во канцеларијата на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро во Салата на СРЦ Атина Бојаџи Охрид, официјално ќе ја презентира заложбата за одбележување на Ден на реката Дрим.
Имено започнувајќи од оваа година Денот на реката Дрим ќе почне истовремено да се одбележува во 5- те држави од Басенот на реката Дрим.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Пред да почне со својата проповед Господ Исус Христос, во околината на Јордан проповедал Јован Крстител, кој велел: Се приближува царството небесно, доаѓа очекуваниот Месија, исповедувањето е потребно за влегување во царството небесно. Исус Христос, пред да почне јавно да го проповеда своето учење, од Галилеја дојде крај Јордан и му дозволи на Јована да го крсти, поради што Јован се нарекува Крстител.
Во спомен на Христовото крштевање црквата воспостави празник: „Крштевање на Господ односно Богојавление -„Водици“. Споменот се однесува на 6-ти Јануари (19-ти според Јулијанскиот...
Post Views: 2
Со решение на министерот за култура за нов вршител на должност раководител на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид назначен е Зоран Пејкоски, вработен во националната установа.
Пејкоски доаѓа на местото на Стрезо Стаматовски, кој досега ја извршуваше функцијата в.д. директор. Инбаку во изминатиов период веќе беа објавени три конкурси за избор на директор на оваа национална установа, меѓутоа ниту еден од нив не беше спроведен.
Post Views: 3
Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово – заедничка акција на Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Чист Охрид.
23 волонтери од неколку европски земји, но и од Македонија денеска собраа 17 полни вреќи со отпад од видиковец на патот кон Велестово. Пластични шишиња, влажни марамици, презервативи се некои од работите кои доминираа на овој простор кој моментално е исчистен благодарение на странските и волонтерите од земјава.
„Но, во меѓувреме, истакнуваме дека во околината на видиковецот...
Post Views: 6
Христијан Петрески го фати крстот за годинешното чествување на празникот Водици во селото Лакочереј.
Голем број на скокачи и годинава учествуваа во манифестацијата која се одржа во ова село. Жителите на селото, според традицијата, го даруваа среќниот фаќач на крстот. Тие наполнаа од осветената вода на реката, каде се изведе чинот на фрлање на Светиот крст.
Јорде Цаноски пак по трет пат беше најсреќниот и излезе со крстот во раката од водите на Охридското Езеро во Пештани.
Со тоа продолжува древната традиција на фрлање на крстот во ова прекрасно село на брегот на езерото....
Post Views: 0
Во предвечерието на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во куќата на „Уранија“ в.д. градоначалникот Константин Георгиески, ја врачи светската награда за хуманизам на овогодинешниот добитник, Романо Проди, екс премиер на Италија и претседател на Европската комисија.
Навистина е големо задоволството да се биде дел од оваа престижна манифестација, која Светот го носи во Охрид, токму во предвечерието на големиот Христијански празник, Богојавление – Водици. Особено сум среќен што Охрид, онака и како што заслужува , е центар на Академијата за хуманизам. Токму...
Post Views: 1
Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, оствари средба со директорот на ЦУК, Агрон Буџаку. Тема на разговор беше проектот што ЦУК го имплементира, а тоа е единствен телефонски број за итни случаи. Тоа значи дека МВР, брза помош и територијалната против пожарна единица ќе се повикуваат од еден број – 112.
За таа цел ЦУК ќе формира осум регионални кол центри, од кои еден од нив ќе биде лоциран во Охрид, а главниот ќе биде во Скопје. Улогата на општина Охрид во имплементацијата на проектот е обезбедување на просторни услови од каде ќе оперира регионалниот...
Post Views: 2
Американскиот долар во 2015 година зајакна за повеќе од 9% во однос на најважните светски валути што е благодарение на првото зголемување на каматите на американската централна банка од 2006 година.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шест најважни валути во светот, во последниот ден од тргувањето достигна 98,75 поени, што е околу 9% повеќе во однос на почетокот на годината.
Зајакнувањето на доларот е благодарение на зголемувањето на каматите на Fed во декември, а што е за прв пат по 10 години, како и најавите на централната банка...
Post Views: 3
Македонските традициони специјалитети, карактеристични за овој период од годината, ќе можете да ги вкусите во ресторан хотел “Вилиџ” Охрид.
✔️Рибна чорба✔️Пивтија✔️Греана ракија
По цена од само 100 денари.
Во рамки на оваа единствена понуда за само 1990 денари, ноќевање и појадок за двајца.
Почувствувајте ја вистинската празнична магија, зошто Богојавление-Водици најубаво се доживуваат и слават во Охрид!Повелете Ве очекуваме!
☎️ 046 251-621
Post Views: 2
Мала е веројатноста дека причина за смртта на починатиот Британец на Клиниката за инфективни болести во Скопје била болеста ебола. Најверојатно се работи за компликации настанати по алкохолно труење, велат за МКД.МК извори од клиниката, кои сепак додаваат дека треба да се почека на официјалните резултати од испитувањата во Германија.
Британската амбасада во Скопје на својата интернет – страница се огласи по случајот со британскиот државјанин за кој постои сомнеж дека почнал од ебола.
„Македонските здравствени власти пријавија дека на 9 октомври, лице со симптоми на ебола...
Post Views: 5
Менаџментот на јавното претпријатие „Билјанини Извори“ денес на вработените во градинката „Билјана“ им предаде донација во вредност од 60.000 денари. Вршителот на должност градоначалник на Општина Охрид, Константин Георгиески истакна дека Општина Охрид, оваа година издвоила најмногу средства од буџетот, се со цел да се преземат инфраструктурни зафати на голем дел од образовните установи во градов, токму за подобрување на условите за работа во образованието. Имено, само 23 милиони денари се издвоени за изградба на нова градинка.
„Ваквите настани се дедн позитивен ветер...