Врачена Повелбата за најдобра поема за 2018 година

Post Views: 5 Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше врачена Повелбата за најдобра поема за 2018 година. Лауреатот Славчо Ковилоски го доби ова престижно признание за поемата „Крале Марко по втор пат“ која ја пишувал повеќе години. Авторот кажа дека е посебно почестен со наградата бидејќи да се продолжи делото на ловороносецот Григор Прличев е огромна чест и одговорност. Оваа награда Григор Прличев која се доделува за поема е единствена во македонската книжевност и е една од најзначајните награди воопшто во македонската литература. Така што ми е огромна чест и задоволство,...

Continue reading

crtezi

Триесет години успешна приказна

Post Views: 2 Игор, Јасе, Деа, Нури, се само некои од штитениците на Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга кои поголемиот дел од денот го минуваат токму тука. Оваа организација е формирана во 1984-та година, од страна на група родители кои имаат деца со посебни потреби, конкретно со интелектуална попреченост и оттогаш непрекинато функционира. На почетокот Порака  функционира како социјален клуб, во кој се одвивале одредени активности, дружења, екскурзии, за да во 2005-та година, со помош на...

Continue reading

Повлечена точката за легализација на диво градби во АК Градиште

Post Views: 5 Симната од дневен ред предлог одлуката за донесување урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во КО Пештани. Образложение за ваквата одлука даде в.д градоначалникот Константин Георгиески. „Легализација на објекти во автокампот „Градиште“, од формално правен аспект службите солидно го изработиле предметот, набавено е мислење од НП „Галичица“ и министерството за животна средина, кои се позитивни.Позитивно мислење добивме и од Комисијата за денационализација, но со оглед на тоа што сега таа е разрешена, точките ќе ги повлечеме и ќе...

Continue reading

Целосно изгорена зградата на Жито Битола

Post Views: 4 Пожарот кој избувна вчера во објектот на „Жито Битола“ e изгаснат уште синоќа во 21 часот изјави утринава за Канал 5 заменик командирот на противпожарната единица Горан Димкоски. Денеска до пладне местото ќе го надгледуваат двајца пожарникари. Вчера во гаснењето на огнот интервенирале 29 пожарникари од битолската единица, на кои напомош им пристигнало и возило на РЕК Битола и едно возило од Водовод, вкупно 9 возила учествуваа во справување со огнената стихија. Пожарникарите во објектот не затекнале луѓе, вели Димкоски. Битолскиот градоначалник Тони Коњановски кој синоќа...

Continue reading

ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR

Post Views: 0 Црвен крст Охрид со задоволство го најавува почетокот на пролетниот циклус од едукативната програма ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR кој ќе стартува на 14.02.2019 година и ќе трае 15 недели. ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR е програма која се спроведува веќе деветта година во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери...

Continue reading

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 0 Имајќи ги во предвид општествените состојби на локално, но и на национално ниво во поглед на потребите, ставовите, но и предизвиците пред кои се исправени младите како неопходност се наметнува потребата за изработка на Локална младинска стратегија на општина Охрид. Од Стратегијата за млади се очекува да ги постави основните принципи и насоки за дејствување на сите чинители во општеството кои во крајна линија ќе доведат до остварување на потребите, правата, но и интересите на младите луѓе. Локална стратегија за млади, како стратешки документ предвидено е да се креира...

Continue reading

Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид oд утре треба да бидат ставени во употреба

Post Views: 5 Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид кои поради сервисирање еден месец  не се во функција, од утре треба да бидат ставени во употреба. Станува збор за апаратите во четирите операциони сали на хирургија и урологија, додека апаратот за анестезија на одделението за гинекологија бил сервисиран во најкраток можен рок и веќе на 09ти јануари бил ставен во функција. Тој апарат се користел за итните операции со цел да не се препраќаат пациентите во други здравствени установи. Директорката на болницата, Славица Малевска Стојадиновиќ тврди дека воопшто немало никаков...

Continue reading

Науме Јованоски претендира да биде кандидат за градоначалник

Post Views: 18 Науме Јованоски, поранешниот прв човек на ОО на СДСМ од Охрид денес на прес конференција ги обзнани своите амбиции да биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид на претстојните вонредни локални избори. Одлуката да влезе во трката за градоначалник ја донел и поради блискоста и вербата во актуелното раководство на СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Дополнителен мотив да се кандидирам за одговорната функција е фактот што, во делот на организациската и теренска активност, имам одлично претходно искуство, добар тим кој ќе застане зад мене за заеднички...

Continue reading

ЗГ „Оревче“ : Да се отфрлат предлог одлуките за легализација на бесправно изградените објекти во АК Градиште

Post Views: 0 Отфрлање на предлог одлуките за легализација на бесправно изградени објекти во авто кампот Градиште на утрешната седница на Совет, бараат од здружението на граѓани „Оревче“. Стотина семејства од Пештани сопственици на 100.000 метри квадратни имот во најатрактивниот камп Градиште ги повикуваат советниците од позиција, опозиција и независните да ја поддржат нивната правна битка за враќање на нивните национализирани имоти која ја водат долги години. „ Не сакаме легализација на објектите. Законот е дециден. Со донесување на законот за денационалзиција во 2000 година во член...

Continue reading

Цената на нафтата своето дно ќе го достигне во првото тромесечие

Post Views: 0 Додека Иран тврди дека неговото враќање на пазарот нема да влијае на понатамошно паѓање на цената, лидерите на нафтените компании и инвестициските банки прогнозираат дека барелот своето ценовно дно ќе го достигне во првото тромесечие од оваа година. За време на викендот во радиската емисија на BBC гостувал извршниот директор на нафтената компанија BP, Bob Dudley, и тој изјавил дека најниската точка на цената на нафтата би можела да биде во март. “Цените ќе останат ниски подолг период, околу неколку години”, истакнал Dudley. Спрема неговото мислење, “поприродна рамнотежа”...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Локалната администрација сака преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки

Post Views: 8 „Неодговорното однесување на локалната администрација никако да запре сакајќи преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки. Градиште е огледало на тоа како функционира целиот систем на Република Македонија.“ обвинуваат од ДПМНЕ Охрид. Лицемерието односно контрадикторните ставови во однос на заштитата на градот од УНЕСКО се очигледни.Легализацијата на 7 бесправно изградени објекти во кампот Градиште во најзаштитениот појас, во непосредна близина на езерото, експресно државата и нејзините институции ги издале сите потребни согласности за овие легализации....

Continue reading

avtopat izgradba

Метар по метар се раѓа автопатот Охрид – Кичево

Post Views: 9 Метар по метар вредните работници трпеливо ја создаваат траекторијата по која ќе минува новиот автопат. Теренот со исклучително непријатна конфигурација претставува вистинска опасност за работниците, кои со своите машини го пробиваат теренот, пишува „Нова Македонија“. Долгогодишниот сон на граѓаните на Кичево и на Охрид за автопатско поврзување помеѓу овие два града почнува да се реализира. Моќните машини и вредните раце на градежниците на кинеската компанија „Синохидро“ и домашните компании „Гранит“, „Трансмет“ и „Илинден“ секојдневно, од утро до вечер, некогашната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top