Post Views: 0
Во лавината во француските Алпи во средата најмалку три лица загинале, од кои две се деца кои биле во групата ученици која скијала со својот професор, соопштија властите.
Покрај споменатите двајца ученици, од кои едниот починал во болница од повредите, во лавината која се урнала на скијачките терени кај Ле-Дуз-Алп, загинал и украински државјанин кој не бил член на училишната екипа.
Тешко се повредени уште тројца скијачи кои се пронајдени од спасувачките екипи, две деца на кои им затаиле срцето и белите дробови, и професорот кој ги водел, со повеќекратните повреди. Неговиот...
Post Views: 20
Ќе се реконструира кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“. По направените сондажи од страна на стручни лица од Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта било констатирано дека овај кружен тек кој е поставен на една многу фреквентна крстосница, има оштетувања и некои недостатоци па неопходно е да се реконструира. Најпрво се планирало само да се направат некои помали зафати, но состојбата на терен покажала дека неопходна е целосна реконструкција.
Завршена е тендерската постапка, склучен е договорот со изведувачот за реконструкција...
Post Views: 8
Според планираните активности, до крајот на годинава ќе бидат целосно завршени конзервацијата и илуминацијата, со што ќе биде промовирана уште една значајна културно-историска позиција во Старото охридско јадро, во непосредна близина на црквата „Св. Софија“.
Проектотот се одвива во континуитет, четврта година по ред, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, а реализацијата на планираните активности ја спроведува Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. Во периодот од 2011 до 2013 година е извршена заштита од...
Post Views: 2
Охрид ќе добие нов спортски објект. Неодамна беа ставени темелите за изградба на спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охродски. Овој проект кој долги години наназад беше најавен, конечно ќе се реализира. Со тоа не само што училиштето ќе добие современа спортска сала, туку и градов ќе има нов простор во кој ќе можат да се одржуваат спортски настани.
На оние состаноци кои ги имавме со покојниот градоначалник тој ни побара проекти со кои ќе аплицираме. Јас му го понудив проектот за спортската сала кој беше изготвен од 2008 и стоеше во фиока. Веднаш се зинтересира и набрзо општината...
Post Views: 5
Од страна на ЈКП „Дебрца“ деновиве се спроведува акцијата за чистење на каналите низ населените места во општина Дебрца.
Исчистени се каналите во селото Злести, селото Оровник во тек е чистењето во селото Горенци. Исто така активностите ќе продолжат и во наредните денови каде ќе бидат опфатени сите села и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваа жителите на Дебрца.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Во рамки на проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ кој е финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програма за прекугранична соработка, а го спроведува Црвен крст Охрид, викендов во Поградец Албанија, беше презентирана дел од опремата за безбедност на вода.
Во присуство на Евроамбасадорот во Албанија Г-дин luigi Soreca, претставници на Владата на Р.Албанија, Градоначалникот на Поградец, претставници на Федерацијата за спасување на вода од Албанија, претставници на Националниот центар за животна средина, туризам и одржлив развој...
Post Views: 2
Во големата сала на Општина Охрид денеска беше одржана работилница во пресрет на креирањето на Стратегијата за млади на Општина Охрид. Според предвиденото, Локалната стратегија за млади се креира со активно учество на младите луѓе, релевантните институции, организации и бизнис секторот кои денеска беа присутни на настанот и ги изнесоа своите ставови, предлози и сугестии во врска со стратегијата.
Содржината на Локалната стратегија за млади ќе ги опфаќа стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите во општина Охрид и долгорочните цели презентирани...
Post Views: 1
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески оствари средба со учениците-средношколци и студентите од општина Дебрца кои по објавениот конкурс од општината добија ученички, односно студентски стипендии за учебната , односно студиската 2018/2019 година.
Петнаесет средношколци кои имаат континуиран одличен успех ќе добиваат поддршка од по 1.500 денари месечно, а пет студенти по 2.500 денари, за времетраење од девет месеци во учебната, односно студиската година.
При врачувањето на решенијата и потпишувањето на договорите на учениците и студентите им посакав многу...
Post Views: 0
Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска заедно со амбасадорот на Р. Словенија во Р. Македонија Н. Е. Милан Јазбец, ја проследи свечената приредба што вечерва се одржа во ОМУ „Методи Патче“ , а по повод одбележувањето на словенечкиот културен празник – Прешернов ден.
Организатор на настанот еж словенечкото здружение „Триглав“ од Битола со поддршка на амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.
Post Views: 0
По повод обележувањето на „Денот на ретки болести 2019 “ ,како дел од активностите на Националната алијанса за ретки болести на Р.Македонија ,во 18 часот во Амфитеатарот на Институтот за филм – Филмска Академија Охрид, се одржа проекција на филмот„ Лицата на Лафора“ од режисерот Денис Бојиќ.
На настанот беше присутна Претседателката на Советот на Општина Охрид, г-ѓа Живка Ангелоска . Присутните и организаторите на настанот имаа можности и за отворена дискусија со режисерот Бојиќ.
Post Views: 7
Македонија се почесто се рангира меѓу земјите со најголемо еколошко загадување што им паѓа тешко на еколошки освестените граѓани и производители на храна. Охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски е меѓу ретките земјоделци кој се бори за надминување на загрижувачките состојби со деградирање на животната средина. Нагласува дека на глобално ниво 70 посто од загадувањето на животната средина се должи од неадекватните техники во земјоделието. Нашата земја е на уште пониско ниво од европските проценки, вели разочарано Стојаноски, а земјоделците и наделжните институции замижуваат...
Post Views: 1
Според полицијата, една од експлозиите била предизвикана од бомбаш самоубиец, а до експлозии дошло пред еден трговски центар и во кафе ресторан на „Старбакс“.
„Прозорците на Старбакс се искршија од експлозијата и видов тројца загинати на патот. Имаше и престрелка со некој на покривот на зградата“, јави фоторепортерот на новинската агенција Ројтерс.
Во престрелката, според локалните медиуми, биле инволвирани десетина вооружени лица при што еден полицаец бил убиен.
Индонезија е на работ во изминативе неколку недели по заканата од исламските милитанти и по полициската операција...