Post Views: 8
Преку истоимениот проект, финансиран од Европската унија од програмата на ИПА, а во партнерство со неколку општини од земјава и република Грција ќе се наоправи обид да се создаде заеднички туристички идентитет базиран на патеки за вода, специјализирани според идентитетот на локацијата и преку иновативна платформа и мрежни активности за развивање на промотивни туристички пакети за подобрување на прекуграничниот туристички производ и услуги.
Неколку општини од земјава и од соседна репулика Грција изработија проект со кој ќе се направи обид да се создаде заеднички туристички...
Post Views: 12
Мобилната апликација на YouTube пружа можност на намалување на прозорчето односно видео-записот кога сакате да побарате некое друго видео, а тоа го прави без прекинување на видеото кое моментално го гледате. Истата функционалност сега ја носи додатокот YouTube Picture in Picture Chrome за десктоп и лаптоп компјутерите.
Кога ќе се инсталира додатокот, било кој видео-запис може да се спушти во долниот десен агол за да пребарувате други видео-записи или канали, а видеото кое го гледате ќе биде прикажано во мало прозорче.
Исто така, може да се зголеми или да се исклучи...
Post Views: 0
Масовни протести доколку не се стопираат нелегалните градежни активности на Алипашината џамија, најавуваат од Здружението „Совест“. Надлежните до понеделник имаат рок да извршат увид и да побараат да се почитува законот. Деновиве повторно во фокусот на јавноста е нелегалната изградбата на 32 метарското минаре на Али пашината џамија во строгиот центар на Охрид. После подолг застој поради забраната за градба, покриено со параван, но пред очите на јавноста без одобрение за градба полека се издигнува минарето. „Веќе три години оваа мачна ситуација за охриѓани , ние...
Post Views: 4
Во врска со донесената Одлука на Владата на Република Македонија, поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”, 3.12.2014 година (среда), е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Акции за пошумување ќе се организираат низ цела Македонија. Неработниот ден ќе биде одработен во сабота, на 13-ти декември.
{loadposition content9}
Post Views: 2
На Дневен ред на општинскиот Совет денеска беа реализираните развојни програми на општината, финансиските завршни сметки на претријатијата и општински училишта за 2018. Советниците ги усвоија извештаите за реализацијата на развојните програми на Локалната самоуправа како и годишниот извештај за завршната сметка на буџетот. Според опозицијата во советот, потфрлување кај реализираните програми планирани со буџетот за 2018 има во делот на комуналните услуги, градежното земјиште, секторот за комунални дејности, улици и патишта.
„Години наназад програмите се желба ,а не реални...
Post Views: 0
ПС Струга поднесе кривична пријава против П.Д.(37) од с. Радолишта, струшко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.
Имено, на 30.04.2014 година, пријавениот заедно со уште четири засега непознати лица кои се опфатени со пријавата, во златара „Циркон“ во Струга извршиле разбојништо при што одзеле поголема количина разновиден златен накит, според кажување на сопственикот во вредност од околу 420.000 евра.
Разбојништвото го сториле на начин што со употреба на сила и закана со огнено оружје непосредно нападнале врз животот и телото на...
Post Views: 1
16 и 30 март ќе бидат работни денови за основните и средните училишта во Македонија.
Ќе се одработуваат часови според распоред за понеделник, односно вторник. Ќе се надоместува пропуштената настава од 21 и 22 јануари, кога поради загадениот воздух учениците имаа продолжен распуст.
Дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните и средните училишта е објавен вчера во Службен весник, а информацијата ја потврдија и од Министерството за образование и наука.
Post Views: 0
Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип и ковид се една иста работа. А со оглед дека симптомите за сите овие три заболувања се слични, тестирањето и натаму е најдобрата опција за да се утврди од што е некој заразен. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според...
Post Views: 13
На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во понеделник 18 март, ќе биде промовирана директната авиолинија Охрид – Малме, како и новиот директен лет Охрид – Милано со кои ќе оперира авиокомпанијата „Виз ер“.
Во понеделники ќе се очекува и пристигнувањето на авионот од Малме во 11:25 часот.
Post Views: 19
Пет уготителски објекти од регионов се дел од првиот водич „ Slow food“ гостилници. Тие ја добија оваа ознака меѓу 17-те македонски гостилници избрани од Slow food Македонија. Тоа се тераса „Утарна“ во Горно Коњско, етносело „Андревци“ во Годивје, етнопансионот „Кутмичевица“ во Вевчани, вила „Радожда“ и вила „Мал Св. Климент“ Охрид.
Станува збор за угостителски објекти кои нудат традиционална храна, подготвена на традиционален начин, а при тоа користат локални производи, информира проф. д-р Ангела Крстаноска Пасквале.
Целта на водичот беше да се едуцираат нашите сопственици...
Post Views: 1
Пролетниот дел на училишните спортски лиги за основни и средни училишта започнува во петок. Спортските лиги ќе започнат со натпреварите во футсал, кои ќе се играат во балон салата „Климент Колески“ од 09 до 12 часот.
Организатор на училишните спортски лиги е Сојуз на училишен спорт Охрид, а се реализираат под покровителство на општина Охрид.
Post Views: 0
Поради високиот број на пожари во првото тримесечие од тековната година, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала рекордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и 4 интервенции на опожарени сообраќајни средства.
Високиот број на интервенции за овој период од годината е највисок за последните 14 години и во најголем број случаи е резултат на небрежност и непочитување на законските одредби. Доколку лицата кои...