Post Views: 1
Ј.П.„Охридски Комуналец„ по сопствена иницијатива спроведе акција за чистење на површините кои не се јавни околу станбените згради во 8.ма урбана зедница . Опфатени се улиците: „Никола Карев„, „Галичица„ и ул.„АСНОМ“.
Подигнат е расфрланиот комунален отпад, а граѓаните треба да имаат одговорност за просторот околу нив и да не создаваат мини депонии во средината која живеат. Се надеваме на поголема еколошка и граѓанска свест бидејќи од нас зависи во каква населба и во каква животна средина ќе живееме.
Post Views: 7
Синоќешната ракометна драма од првите редови ја проследи и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ која своите доживувања ги сподели со стотици илјади корисници на најпопуларната мрежа Facebook.
Пред натпреварот, за време додека малку кој веруваше во чудо и победа на Хрватска со минимално 11 голови разлика пред преполна сала на полски навивачи, претседателката носеше дрес на Домогој Дувњак и ги поздрави пред излегување на теренот. Ова видео претседателката го пропрати со објава “За нашата Хрватска”, а бројни корисници на Facebook го споделија и го коментираа...
Post Views: 2
Центар за јавно здравје Охрид се приклучува на глобалната кампања и одбележување на 22 март, Светскиот ден на вода со истакнување на дел од проблемите и насоките и препоракитеза дејствување со цел надминување на истите.
Кој и да сте, каде и да сте, водата е ваше човечко право и „НЕ ОСТАВАЈТЕ НИКОГО ПОЗАДИ СЕБЕ“ се главните пораки на Светскиот ден на вода, 22 март, преку кои се истакнуваат напорите и тежнеењето да се обезбеди пристап и одржливо управување со водите за сите, што подразбира никој да не се остава позади себе.
Дeнес, милијарди луѓе живеат без питка вода –...
Post Views: 1
Предизвикот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Амбасадата на Шведска, Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), Милиеуконтакт Македонија и Центарот за социјални иновации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Двајца победници ќе бидат избрани од страна на експертска комисија. Секој од победниците ќе биде награден со 10,000 УСД. Од оваа сума, 1,000 УСД ќе бидат доделени во кеш (парична награда) а 9,000 УСД ќе бидат вложени за да се развие идејата во прототип....
Post Views: 6
Маре Ѓоргиоска, одделенски наставник од ОУ „ Григор Прличев “ е избрана меѓу 9те најуспешни македонски одделенски наставници. На конкурсот на фондацијата Отворено општество во изборот на тема „ Успешни наставници за добри наставни пракси“ Ѓоргиоска го доби второто место. Таа е одделенски наставник во Прво 4 и во своето 34 годишно работно искуство за прв пат сосема случајно учествувала на еден ваков конкурс. Поттикната од својата помлада колешка Ивана Маховска учествувала на повикот од фондацијата. Наградата и претставува голема сатисфакција во долгогодишната кариера...
Post Views: 5
Прва хуманитарна акција на дечињата од ОУ „Дебрца“ од с.Белчишта.
Акцијата е насловена како „Учениците даруваат, учениците спасуваат! Придружи се и ти!“
Хуманитарната акција е организирана во соработка со општина Дебрца и Црвен крст Охрид, а ќе се одржи во с.Требеништа, во четврток, 15ти мај, со почеток во 11 часот.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Поднесени документите за учеството на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, на вонредните локални избори.
„Со поднесувањето на документите веќе и официјално нашата партија влегува во трката за градоначалничкото место во градот Охрид.Како партија која се залага за промена на начинот на водење на политика познат досега во нашата земја, ќе се погрижиме нашиот кандидат да понуди реална програма со проекти, коишто ќе бидат во интерес на oхриѓани. Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги....
Post Views: 6
Општина Охрид и „Стелар Солушнс“ овој петок ќе го претстават пред јавноста проектот „Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)“, финансиран од Европската унија.
Проектот е насочен на рехабилитација на областа на бившите касарни и нејзина трансформација во технолошка и рекреативна зона. Настанот ќе се фокусира на претставување на планот за скорешното воспоставување на стартап центар, наречен Касарна Хаб, во објект во бившата касарна во Охрид.
Специјален гостин на настанот ќе биде Ира Саул Рубенстеин, инвестициски консултант во...
Post Views: 9
На 20.03.2019 година, на целото подрачје на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници.
Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Таму, констаирани биле вкупно 8 неисправности (Охрид-6 и Кичево-2 од кои, еден неисправен уред за запирање). При акциските контроли,...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено криивчно дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(38) од Охрид.
При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три кеси со марихуана – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Даунов синдром – Трисомија 21 е хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун. Подоцна ова генетско хромозомско пореметување е наречено Даунов синдром, а негова причина се одредени грешки во клеточната делба пред оплодувањето.
Со повеќе активности во земјава денеска ќе се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром – 21 Март. На настанот по повод Светскиот ден на Даунов синдром во Кинотека ќе биде претставен документарниот филм за снимањето на музичкиот видео запис за новата песна...
Post Views: 9
Проектот „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ … “ во режија на Ѓорѓи Ризески е независен проект, во продукција на „ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА“ – Скопје и истиот веќе трета сезона се изведува пред преполни салони на сцената на „ТЕАТАР КОМЕДИЈА“. Претставата досега има над 50 изведби, во Тетар Комедија и низ градовите во републиката.
– Џота и Кети се ликовите кои се пријавени да учествуваат во оваа реално шоу „ОСАКАТЕНИ ДУШИ“ и двајцата со пододминат лимит на години за мажење/женење, и двајцата со различни животни стории кои оставиле болни траги врз нивните животи.
…Тој,...